Android корисници (проблеми, прашања, совети)

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Со новиот андроид 10, многу брзо ми се цеди батеријата, можда дупло повеќе. Имам Самсунг А50. Има ли некој со слично искуство?
 
Со новиот андроид 10, многу брзо ми се цеди батеријата, можда дупло повеќе. Имам Самсунг А50. Има ли некој со слично искуство?
Многу пати со постари Самсунг телефони сум имал искуство да после надграбда да не биди све ОК, но одма после надградбата ако направам ,,хард ресет, со комбинација на копчињата како да си доаѓаат работите на место. незнам зошто така....нема логика , но реално имало разлики. Како да надградбата да не бриши внатре некои работи...

Иначе има 9-ка имам...10-ка сум немал
 
Јас чекам 10ка за Ј6ка. Сега ме замисли... Дали да инсталирам ко ќе стигни надградбата.
 
Јас со душа чекам за A50 Android 10, само Samsung малце, а и Телеком се влечкаат.
Ваљда асален апдејт ќе извадат, барем тоа.
Инаку ти на кој модел си што ти троши толку многу батерија?
Читав другите што го добиле апдејтот, повеќето без проблеми, само неколку со батерија да им се троши брзо.
Сепак препорачливо е после секој апдејт да си направиш бекап, тоест пред да го симнеш, ама еве ти си апдејтирал, да си ги зачуваш податоците (бекап, или на друг начин), и да му опнеш формат.
Така јас после секој нов Android апдејт му праев на J7 - 2016 и си работи одлично, еве го сега брат - ми го користи, му сменив батерија оти после 3 години се деградираше и можам да кажам дури дека и од iPhone X вади подобар SoT.
Обично така, значи бекап, чистење на кеш дата на целиот систем ( преку recovery) и после format, и како нов ќе ти биде телефонот.
Да не те чуди, после секој голем апдејт ќе имаат доста bugfixes, за да го доиспеглаат новиот Android.
Така работат Samsung за жал...
Автоматски споено мислење:

И пред да симнете гледајте ривјуа, читајте прво дали другите успешно го симнале.
Еве некои корисници со A70 пријавиле проблеми дека при апдејт нејќел да им се уклучил телефонот у опште
(им се брикнал), ама за среќа само на неколку, и од Samsung одма го повлекоа апдејтот.
Другарче на Mi A2 Lite си симна Android 10, и кога читам на интернет 90% што апдејтирале им се брикнале телефоните, и јас одма му пишав ама он веќе симнал успешно.
Затоа секогаш се проверува пред апдејт, се чека неколку дена ( ако е проблематичен апдејтот Samsung ќе го тргнат одма) , и од кога апдејтот ќе биде безбеден за симнување, се симнува на 60%+ батерија, и после тоа горонаведеното што го пишав јас.
Ова нека биде златно правило, за сите што апдејтирате.
Грешките неможе да се предвидат, ни самите производители неможе да ги предвидат, дури и после многу тестирања.
Ова и за Ајфони исто важи. Сум слушал случаеви кога при апдејт на iOS им се брикнувало исто така, ама оти Ајфон нема ни Recovery, па морале директно на сервис.
Знам и решение ако се деси такво нешто, специфично за Samsung телефони, како да си вратите постар софтвер ако поновиот не ви се свиѓа, или немора да е софтвер туку и security patch. Ама со тој процес се бришат податоците, и мора да се одбере соодведниот модел, и соодветната држава за да не настанат проблеми.
За ова можам и тема да направам, i guess.
 
Последно уредено:
Вака едно глупо прашање.
Ме интересира дали на андроид уредите треба да се прифаќа Send diagnostic data во делот на Privacy и дали воопшто служи за нешто.
Случајно гледав на јутуб рецензии за новите самсунг телефони
па никој ова не го прифаќа.
Па ме заинтересира за што служи и дали има некоја корист од него во пракса?
 
Денес ми стигна апдејт за Андроид 10 на Самсунг Ј6. Има некој инсталирано досега? Искуства?
 
Денес ми стигна апдејт за Андроид 10 на Самсунг Ј6. Има некој инсталирано досега? Искуства?
Јас на A50 имам и реално сум задоволен. Си има позитивни промени, и тоа доста а има и неколку негативни.
За сега, за батеријата барем јас не гледам драстични подобрувања, можам да кажам малце подобрено, и ништо посебно околу тоа. За камерата исто.
Другото си е скоро исто со Android 9. Дури и по лесен е за користење со 1 рака.
Сега црната тема е насекаде, поддржана од повеќе апликации. Анимациите кога отвараш апликации се по мазни, и тоа придонесува при по мазно работење и искуство со самиот уред.
Новите gestures се исто така добри, сега треба навикнување, не се за секого, можеби ти ги користиш обичните (со трите копчиња доле).
Си има и опција самото да ти менува позадини ако сакаш, имаш сега и вграден снимач на екран, кој за првпат (фала Google и Samsung ) може да снима внатрешен звук освен надворешен.
На Wi-Fi мрежи што си се конектирал можеш да ги споделуваш со QR код. На сите ни се има десено, идеш у кафана или на гости кај некој тебе ти кажуваат лозинка од Wi-Fi, следна пат идеш со другар, а он не ја знае лозинката. Тебе срам ти е да прашаш, или не се сеќаваш а неможеш да прашаш. Вадиш тоа Wi-Fi мрежата и преку скенирање на QR кодот други уреди можат да се поврзат без пишување на Wi-Fi Password. Доста корисна опција.
Да не објаснувам многу, има во опции > tips and manual (ќе видиш икона со сијалица). Ќе си прочиташ таму се си е објаснето.
Слободно можеш да симнеш, но пред да симнеш имај си не помалце од 60% батерија на самиот уред, и направи си бекап на податоците.
За негативните промени, ја имаат тргнато опцијата позадината да може да се врти со помош на gyroscope сензорот, и неколку други ситници кои што за некои може и да не претставуваат проблем.
Се на се јас сум задоволен.
Автоматски споено мислење:

Вака едно глупо прашање.
Ме интересира дали на андроид уредите треба да се прифаќа Send diagnostic data во делот на Privacy и дали воопшто служи за нешто.
Случајно гледав на јутуб рецензии за новите самсунг телефони
па никој ова не го прифаќа.
Па ме заинтересира за што служи и дали има некоја корист од него во пракса?
Ако ти се појави некоја грешка, на пр. ти крешнува игра, уредот ти се загрева, ти се гаси без причина, итн...
Тоа е од самиот производител да знаат точно што и како ако дојде до случај до грешка на некоја апликација полесно да го идентификуваат проблемот и во наредниот апдејт да го средат. Не е ова само за апликации и игри, туку и за самиот Андроид систем.
Не дека ние Македонците сме нешто посебни, па да не пратат Американците, Русите, Кинезите па еве и Корејците. Сваќам милиони да имавме ама не. Мразам луѓе што си ги покриваат камерите на нивните уреди. Ајде да не почнувам, оти има многу глупости.
За тоа не треба да се грижиш, опција е за причина. Ти ако нејќеш можеш да си ја исклучиш, и нема да ти прибираат никакви податоци ако се јави некаква грешка.
 
Го апдејтовав. Одличен е засега иако нема некои драстични промени какп што имаше од 8 на 9.
 
Предложете некоја апликација за андроид која ќе може од компјутер да споделувам филмови на андроид тв.
 
Предложете некоја апликација за андроид која ќе може од компјутер да споделувам филмови на андроид тв.
Мислиш да ги прикажуваш?
Пробај со USB, приклучи го во Телевизор пробај така, чим е Android TV ваљда ќе можеш да префрлиш.
Било која апликација за споделување, ти пак ќе мора на телевизорот да го симнеш филмот, дали ќе го споделиш преку google drive, или некоја друга апликација сеедно. Филмот ќе мора тебе да ти биде симнат па да го споделуваш.
Друга опција ако нејќеш да го споделиш е да го прикажеш во реално време (cast, project, share screen, итн...), ама за тоа ќе треба филмот на компјутер да ти биде пуштен.

Јас така едно време правев, кога го користев стариот компјутер пред да му го извадам SSD - то, имам еден 5m HDMI кабел, и оти и компјутерот е у дневна, си го поврзав така и си гледав филмови, оти мојов не е смарт телевизор.
Сега кога имам Android IPTV, не се замарам. Што ќе најдам на Јутуб, по Интернет, Popcorn Time, или ако сакам баш онака со точен превод и повеќе опции на USB и директива префрлување, и после не му ја мислам.
 
Дечки, имате проблем со најновата верзија на Хром? Конкретно, не ми вчитува страници. Не се појавува ништо, ни error, ни дека не можи да се вчита страницата, ништо. Само така бело си стои откако ќе ја впишиш адресата.
 
Дали ќе може сите слики од мобилен да ги префрлам сите на компјутер oд веб страната Google photos? Не знам како да ги селектирам сите слики на Google photos преку компјутер. Ако знае некој како се прави сето тоа нека пише.

Мобилниот не може нешто да го најде со usb кабел на лаптопот па сакам вака да ги префрлам сликите.
 
Дали ќе може сите слики од мобилен да ги префрлам сите на компјутер oд веб страната Google photos? Не знам како да ги селектирам сите слики на Google photos преку компјутер. Ако знае некој како се прави сето тоа нека пише.

Мобилниот не може нешто да го најде со usb кабел на лаптопот па сакам вака да ги префрлам сликите.

https://www.theverge.com/2019/6/4/18642976/android-101-how-to-download-share-google-photos-album


Со тоа што имај на ум дека Гугл ги компресира сликите (провери колку mb ти е некоја слика на телефон и на cloud) што значи тие од телефон ти се со подобар квалитет така да најпаметно е да направиш back up од телефон. Toa што не ти го чита телефонот не знам точно зошто е но мислам дека требаше да штиклираш некаде во опции USB debugging и да одбереш file transfer. Изгуглај Android phone not recognized. Сликите ти се најверојатно во DCIM фолдер
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom