Еднаш веќе пишував, ќе повторам. Ако некој користи сопствено возило за службени потреби добива(ше) надоместок од 30% од вредноста на 1 литар гориво за километар. Сега мислам дека е 20%.
Ако од Скопје до Струмица има(ше) 170 км, тоа е 340 км во двата правци. По новиот автопат должината е околу 135 км. Ако земеме дека цената на горивото беше 1 евро (а реално, повеќе беше) се добива 340 км * 1 евро * 30% = 100 евра. Ако 22 пати доаѓа во Скопје, тоа се 2,200 евра месечно. Ако 11 месеци се работни, 2,200 * 11 = 24,200 евра/година. За 4 години е околу 100,000 евра. По ново, процентот е 20%, па сумата е околу 66-67,000 евра, но и бензинот беше над 1 евро. Реално, бројот на работни денови е помал... разни празници, отсуства... па оваа цифра е помала. Овде не се влезени износите на патарините кои се околу 2,000+ евра за 4 години за оваа релација.
Не знам зошто се фрла со дрва и камења кога ова се реални суми. А дали некој правел злоупотреби, тоа е друга приказна.