Сите снимки со супа од лилјаци и конзумација од страна на Кинези било снимено на остров Палау, во Индонезија, а потоа се подметнати како кинески. Буквално сите. На островите Палау во Микронезија, лилјаци се јадат стотици години.
Патем, јадење лилјаци во Кина се смета и е културолошки неприфатливо, никој досега не слушнал ниту видел месо од лилјаци како се продава на пазарот во Вухан или во ресторани. Анти-кинеската пропаганда помина убаво и како храна за синофобија и расизмот, може да се види и овде на овој форум но и на сите слободни медиуми во целосен „раскош“.
И за крај, најновите истражувања покажуваат дека инфекцијата не започнала на тој пазар, туку таму се шири масовно, се разбира кога заразено лице го посетило пазарчето во Вухан. Но, сите овие сознанија сето тоа денес веќе не вреди ништо, кај поглема маса на луѓе е веќе креирано мислење дека за сите зла вируси и се што не чини се виновни и одговорни Кинезите. Секој избира во што да верува, слично како и со другите работи.