Малолетни пушачи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Kiro Hametovski
  • Време на започнување Време на започнување
Самободрење за неизвршување на убиства, во периодот на откажување. Морална поддршка и набавување на дивидиња со кампањи за борба против пушење и нивно гледање шеес пати дневно. Набавка на 200 грама сончоглед за секој ден, за кризни периоди. Ако имаш остали идеи, што да правиме додека го оставаме ѓубрето, набаци!:back:
 
Помладиот ми брат кога беше помал велеше „ Мамо ај доста веќе со цигарето, трошиш и здравје и пари“, а на 16 години постана пушач.....
Што се однесува на мене, од чадот ми се многу лоши, а другарка ми има алергија од цигари така да не сум во друштво на пушачи, а и нема да бидам.....
 
Јас што мислам

Најдобриот и најуспешниот начин да се одвикнете од зависностите е кога ќе си кажете ENOUGH IS ENOUGH , и уште денес нема да пушам, утредента уште денес и така секој ден!!

Си легнувате и од утре станувате друг човек!

Инаку редуцирање, и сл...е многу опасно за повторно навраќање на порокот.
 
шо има врска кој какви пуши..секој по својот вкус...тие шо не се зависници и шо пушат ради пуфкање за таквите можи да се речи дека се прават нешто со таквите марки на цигари ама купуваат само за викенд цигари ко ке излезат...а за тие шо пушат нонстоп тое нивна одлука сепак то му одговара на него....



Не си ме разбрал добро јас ги наведов тие брендови поради тоа што повеке од тие малолетници ги купуваат за да се прават зафркнати (заебани)а јас лично познавам мн. такви личности... а познавам и такви личности што навистина пушат редовно и користат такви цигари па дури и повтини и не им замерувам....:toe:
 
Малолетна сум, и свесна сум што и како се дешава, и пушам цигари, и не се ни трудам да се освестувам и просветлувам, и јебига.
Претходно земав директно од оџакот на Топилница, па кога ја затворија, мораше да се бара чаре. :icon_lol:
Кога ќе ме удри еколошкиот филм (го осеќам иде), ќе престанам.
Ама како возрасна ќе пушам пак, сигурна сум, можам да се замислам.
 
Пред некој ден одам така низ град и кој ќе видам дете од 4-5 одделение пуши цигара.:tapp:

Што стана со светов бре луѓеее, и бебињава ќе почнат да се дрогираат уште малку ..:pos:
 
Абе џабе е, колку и да им викаш не, деца се, сакаат да пробаат
 
Секој втор малолетник денес пуши.. Кој од што е стварно пушач, кој од што сака да го видат другарчињата али у глобала излези у кафич негде па тешко некој под 18 да видиш без цигара.. Не прај разлика кај нас тоа со годините ама ич..
И ја пушам и тоа доста одамна и убаво ми е и не ги одкажувам! :pipi:
 
Ја почнав да пушам цигари од крај на осмо одделение.Некако во тој период во такво друштво бев а и бев многу љубопитен .Се обидував два-три пати да ги откажам ама не успеав:jaj:,
 
ЛУЃЕЕЕЕЕ не пушете колена ке ве болат.
Иначе јас не пушам
 
јас не пушам 4 месеци
душава ми плаче за цигар, ама збор си е збор
 
Има еден кај нас во населба, пуши од трето одделение. :nenene:
 
Хехе ни активно пушам,ни пасивно, ни сум опкружен со цигари ... ги падам моите од дома кога пушат ... и плус ми штети за спортот
 
Цело друштво ми се пушачи и тоа на некој начин ми смета...постојано си опколен со дим тоа те гуши и нервира...ти нудат цигари од сите страни а ти не сакаш да се труеш! Многу ми сметаат цигарите и иако сум многу љубопитна личност до сега не сум посегнала по цигара :toe: немам ништо интересно во пушењето освен тоа што се труеш себе,си уништуваш бели дробови,мирисаш цел,заби уништуваш и што уште не..Најискрено сум голем противник на пушењето!
 
Цело друштво ми се пушачи и тоа на некој начин ми смета...постојано си опколен со дим тоа те гуши и нервира...ти нудат цигари од сите страни а ти не сакаш да се труеш! Многу ми сметаат цигарите и иако сум многу љубопитна личност до сега не сум посегнала по цигара :toe: немам ништо интересно во пушењето освен тоа што се труеш себе,си уништуваш бели дробови,мирисаш цел,заби уништуваш и што уште не..Најискрено сум голем противник на пушењето!

Гуд фор ју

Почни да пушиш , најтешко ќе се откажеш од таква љубов .. не им е лесно на пушачите, еве и сликички ставија , ко божем некој незнае или ќе престане да пуши.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom