Коронавирус (COVID-19)

Член од
24 март 2010
Мислења
15.299
Поени од реакции
26.190
Се слагам дека треба да се олабават мерките ама мое гледање е дека и да ги олабават, ќе се најдат луѓе кои ќе викаат "абе намерно ова, сакате да умреме".
Епа баш таквите луѓе се проблем. Од двете страни на паричката. На едните некој намерно им прави се за да умрат, ако излезат надвор готово е, ќе се распаднат, болни се од милиони видови на рак. Нивниот опозит па ништо не го бие, короната е измислена од Американци/Кинези/Руси (зависи дали ќе прашаш во Србија, САД или на Косово) за да го спречи прогресот на нивните неверојатни земји и се користи како изговор за да се инсталира 5Г со кој ќе им се испржат генијалните мозоци.

За жал, тие две групи наместо да се најтивки, се најбучни во приказнава.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.537
Поени од реакции
2.712
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.

– Скопје 17
– Куманово 9
– Прилеп 12
– Тетово 3
– Струга 12
– Охрид 9
– Гостивар 1
– Кичево 1

Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Досега во земјата се направени вкупно 19241 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373

На само 145 тестови имаме 22 нови заразени што во проценти му доаѓа големо покачување и тоа над 15 проценти па и више.Скопје изгледа пак станува жариште со 13 нови а и Тетово ништо подобро не е со 7 нови.Сега ке биде интересно дали ке дадат нови олабавувања под притисок со оглед дека не идеме на нешто подобро.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Само пример колку е подмукло срањево.

Во Хрватска 10 од последните 13 дена имаа едноцифрени бројки на нови случаи, а најмоногу беа 15 во еден ден. Денес тоа се 36, речиси сите од островот Брач. Еден човек бил во болница за нешто друго, фатил корона таму иако немал симптоми. На посета му дошле 37 луѓе, 22 од нив позитивни на корона. 22 само директ од еден човек, кој зане колку ќе бидат индиректно.

Значи 1 од овие во Струга да има корона си ебало мајката се таму.
Од еден старец што не знаел дека има корона, до вчера 43 заеразени на островот.
1 човек да не знае што ти прави. Сигурно ќе излезат многу нови затоа што деновиве ќе тестираат стотици по цел остров.

Само 1 е доволно целата борба да ја посере затоа што некои таму дибеци сите отишле да го видат на гости.
 
C

CoolIris

Гостин
Висока бројка, спрема бројот на тестирани. До некаде не вади тоа што бројот на оздравени постепено се зголемува. 373 активни случаи не е голема бројка. Имавме и повеќе.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.388
Од еден старец што не знаел дека има корона, до вчера 43 заеразени на островот.
1 човек да не знае што ти прави. Сигурно ќе излезат многу нови затоа што деновиве ќе тестираат стотици по цел остров.

Само 1 е доволно целата борба да ја посере затоа што некои таму дибеци сите отишле да го видат на гости.
Тоа е и логички, од 1 случај дојдовме до тука сегде. Не глеам зашто не би се случило пак тоа коа ќе го укинеш карантинот. Дури и во Јужна кореа се случува истото.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.681
Поени од реакции
18.939
Какви олабавувања на мерки не играјте,нема шанси да попушти владата.
Има пораст на заразени, најмалце уште две недели ќе ја продолжат вондредната состојба.
Или пак да направат како во Шпанија, во одредени региони да ги олабават мерките, кај што е ситуацијата посмирена, ама па ние сме таков народ ќе почнат да се шетаат од градови во градови, макар и за тоа постои решение, затвори ги градовите кои се критични, да смее да се патува само со дозвола.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Не беше намален бројот на ново заболени ради намалениот број на тестови претходните дена ?

Јас мислам дека сега ги тестираат само тие кои имале директен контакт со заболено лице и лица со јаки симптоми.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Тоа е и логички, од 1 случај дојдовме до тука сегде. Не глеам зашто не би се случило пак тоа коа ќе го укинеш карантинот. Дури и во Јужна кореа се случува истото.
Во Гана еден тип заразил 533 во фабриката кај што работел.

Ова е рекорд до сега од 1 пациент. :eek:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не беше намален бројот на ново заболени ради намалениот број на тестови претходните дена ?

Јас мислам дека сега ги тестираат само тие кои имале директен контакт со заболено лице и лица со јаки симптоми.
Неделава ќе почне и скринингот
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Значи, сега имаме чудна ситуација во која со мал број тестирања се доаѓа до помал број новозаболени. Секако дека нема да се прават 500+ тестирања, пошто, нели, сега нема потреба од тоа, посебно не по струшката литиска офанзива и велешкиот случај. Можеби ќе имаме олабавување на мерките, да се релаксира народот малку, да се навикне, уште еден голем верски празник, па можеби избори, а потоа вториот бран, кој всушност не е втор, туку растегната верзија на првиот, кој не ни завршил. Али иде лето и вирусот цркнува на сонце и се' е ок.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.612
Поени од реакции
7.743
1589204463403.png .

Кризни жаришта остануваат Скопје, Прилеп, Тетово, Куманово и Велес.
Струга има уште 4 активни случаи колку и Битола и Гостивар, а Охрид ниту еден.
 
S

ski

Гостин
Знае ли некој дали мапата Covid-19 на тиме мк покажува активни случаи по општини за Скопје или го дава вкупниот број на заразени и оздравени?
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.612
Поени од реакции
7.743
Знае ли некој дали мапата Covid-19 на тиме мк покажува активни случаи по општини за Скопје или го дава вкупниот број на заразени и оздравени?
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.437
Поени од реакции
5.485
Хаха денес на матичниот стоматолог му викам "Д-ре пломбата ми е падната или забот е поткршен, дај најди ми термин кога да го средиме."
Ми вика "Чекај да помине коронава ризично е уште сега, јади на другата страна"


Чекај додека дојде забот за вадење е работава . Корнова може да трае уште 2 години.... и ќе седам сега ја со скршен заб со дупка кај што пола кришка леб може да се смести.
Е така воглавно функционира здраството овај период.

На пријателка и укинаа некаква дерматолошка терапија затоа што не била од животозагозувачка ами од естетстка природа. Ете ја сега на човек не личи, плаче по дома, депресија и суицидни мисли до плафон!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom