Ако сум премиер или министер за здравство, не би ме болело кур што вирусот уништува. Не може стратегија да се носи на база на стравови, туку на база на бројки.
Првичната реакција би ми била иста како на сите, строги мерки. Flatten the curve беше општоприфатена стратегија. Ама таа стратегија предвидуваше поминување на пик, и природно намалување на бројот на заболени. Јужна Кореја, Германија, Италија, сите во пракса покажаа дека тоа не е точно. Олабавуваш мерки, и пикот се враќа. Што значи предвидувањето дека постои пик што може да се запре е погрешно.
Наредно би ги прашувал докторите дали сме 100% сигурни дека ќе се случи лекот или вакцината? Ако се, тогаш треба предвидување кога, и да продолжи некаква олеснета flatten the curve до тогаш. Ако не се, како што СЗО тврди дека не може со сигурност да се гарантира вакцина, тогаш таа стратегија е тешка глупост.
Наредното што треба да се открие дали тој вирус создава траен имунитет. Ако создава, шведската стратегија на тргање на сите мерки би била најефикасна. Би имало најмногу мртви на краток рок, ама најмалку на долг. Доколку и за трајноста на имунитетот не се сигурни, тогаш не преостанува ништо освен екстензивно инвестирање во медицински капацитети на молење на госпот дека вирусот ќе се прилагоди во некоја поблага форма што не го убива носителот.