- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.703
- Поени од реакции
- 33.339
За тие на кои им треба дополнително објаснување: ситком, или комедија на ситуации е поджанр на комедијата кој се карактеризира со следење на одредена група на ликови кои се ставени во разни комични ситуации. Конкретно за ситком сериите, постојат уште неколку параметри кои ги дефинираат како такви: кратки епизоди, најчесто снимени комплетно во студио, дури и сцените во кои ликовите се прикажани надвор, на отворено, често се придружени со laugh track, односно со смеа од публика во позадина, монтирана врз лентата со главното дејство, но, честопати и со жива публика во студиото во кое се снима, чија смеа е исто така снимена, заедно со главното дејство. Но, не мора да значи дека мора да има laugh track за да биде ситком. Понатаму: ситкомот може контрастно да се спореди со два други вида на комедија - скеч-комедија (пример како К15 на времето кај нас) и стенд-ап комедија, за што не мора подетално да образложувам, што е, верувам сите знаете. Ситкомот како поджанр потекнува од радиото, но денес доминантната негова форма е телевизијата.
Постојат многу полемики околу тоа што е, а што не е ситком. Многу од класичните американски комични серии денес се сметаат од страна на некои критичари за dramedy, друг поджанр на комедијата, а од други, за ситкоми. Исто така, честопати се полемизира дали анимираните комедии од типот на South Park, The Simpsons и Family Guy се ситкоми или не.
Во САД, за прв телевизиски ситком, се смета серијата Mary Key and Johnny, емитувана на DuMont, CBS и NBC во периодот 1947-1950. Не би сакал да продолжам со историјата на ситкомите и да почнам да ги набројувам најпопуларните, зашто тоа ќе го оставам на вас!
Знаете дека во изминативе неколку месеци на подфорумов за Филм и ТВ одржавме еден избор за најдобра серија на сите времиња. Истиот заврши вчера, со победа на Breaking Bad, над Lost, во финалето. Од тој избор, на барање на членовите на форумов, ги исклучивме ситкомите. Затоа, од денес, еве, почнуваме со нов избор, за најдобар ситком на сите времиња.
___________________________________________________________________________________________________
Најпрво, да разграничиме: од објективни причини (никој од нас ги нема гледано сите серии на овој свет за да знае дали некоја која некој од вас ја гледал е ситком, или не) за ситком ќе се смета секоја серија, БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ Е LIVE ACTION, АНИМИРАНА, или било која друга можна форма, кај која во описот на жанрот на IMDB СТОИ: КОМЕДИЈА, И ЕПИЗОДИТЕ НЕ СЕ ПОДОЛГИ ОД 30 МИНУТИ. Значи, било која комедија со епизоди подолги од 30 минути, не може да влезе во игра!
А сега правилата, кои ќе останат истите од претходниот избор:
И, МНОГУ ВАЖНО!!! Воведувам едно ново правило, и за подоцна, кога ќе се гласа, но и за сега:1. Секој член на Кајгана кој сака да учествува ќе треба да постира листа со неговите најомилени ДЕСЕТ серии на сите времиња, подредени по редослед од најомилената кон најмалку омилената (или со поени, по Евровизиски принцип: 12, 10, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2, 1)
2. Тalk-шоуата, reality програмите, натпреварувачките шоуа, скеч и stand-up комедиите ќе бидат исклучени од игра.
3. Секој член, освен својот топ 10, ќе има право да напише уште максимум 10 други, бонус серии, кои во нашиот ранкинг ќе добијат сите по 0.5 бодови. И да се 2 серии, ќе добијат по 0.5 бодови секоја, и да се 10, пак ќе добијат по 0.5 бодови секоја. Ова не е задолжително. Значи оние кои не сакаат, не мора да пишуваат бонус серии, доволни се тие горе, од точката 1, ТОП 10. Но, ако во таа топ 10 фали 1 серија, или повеќе, тогаш гласот ќе се смета за неважечки.
4. Предложувањето ќе трае 3 дена, од денес, 22.05.2020, до понеделник, 25.05.2020, 19:00
5. Откако ќе ги сумираме гласовите, ќе добиеме листа на серии во која највисоко пласираните ќе се натпреваруваат подоцна во дуелите.
6. Доколку на листата има повеќе од 100 серии, тогаш првите 64 ќе одат во дуелите, а останатите ќе бидат рангирани од 65 до 100 место според бројот на гласови кој го освоиле при вашето предложување.
7. Доколку на листата има помеѓу 51 и 100 серии, тогаш првите 32 ќе одат во дуелите, а останатите ќе бидат рангирани од 33 до 50 место според бројот на гласови кој го освоиле при вашето предложување.
8. Во првиот круг дуели ќе се натпреваруваат сериите кои на листата се пласирале од 1 до 64 место (ова, нормално, не важи доколку има помалце од 100 серии предложени, како што вели точката 8). Дуелите ќе бидат составени така што серијата бр.1 ќе биде во дуел со серијата 64, 2 со 63, 3 со 62 итн. Секој член ќе може да гласа за една од сериите, во коментар во темава. Победник ќе биде онаа серија за која гласале повеќе членови. Потоа победниците во дуелите одат во следен круг, поразените 32 серии ќе бидат рангирани од 33 до 64 место според вкупниот број гласови кој го освоиле до тогаш. Истиот принцип продолжува натаму се до изборот на првото место.
Нема да образложувам детално за оваа точка. Толку за неа. Веројатно сите сте доволно интелигентни и ќе сфатите.9. Од игра се исклучени сите членови на Кајгана форум со помалку од 100 мислења и/или 100 допаѓања, и сите членови на Кајгана форум кои немаат напишано мислење на форумот во мај 2020, во било која тема, во било кој подфорум.
Сега, да почнеме со вашите предлози. Имате 3 дена да постирате минимум 10, а максимум 20 наслови на ситкоми од кои првите 10 ќе бидат рангирани од прво до десетто место.
Ви посакувам пријатна забава!