Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Наместо да учите од Тендо вие се расправате со него, абре дечкото е цар (без заебанции или сарказам), видете како ја изигра Адинг и учете од него, према постовите си влегол на цца 500 мкд а си искочи на цца 700 мкд, сега на уни е влезен на цца 1600 мкд и во моментот кога ќе престане да ја збори или фали значи излегол од неа (ова не му е прво возење на уни, ја игра од 600-700 мкд кога беше ако не се лажам па искочи на 1200-1300 итн итн)... зборот ми е и адинг и уни му се добро проучени пред да влезе и двете се здрави прави убави, едноставно многу технички исправно ги игра, знае да процени кога е подценето а кога е преценето, не барајте да ви црта човекот како да анализирате и вие.
@TENDO мајсторе свака част за сите анализи што ги споделуваш со нас
Првата голема количина кај UNI ja зедов на 600 денари, вкупно 600 комада.
И ако на некој не му е мака, нека види наназад, тука ја имам објавено анализи со графици и слично, а и тогаш како и денес се чудев како можи во споредба со сите други банки да е толку ефтина.
И во тоа време еден мој пријател што го чита форумов ми велеше: „Што ќе ти е таа акција, таа не е банка, Бугарите вработуваат само жени со кратки сукњи и такви некои работи“...
Ги продадов на некоја цена од 1.800 денари. Во тоа време според фундаменталните показатели беше поскапа од Комерцијална и од другите банки. Прерано слегов од возот, бидејќи подоцна и до 2.400 - 2.500 замина.
Подоцна повторно пак сите банки ми станаа скапи, а UNI почна да носи заработки по 500 денари од година. Па пак фундаментална анализа овој пат уште подлабински, пак цртање на графици, па одлуката пак да се вратам таму не ми беше тешка.

УНИ и ПКБ се убедливо најдобри опции кај нас за на среден и на долг рок.

Бев и на собрание на УНИ каде што во фаца на Коста кој седеше до мене му објаснував што значи Претседател на УО да продаде акции, и подоцна да купи обврнизици и каква порака праќа до останатите акционери. Не сфаќаше. Како што кажав неполн месец после тоа го избркаа, но му дадоа и прилична опремнина што и те како ја намали нето добивката за 2019 година. Овој менаџмент сега е многу подобар и знае што прави. Но треба да се оди на собранија и да се разговара, и да им се даваат конструктивни предлози.

Исто и за кај ПКБ, почнав од тука да ги организирам сите акционери, па тужби, па буџет за судења и од тука и од акционери од Хрватска и Словенија, па расправања со Кутревци по собранија... И така натака. Реално и тоа е дел од целиот инвестициски процес. На тој начин се учат сите членови и закони кои подоцна ќе ти се најдат и за други случаеви. И мора сите заедно тука да придонесиме и да се бориме за што подобро корпоративно управување. Можи и да немате акции од ПКБ, можи и да сте имале па сте ги продале, но успех во тоа судење ќе е многу битно, затоа што ако таа одлука поминеше глатко ќе можете да очекувате верижна реакција на многу други собранија.

Ете јас се радувам што поради реакција на малцински акционери Шпаркасе ја повлече првичната одлука, па реши да докапитализира на дупло повисока цена. Исто и тој случај ако поминеше глатко, ќе имавме проблеми и на многу други места.

П.С. Адинг ми е долгорочна позиција. И нив ги чекам деновиве со годишен извештај. Таа и УНИ се со најголеми шанси за превземање од некоја странска компанија. Таму немам некои нови информации, затоа и не коментирам често.

П.П.С. Сега го читам образложението од ПКБ. Добро срочено и мора да ги пофалиме. За разлика од порано, веќе ова изгледа нормално образложение кое ти дава некоја информација во тековната состојба и со очекувањата до крајот на годината. Како што кажав вака треба да изгледа нормално, но со оглед на нискиот квалитет на соопштенијата на другите компании, може да се смета дека е солидно.

П.П.П.С. Качувајте се на возот, овој пат не планирам да се симнам дури UNI не стигне некоја врдност од 6.000 денари. А ако продолжи вака да работи и да освојува по 1% пазарен удел секоја година, ни тогаш нема да се симнам/
Автоматски споено мислење:

Вчера Verizon имаа годишно собрание. По иницијатива на малцинските акционери се изгласа на собранието дека во иднина ако се соберат малциснки акционери во износ од над 10%, кога сакаат можат да свикаат состанок со менаџментот на компанијата.
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Мора јавно да се каже и да му се оддаде признание на @TENDO затоа што го понесе најголемиот товар при организирањето на активностите на малите акционери во ПКБ. Таму има соберено една исклучително квалитетна екипа луѓе чиишто цели се исклучиво долгорочното успешно работење на компанијата и почитувањето на законите. Мислам дека секој мнозински сопственик би посакал да има такви малцински партнери во бизнисот.

Инаку, сега проверив дека авансното плаќање на данокот на добивка било извршено во првиот квартал, а и донирани се производи, што значи дека и тоа се дополнителни десетина миљони сосема оправдани расходи и предвремени плаќања.

Бесмислено е и да се помислува малите акционери да го микроменаџираат Кутревски кога е очигледно дека тој во текот на своето директорување 13-кратно ги зголемил средствата на компанијата. Еве интересно би било некој да анализира состојби на почетокот и сега плус дивиденди на другите "големи" директори. Би се зачудил ако имало зголемување од 2-3 пати за истиот период.

Гарантирам дека УНИ и ПКБ сега би имале минимум двојно повисока цена доколку биле вклучени во индексот наместо СБТ и ТТК коишто не им се ни до колена. Треба да се прочешла и работењето на Берзата за да се провери како овие две стануваат дел од индексот и како КМБ и МПТ имаат толкави пондери!
 
Член од
16 мај 2014
Мислења
462
Поени од реакции
370
Првата голема количина кај UNI ja зедов на 600 денари, вкупно 600 комада.
И ако на некој не му е мака, нека види наназад, тука ја имам објавено анализи со графици и слично, а и тогаш како и денес се чудев како можи во споредба со сите други банки да е толку ефтина.
И во тоа време еден мој пријател што го чита форумов ми велеше: „Што ќе ти е таа акција, таа не е банка, Бугарите вработуваат само жени со кратки сукњи и такви некои работи“...
Ги продадов на некоја цена од 1.800 денари. Во тоа време според фундаменталните показатели беше поскапа од Комерцијална и од другите банки. Прерано слегов од возот, бидејќи подоцна и до 2.400 - 2.500 замина.
Подоцна повторно пак сите банки ми станаа скапи, а UNI почна да носи заработки по 500 денари од година. Па пак фундаментална анализа овој пат уште подлабински, пак цртање на графици, па одлуката пак да се вратам таму не ми беше тешка.

УНИ и ПКБ се убедливо најдобри опции кај нас за на среден и на долг рок.

Бев и на собрание на УНИ каде што во фаца на Коста кој седеше до мене му објаснував што значи Претседател на УО да продаде акции, и подоцна да купи обврнизици и каква порака праќа до останатите акционери. Не сфаќаше. Како што кажав неполн месец после тоа го избркаа, но му дадоа и прилична опремнина што и те како ја намали нето добивката за 2019 година. Овој менаџмент сега е многу подобар и знае што прави. Но треба да се оди на собранија и да се разговара, и да им се даваат конструктивни предлози.

Исто и за кај ПКБ, почнав од тука да ги организирам сите акционери, па тужби, па буџет за судења и од тука и од акционери од Хрватска и Словенија, па расправања со Кутревци по собранија... И така натака. Реално и тоа е дел од целиот инвестициски процес. На тој начин се учат сите членови и закони кои подоцна ќе ти се најдат и за други случаеви. И мора сите заедно тука да придонесиме и да се бориме за што подобро корпоративно управување. Можи и да немате акции од ПКБ, можи и да сте имале па сте ги продале, но успех во тоа судење ќе е многу битно, затоа што ако таа одлука поминеше глатко ќе можете да очекувате верижна реакција на многу други собранија.

Ете јас се радувам што поради реакција на малцински акционери Шпаркасе ја повлече првичната одлука, па реши да докапитализира на дупло повисока цена. Исто и тој случај ако поминеше глатко, ќе имавме проблеми и на многу други места.

П.С. Адинг ми е долгорочна позиција. И нив ги чекам деновиве со годишен извештај. Таа и УНИ се со најголеми шанси за превземање од некоја странска компанија. Таму немам некои нови информации, затоа и не коментирам често.

П.П.С. Сега го читам образложението од ПКБ. Добро срочено и мора да ги пофалиме. За разлика од порано, веќе ова изгледа нормално образложение кое ти дава некоја информација во тековната состојба и со очекувањата до крајот на годината. Како што кажав вака треба да изгледа нормално, но со оглед на нискиот квалитет на соопштенијата на другите компании, може да се смета дека е солидно.

П.П.П.С. Качувајте се на возот, овој пат не планирам да се симнам дури UNI не стигне некоја врдност од 6.000 денари. А ако продолжи вака да работи и да освојува по 1% пазарен удел секоја година, ни тогаш нема да се симнам/
Автоматски споено мислење:

Вчера Verizon имаа годишно собрание. По иницијатива на малцинските акционери се изгласа на собранието дека во иднина ако се соберат малциснки акционери во износ од над 10%, кога сакаат можат да свикаат состанок со менаџментот на компанијата.
Порано викаше и за СТБП еден према два па се повлече.
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Различни се двете обврзници. Со различни услови. Како што е разликата меѓу обични и приоритетни акции.
Тој што ја купил обврзницата ќе добива лукративен принос од 9%, но го прифатил ризикот дека Банката поради X причини - на пример Пандемијата, нема да исплати одреден купон на одреден датум. Потребни им беа тие пари, поради зголемување на адекватноста на капиталот затоа што влегоа во системски значајни банки, а сигурно изгледа не сметаа дека ќе ги обезбедат со пониска стапка.

Сепак не е толку важно со колкава каматна стапка позајмиле, важното е што направиле со тие пари. УНИ ги плати купоните кај обврзниците и обезбеди уште толку нето добивка и за имателите на обичните акции. Додека кај ТТК претходно се раздаваа дивиденди, па сега се позајмува за да нема проблеми во секојдневното работење. Зошто ТТК не ги обелодени транспарентно кој се имателите на обврзници, па да ги изанализираме со каква намера зеле обврзници од Крш банка со толку ниска каматна стапка.

Јас немам двоумење која банка работи подобро и кои акционери ќе ги соберат плодовите на среден и на долг рок.
Ако прочиташ во претходните постови, јас не се сомневам дека УНИ е подобра од ТТК или од многу други. Работата е што односот на менаџерите во УНИ и ПКБ иритира, ако може така да се изразам.
Иако сметам дека овие се прекрасни акции со одлични фундаменти ако се променат некои одлуки на УО
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Порано викаше и за СТБП еден према два па се повлече.
Епа дури имаше конструктивни раговори на два пати бевме на состанови во Банката.
Посебно првиот пат беа многу конструктивни и сакаа ова прашање да се затвори.

Во меѓувреме се смени CEO то во Атина, па на првиот пат немаше кој да одлучи, па после видов дека почнаа да ретерираат од тоа што зборувавме.

Па после влегоа некои многу поголеми риби од мене со купени многу поголема количина на акции и тие ја превзедоа контролата, па почна со инаетење работата...

И јас се повлеков. Во интерес да не наштетам на процесот, не коментирав ни тука ни на друго место премногу.

Стојам на тоа дека тоа прашање е Пандорина кутија за Стопанска Банка.
И дека ќе мора да го решат. Но со одлагањето на продажбата, изгледа не им се брза тоа да го решат сега.
Добро е што во последно време малцинските акционери имаат поддршка и од КХВ.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Член од
22 февруари 2019
Мислења
318
Поени од реакции
309
Ова е реклама, не е анкета.
Ако се види последниот параграф во кој се нудат конкретни прозиводи, очигледно. Но претпоставувам дека анкетата е реална и дека тоа им е појдовна основа за да се промовираат недвижнини во вториот дел на текстот. А резултатите ми се логични познавајќи го населението. 1. Останато е од старо време прво покрив над глава. 2. Подобро 1% депозит во банка отколку ич под перница. 3. Разни шеми на животно осигурање со јавни презентации и ветувања отштети и приходи во иднина и 4. Акциите кои меѓу населението не се промовирани туку во главно самоиницијативно ги откриваат. До 25 години за нив имаат теоретски слушнато само тие кои биле на економски факултет.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
По моја слободна проценка, во Македонија има накај 100.000 некористени недвижнини (станови, катови од куќи) што веројатно вределе барем 3 милијарди евра да се изградат. Сето тоа е последица на тој дебилен менталитет дека „станот е најдобра инвестиција“, дури и ако со години стои празен или неиздаден.

Е сега, замислете наместо во џебовите на градежната мафија којашто за 1.000+ евра/квадрат продава станови што чинат 300-400 евра/квадрат да се изградат, завршиле во инвестиции во фабрики и стопански субјекти. Па буквално не би ни требало ни цент други странски инвестиции затоа што со тие пари би се отвориле квалитетни работни места за 300.000 луѓе! Не само што не би останал ниеден невработен у државава, туку и би се вратиле сите гастарбајтери и би привлекле уште имигранти со својот труд да го растат нашиот БДП.

Меѓутоа, за ова да се случи, треба целосно да се смени парадигмата и да не се умртвува слободен кеш у малтер и бетон, да постои квалитетен систем на техничко и практично образование, да се развива претприемачки дух, да се осмисли систем за проектно финансирање, а и секако да се изгради инфраструктура, да се сосече во корен корупцијата и да се обезбедат функционални институции. Кога сите овие работи во општеството би се промениле, ние би имале систем којшто би ни овозможил квалитет на живот како во богатите западни држави. Значи, како што напиша Груевски во еден од своите последни постови, решението за добриот живот не треба да биде во чекање милостина и донации од странство, туку да се погледнеме во огледало и да се смениме за самите да си го заработиме тоа што ни е потребно!
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541

Кога ти твоите пари ке ги извадиш од пекабеско на пример и јас моите од берза и ке си отвориме сопствени фирми да создаваме нови работни места , тогаш не сме паразити како овие погоре што ги имаш пишано што купиле недвижности место акции.

Се до тогаш, јас и ти сме паразити и тоа поголеми од оние кои што вложиле во станови поради природата на бета на пазарот на недвижности и пазарите на капитал.

Ги мешаме поимите купување на ново издадени акции да се развива фирмата и купување на постоечки кои се веке издадени и не зависи за напредок на фирмата од сегашната состојба.
 
Да се створени сите услови што ги наведов во постот, јас со задоволство би инвестирал у некоја маалска месарница или би градел згради и би си вадел по 5-10.000 евра месечно што се потребни за конфорна живеачка на едно семејство у државава. Меѓутоа, за да влезеш у таков бизнис, МОРА да работиш нелегално. Во спротивно, ти нема воопшто да си конкурентен со оние што не издаваат фискални сметки, узурпираат јавен простор, набавуваат нелегално репроматеријали со кеш, општините ги ослободуваат од комуналии, немаат соодветни услови за работа и производство, подмитиле за издавање градежни дозволи, работниците ги држат непријавени и ги исплаќаат во кеш и сл. Ним у секој момент можат да им влезат пет различни инспекции и да им пишат казни у вредност од десетици илјади евра, па затоа овие и плаќаат рекет на инспекторите и обвинителите што потоа се дистрибуира и за работа на партиите што овие ги поставиле на тие функции.

Јас претпочитам образот да ми е чист и секое денарче приход пријавено и оданочено за мирно да спијам без никому да му должам и да ме рекетира. Во оваа распадната држава постои можност за таква заработка преку инвестирање во првокласни компании за коишто е створена негативна слика во јавноста, како што се сега ПКБ, а порано СТБ или ТНБ. Мене овој систем ептен ми одговара: колку е полошо за другите - толку ќе биде подобро за мене. Се надевам дека во иднина работите ќе се поправат у насоката што ја наведов у постот па во таков систем сите да дојдеме до богатство и благосостојба.
 
Последно уредено:

myarmyofone

Time and Space Traveller
Член од
23 март 2007
Мислења
72
Поени од реакции
67
Да се створени сите услови што ги наведов во постот, јас со задоволство би инвестирал у некоја маалска месарница или би градел згради и би си вадел по 5-10.000 евра месечно што се потребни за конфорна живеачка на едно семејство у државава. Меѓутоа, за да влезеш у таков бизнис, МОРА да работиш нелегално. Во спротивно, ти нема воопшто да си конкурентен со оние што не издаваат фискални сметки, набавуваат нелегално репроматеријали со кеш, немаат соодветни услови за работа и производство, подмитиле за издавање градежни дозволи, работниците ги држат непријавени и ги исплаќаат во кеш и сл. Ним у секој момент можат да им влезат пет различни инспекции и да им пишат казни у вредност од десетици илјади евра, па затоа овие и плаќаат рекет на инспекторите и обвинителите што потоа се дистрибуира и за работа на партиите што овие ги поставиле на тие функции.

Јас претпочитам образот да ми е чист и секое денарче приход пријавено и оданочено за мирно да спијам без никому да му должам и да ме рекетира. Во оваа распадната држава постои можност за таква заработка преку инвестирање во првокласни компании за коишто е створена негативна слика во јавноста, како што се сега ПКБ, а порано СТБ или ТНБ. Мене овој систем ептен ми одговара: колку е полошо за другите - толку ќе биде подобро за мене. Се надевам дека во иднина работите ќе се поправат у насоката што ја наведов у постот па во таков систем сите да дојдеме до богатство и благосостојба.
Дали ги нарече сите што имаат бизнис во мк од месара у карпош до макпетрол криминалци?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Дали ги нарече сите што имаат бизнис во мк од месара у карпош до макпетрол криминалци?
Секако! И не само тие претприемачи, туку во општеството се креира атмосфера секој граѓанин неказнето да постапува незаконски: од најбанални работи тип преминување на црвено светло или неносење маска поради короната, па преку дивоградење, узурпирање јавен простор, вршење работа на црно и ситно подмитување по институции за услуга, подмитување за работно место, инсајдерско тргување, па сѐ до најкрупен криминал со шверц, дрога или проституција! Во таква атмосфера секој има путер на главата и не смее да се побуни против најкрупните криминалци на врвот затоа што во секој момент можат да му извадат пријави и да го затворат или рекетираат. Не верувам дека во оваа држава постојат ни 10% луѓе со беспрекорно чист образ коишто без страв ќе можат да делуваат да се смени ситуацијата и да се воспостави нормален функционален систем од којшто ќе имаат корист сите а не само привилегираните и криминалните касти!
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Druze koga sme veke za zivot so gaki na nos ne sme site slozni !!! Ne e ni cudo sto mnogymina uzivaat vo nosenje gaki pa zaradi toa ne se posteni tuku naprotiv koga si lopov podobro ti stoi :) Nekako se si dojde na svie mesto loppvi kolku sakash posteni nema :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom