Фан клуб - РК Вардар

На Гоце му помина веќе времето,многу му падна формата последниве години,веќе 33 години има,нема што да бара во Вардар нека си оди во Металург и нека ја заврши кариерата таму.
Ние треба да се насочиме кон некое помладо крило,околу 20-21 година што може да напредува кај нас,па за некоја година да го замени Чупиќ.

Еве денеска прочитав на Алекса Кљаич од Металопластика му завршил договор и ќе бара нов клуб,супер би дошол во Вардар,младо експлозивно крило кое може да напредува,за плата сигурно нема да бара голема,дури и помала од на Гоце ќе биде.
Штета што Костески не сака да дојде,незнам што му е филмот,ама сепак негова е одлуката,нека прави што сака.

Општо за сите позиции во иднина треба да носиме млади играчи кои во иднина би станале нешто,многу таленти има од балканов што може да се донесат за мали пари,треба само добар скаутинг да се направи.
Нема потреба да се потпишуваат играчи од типот на Борко,Гоце итн.
Без разлика дали се Македонци или странци.
 
Гоце доаѓа, затоа уствари не доаѓа Костески.
 
И Костески да дојдеше, пак ќе бараа некое поискусно крило. Немаше да остават со него како втора опција. Гоце е слаб и не е више за јака екипа. Ама некако очекувам да потпише.
 
Не се знае каков буџет имаат уште мора да средат некој работи итн али имаа алтернативи подобри секако од Гоце поубо овој Попски да го вратеа или пак Абало да го земаа и онака ликов во Елверум потпиша :icon_lol:
 
Вчера нашите "новинари" објавија изјава на Крис,во врска со Самсоненко,и долгот.Без да наведат извор,или ресурс од каде е превземена изјавата!
Она е превземена од едно пообширно интервју на Крис,каде што раскажува за времето поминато во Вардар.
За влијанието,врз неговиот развој,врз неговата игра,за Раул,за Парондо.
Вика: Пред да дојдам во Вардар,бев уверен дека знам многу.Но во Вардар сфатив дека треба имам уште многу за учење.
Вреди да се прочита!Google Translate на помош.
https://handballfast.com/news/dayni...ozvonit_iz_parizha_etogo_zvonka_ya_zhdal_god/
и бонус https://m.handballfast.com/news/metamorfozy_v_skope_kuda_povedet_klub_mikhaylo_mikhaylovski/
 
Последно уредено:
Има вистина во ова?

Не знае никој од тука. Пеашав јас пред 2 страни.
Автоматски споено мислење:

Вчера нашите "новинари" објавија изјава на Крис,во врска со Самсоненко,и долгот.Без да наведат извор,или ресурс од каде е превземена изјавата!
Она е превземена од едно пообширно интервју на Крис,каде што раскажува за времето поминато во Вардар.
За влијанието,врз неговиот развој,врз неговата игра,за Раул,за Парондо.
Вика: Пред да дојдам во Вардар,бев уверен дека знам многу.Но во Вардар сфатив дека треба имам уште многу за учење.
Вреди да се прочита!Google Translate на помош.
https://handballfast.com/news/dayni...ozvonit_iz_parizha_etogo_zvonka_ya_zhdal_god/
и бонус https://m.handballfast.com/news/metamorfozy_v_skope_kuda_povedet_klub_mikhaylo_mikhaylovski/

И на вести го кажаа истото.
 
Едниот два месеци се ценкаше,за две евра,друг нејќел да дели минутажа со Чупич, абе мрш таму џукели едни.Што се однесува на мене,ниту еден, освен оние од нашата школа,македонски играч не треба да игра во Вардар.

Не е во ред ова што го пишувате, сами си измислувате шпекулации што ви се вклопуваат во посакуваниот наратив. Во текстот ама баш никаде не пишува дека Костески не сакал да дели минутажа со Чупич.

И после се чудите зошто некои ве обвинуваат дека имате анти-македонски ставови во однос на играчите.

Не знам каков е статусот со овој трансфер, ама не знаете и вие, нема потреба од ваков тип на напади кои после тоа создаваат бесмислена долгорочна омраза.

Што се однесува до Костески, за него најважно е да има квалитетна минутажа против јаки екипи. Ќе беше добро да е тоа во Вардар, како второ крило зад Чупиќ мислам ќе имаше солидна минутажа (освен ако бил планиран како трето крило, тоа никако не смее да го прифати). Во Пелистер исто така, ако не лета никој од Радовиќ/Ѓукиќ би било подеднаква грешка да оди, трето крило не смее да биде во било која екипа во овој дел од неговата кариера. Стартер е оптимално, но и 2 опција, во екипа од рангот на Вардар кој има поголем број на квалитетни натпревари во сезоната е добро решение.
 
Јас мислам дека добар дел од натпреварите, Чупиќ може ќе игра и како десен бек. Сигурно ќе добиеше шанса Костески ако дојдеше во Вардар, во случај да не планираат некое друго десно крило. Ако требало да биде трета опција, тогаш оправдан е потегот да не потпише.
 
знам каков е статусот со овој трансфер, ама не знаете и вие
знаеме.И тоа што татко му ургирал кај Стевче,и барал загарантирана минутажа,и тоа знаеме.Така да ОК,е.

да не планираат некое друго десно крило
се чека на Гоце,и со еден странец се преговара
 
Последно уредено:
На 13ти мај ова го пишав!
Од желба за преговори до реални преговори има голема разлика.А желбите,и реалноста увек се две различни ствари.

Каков Алилович у Еурофарм,кур се тресе у ладна вода
 

:vozbud:

Офф топик ( само овој коментар) Искрено, не верував дека ќе одбие таква понуда. Ипак понуда од Еурофарм не се добива секој ден.
 
Офф топик ( само овој коментар) Искрено, не верував дека ќе одбие таква понуда. Ипак понуда од Еурофарм не се добива секој ден.
колони возила се движат во правец на Битолскиот аеродром,да го пречекаат Алилович
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom