Сител телевизија

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147
Го има објавено името на новиот квиз на Сител, квизот ќе се вика листа за триста, и маскимална сума која може да се освои е 300.000 денари, што и не е малку.

Еве линк https://sitel.com.mk/lista-za-300
на линкот има и правила и процедури на квизот. Пишува наскоро почнува емитување, веројатно во текот на овој месец ќе биде почетокот.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.677
Поени од реакции
8.109
Латас си дал оставка од главен одговорен уредник и на таа работна позиција сега е Ристо Самарџиев додека пак главен уредник на информативната е Цаци.
 
Ф

Флеш

Гостин
Латас си дал оставка од главен одговорен уредник и на таа работна позиција сега е Ристо Самарџиев додека пак главен уредник на информативната е Цаци.
Супер е што Ристо Самарџиев се враќа како главен уредник ....Ќе ја живне телевизијата.Благодарејќи на него,порано Сител беше богата со разни емисии од разни области ....Латас беше тапа.
 
Последно уредено:
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Не признавам ништо додека не ги отстранат турските серии од телевизијава.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.677
Поени од реакции
8.109
Супер е што Ристо Самарџиев се враќа како главен уредник ....Ќе ја живне телевизијата.Благодарејќи на него,порано Сител беше богата со разни емисии од разни области ....Латас беше тапа.
Мислам дека он беше и уредник на тие детските емисии Сител Бамбини и други на кој имиња не ми текнува.
 
Ф

Флеш

Гостин
Мислам дека он беше и уредник на тие детските емисии Сител Бамбини и други на кој имиња не ми текнува.
Кога Господ бирал човек/луѓе да го дарува со талент и креативност,еден од нив е Ристо Самарџиев.Човекот одамна требаше многу голема функција да му се даде.Прекрасен човек и карактер е .Радосен сум,што нема веќе во позадина да биде.Човекот беше заборавен целосно.Со стапување на прв човек,очекувам голема промена во програмата.Повеќе забавни,детски,филмски емисии ,квизови. Сигурен сум дека ќе ги намали Турците и повеќе ќе ги воведе Западниве работи. Се надевам ќе има и некое Аниме :love:
 
Тешко тоа дека ќе ги намали таквите серии.
За жал реалноста е дека тие серии имаат голем рејтинг на гледаност, во тој прајм тајм после централниот дневник од 19 часот па до 23 часот, и вести и политички емисии немаат толку голем рејтинг, не ми се допаѓа што е така голема гледаноста на тие серии но тоа е реалноста.
Дури и во бомбите му беше сугерирано на Латас да емитува порано вести вечерни од терминот од 23 , но самиот Латас кажа дека сериите имаат висока гледаност.

Има официјална информација, новиот квиз 300 за листа започнува овој викенд и ќе се емитува во Сабота и Недела од 18 часот, очекуван термин за квизот, кога веќе со години е зафатен терминот од 19:45 до 23:00.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.677
Поени од реакции
8.109
Има официјална информација, новиот квиз 300 за листа започнува овој викенд и ќе се емитува во Сабота и Недела од 18 часот, очекуван термин за квизот, кога веќе со години е зафатен терминот од 19:45 до 23:00.
18 часот е истиот термин кога и Лила го има Се или Нешто од понеделник до петок. Можеби им е и сигурен тој термин за гледаност.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.617
Поени од реакции
769
Кога Господ бирал човек/луѓе да го дарува со талент и креативност,еден од нив е Ристо Самарџиев.Човекот одамна требаше многу голема функција да му се даде.Прекрасен човек и карактер е .Радосен сум,што нема веќе во позадина да биде.Човекот беше заборавен целосно.Со стапување на прв човек,очекувам голема промена во програмата.Повеќе забавни,детски,филмски емисии ,квизови. Сигурен сум дека ќе ги намали Турците и повеќе ќе ги воведе Западниве работи. Се надевам ќе има и некое Аниме :love:
А мислиме дека Ристо ќе биде првиот човек или само во позадина повторно Латас ќе ја води информативната програма на Сител?
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147
Овие од Сител кога веќе репризираат емисии од Се или нешто треба да ги пуштат репризно емисиите од Се или нешто од првата сезона, кога шоуто се емитуваше само во Недела навечер од 21 часот, во термин кога имаше спорт.
Малку се на број тие емисии, 30-тина емисии се.

Ама тешко дека ќе ги пуштат, од причина што тогаш имаше покрај милион и 500.000 сума во игра, имаше и 50.000.
А и Лила е против такво нешто, со пуштање на емисии снимени пред 9 години сите ќе видат дека колку и да се труди таа пластичната сепак не може против стареењето.

Ќе најдат изговор дека ги немаат во архива тие емисии од пред 9 години, иако како што пишав погоре се знаат двете причини зошто не ја репризираат првата сезона.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
721
Поени од реакции
607
Незнам на која тема напишав (одамна беше) дека македонските телевизии толку многу емитуваат српски емисии што фали уште да ги емитуваат нивните вести и временска прогноза. Па народе на чекор сме до тоа.
Во вестите на Шител ТВ почнале да се појавуваат српски репортери :pov:
Секако, Агенцијата за медиуми нема да реагира. Они веќе не прават разлика меѓу македонски и српски!

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.677
Поени од реакции
8.109
Нема зошто да реагира АВМУ кога најверојатно си имаат соработка со Prva од Србија за да им праќа прилози за вести од Србија. Ете и превод има.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
721
Поени од реакции
607
Нема зошто да реагира АВМУ кога најверојатно си имаат соработка со Prva од Србија за да им праќа прилози за вести од Србија. Ете и превод има.
Таков вид соработка не смее да имаат. Ајде тогаш нека емитуваат наши прилози на нивни вести. Нема шанси такво нешто да направат. Ниту една телевизија во светот такво нешто не би направила. Може во исклучителни (вонредни) ситуации наше новинарче што збори лош српски да им направи специјално прилог или обратно, но само во исклучителни ситуации.
И за крај, репортеров ништо посебно не кажува. Истово ова може некое наше новинарче да го каже.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Таков вид соработка не смее да имаат. Ајде тогаш нека емитуваат наши прилози на нивни вести. Нема шанси такво нешто да направат. Ниту една телевизија во светот такво нешто не би направила. Може во исклучителни (вонредни) ситуации наше новинарче што збори лош српски да им направи специјално прилог или обратно, но само во исклучителни ситуации.
И за крај, репортеров ништо посебно не кажува. Истово ова може некое наше новинарче да го каже.
А зошто да не смее да имаат ?
Каде е забрането такво нешто ?
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
721
Поени од реакции
607
А зошто да не смее да имаат ?
Каде е забрането такво нешто ?
Офф... Секаде. Можеби не со правилник на телевизијата или некаков си закон за медиумите, но телевизиите тоа не го прават.
Телевизиите секогаш вестите ги емитуваат на јазикот на кој што ги емитуваат. Презентерот и новинарот секогаш зборуваат на јазикот на телевизијата. Ако некој новинар знае повеќе јазици може да известува за телевизии од различни земји. Но, неможе во случајов телевизијата која емитува програма на македонски јазик во своите вести да пушта прилог на друг јазик направен за друга телевизија. Тоа е знак за непрофесионализам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom