Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Абе нема ништо чудно, вака ќе биди цело време, мора да се работи нели, ќе умриме од глад...
Абе нема ништо чудно, вака ќе биди цело време, мора да се работи нели, ќе умриме од глад
===========================
E taka.... sto pati do sega [isavte daj neka se otvorat kafici,kladionici....luge nema sto da jadat...ja majkata,
pa mora li samo da cekaat od taa rabota LEB, sto ne fatat nesto drugo dodeka tamu e zatvoreno (ili jas da im odnesam doma LEB)
i mislam deka nikoj nema da umre ovde za LEB... a do leb moze da se dojde i na drug nacin... ama ne so mrza.
Eve i vremevo se pogodi,trk sabajle na koj mu treba pari za LEB,neka sobira polzavi,edno kilo 30-40 den. ( 10 kila...? i ete ti i za pecena kokoska)
Ima i uste polesno. Toa se vika Lozov list. Skini 10 lista,toa e 1 minuta i toa e 20 denari ete ti LEB za site ( 100 lista...? ete ti i za zamrznata kokoska)
Da ne gi otkrivam site tajni od ednas, mnogu pari se toa,kako ke gi potrosite,no ima i uste nacini kako da se dojde do pari i LEB.
 
Ова е неточно, во Охрид има 6 заразени кои не биле на литија. Во Струга има двајца кои според информациите се од села со верници муслимани.
Манчевски ова го изјави на гостување во телевизија 24 вести.
 
Тоа што го кажал Манчески е неточно, и објаснив зошто.
Сега дојдовме да не веруваме на министри кои јавно изјавуваат на тв а треба да веруваме на пар ликови од форумов, нема везе.
 
Уште не е откриен нултиот заразен во Охрид од кој се создаде кластер(полицајци и војници), се претпоставува дека е некој кој бил во задолжителен карантин по пристигнување од странство и престојувал во еден од објектите за карантин.
 
Смртноста во Македонија е околу 7.5%. На светско ниво околу 14%. Види ти сега дали е страшно или не.

Страшно е што Македонија има дупло помалку живи луѓе во 65+ категорија (во проценти) отколку да речеме Шведска. Кај нас пола од луѓето не ни стигнуваат старост да умрат
 
Смртноста во Македонија е околу 7.5%. На светско ниво околу 14%. Види ти сега дали е страшно или не.
Да ама ако рачунаш дека има огромен број носители на вирусот без симптоми испаѓа дека смртноста е далеку помала од 7,5%.
 
Во март месец кога температурите беа 15 степени некои "стручњаци" по нашиве телевизии тврдеа дека вирусот ќе исчезне откако времето ќе се затопли и температурите ќе надминат 27 степени целзиусови. Па веќе половина месец наназад температурите дневни беа над тој 27ми целзиусов степен, имаше многу топли сончеви денови со летни температури (јулски) над триесетиот степен и пак бројката на заразени секој ден растеше и сеуште расте, а ете дојдоа тие топли летни температури изминатиов период. Ова значи дека топлото време не го уништува вирусот како што некои тврдеа пред 2-3 месеци и дури и кога температурите ке бидат 35 или 40 степени летово пак ќе си имаме секој ден новозаразени и нови смртни случаи !

Имаше сега тазе студија дека температурите не влијаат на вирусот туку имунитетот на луѓето, кои на лето е подобар, била всушност можна причина на лето да намали. Али тоа не значи изчезнување. И на 50 степени луѓето ако се неодговорни си се шири.
 
Сега дојдовме да не веруваме на министри кои јавно изјавуваат на тв а треба да веруваме на пар ликови од форумов, нема везе.

После се што се има случено во модерниов свет од афери, војни, квази војни, прокси војни, нафта, перење на пари, пријателски и бизнис врски на политичари, следење на линијата на криминалот до владејачките врвови, елити на моќ, до шарлатанство и промена на мислењата за 180 степени од ден на ден (ништо од наведеново не се однесува на Македонија, секако ;) ), да се изјави ова е единствено продукт на индоктринација, затоа после ние сме демек изненадени како грото од луѓето ги земаат податоците за коронава здраво за готово и не размислуваат логички со своја глава, затоа што има некој над нас кој ни мисли добро, нели така...
Или, пак, можеби се работи за користење на Синдромот на варена жаба (Да појаснам, оти некои слабо читаат нешто што не им се сервира. Имено, ако ставиме жива жаба во вода која врие таа ке рипне надвор од неа или барем ќе се обиде да го направи тоа, но ако ја ставиме истата жаба во млака вода и постепено ја загреваме до точка на вриење, таа ќе биде сварена жива, воопшто не обидувајќи се да избега) во светски рамки, служејќи се со корона кризата.
Како инаку би се продало "новото нормално", тоталната (но сеуште постепена) ерозија на социјализацијата, културата, приватноста, освен со наше прифаќање на сето тоа од стравот и паниката кои секојдневно ни се сервираат, а некои од нас (исто така од страв, јас не ги обвинувам луѓето што се плашат, иако некои тука тоа не го сфаќаат) стануваат и продолжена рака на оваа пропаганда.

Убаво кажа еден член погоре, дали годинава досега имаме поголем број на смртни случаи од 2019, 2018 или претходно ? Епа немаме...

Или, дали биле прогласени вакви мерки за време на пандемијата на грип во 1968 година, кога според официјалните податоци, значи да повторам, официјални податоци, умираат 1-4 милиони луѓе на светско ниво (а којзнае колку повеќе недијагностицирани)....
 
Последно уредено:
Смртноста во Македонија е околу 7.5%. На светско ниво околу 14%. Види ти сега дали е страшно или не.
Научи малку и математика да не препишуваш од неписмени, смртноста спрема вкупната популација е п. дим, сега од тој тајфунот во Индија ќе умрат повеќе одколку од короната таму.

Смртноста ја утврдуваат од вкупниот број на регистрирани заразени и регистрирани умрени,
во светот е 6,44%,
кај нас е 5,84%,
во Бразил е 6,46% во последниот период многу се качи бројот на заразени
УКеј 14,36%,
Италија 14,24%
Шпанија близу 10%
Германија 4,62%
во Русија е под 1%,
итн.

По смртност на милион пак сме најјаки во регионот, сметај дека имаме 20-25% помалку насление, па ќе излезе дека имаме над 60 на милион, убедливо највеќе во регионот.
 
Смртноста ја утврдуваат од вкупниот број на регистрирани заразени и регистрирани умрени,
Статива. Само оние случаи за кои има разрешница влагаат во статистика за смртноста. Починатите и оние кои оздравеле. Оние кои што се заразени во моментот не знаеме како ќе завршат, па како такви не се дел од оваа статистика.

Во светот во моментот има 2 387 977 разрешени случаеви на корона од кои 332 299 со смртен исход. Смртност 13.9% .
Во исто време има дополнителни 2 763 264 активни случаеви за кои не знаеме како ќе завршат.

Во Македонија во моментов е 7.5%, во Америка 20%. Конкретно за Њу Јорк ако сакаш, 30%. Шведска е над 40%.

Бројот на починати како дел од вкупната популација е малку покомплицирана категорија бидејќи зависи од повеќе фактори, вклучувајќи ги и демографијата на населението и распространетоста на болеста. Она што е пичкин дим е она второто. Ама па за тоа да се контролира, одредени рестриктивни мерки беа донесени.
 
И многу нормално полицискиот час нема да се почитува викендов
 
Страшно е што Македонија има дупло помалку живи луѓе во 65+ категорија (во проценти) отколку да речеме Шведска. Кај нас пола од луѓето не ни стигнуваат старост да умрат
Поентата која ти е?
 
Нека не брзаат со одлуката за три дневен полициски час,нека одлучат таму негде сабота у дванаес на пладне,да ги нападнат толпа народ Кам и Стокомак пет за дванаес што поголема гужва да се створи.Бре багра неспособна,не треба да си експерт да претпоставиш каков хаос ке предизвикаат поради тоа што чекаат реакции пред да донесат одлука.Како нема комплет цела влада да се заразат,црева да повратат низ уста,племе гнасно да им се сотре
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom