Првата голема количина кај UNI ja зедов на 600 денари, вкупно 600 комада.Наместо да учите од Тендо вие се расправате со него, абре дечкото е цар (без заебанции или сарказам), видете како ја изигра Адинг и учете од него, према постовите си влегол на цца 500 мкд а си искочи на цца 700 мкд, сега на уни е влезен на цца 1600 мкд и во моментот кога ќе престане да ја збори или фали значи излегол од неа (ова не му е прво возење на уни, ја игра од 600-700 мкд кога беше ако не се лажам па искочи на 1200-1300 итн итн)... зборот ми е и адинг и уни му се добро проучени пред да влезе и двете се здрави прави убави, едноставно многу технички исправно ги игра, знае да процени кога е подценето а кога е преценето, не барајте да ви црта човекот како да анализирате и вие.
@TENDO мајсторе свака част за сите анализи што ги споделуваш со нас
И ако на некој не му е мака, нека види наназад, тука ја имам објавено анализи со графици и слично, а и тогаш како и денес се чудев како можи во споредба со сите други банки да е толку ефтина.
И во тоа време еден мој пријател што го чита форумов ми велеше: „Што ќе ти е таа акција, таа не е банка, Бугарите вработуваат само жени со кратки сукњи и такви некои работи“...
Ги продадов на некоја цена од 1.800 денари. Во тоа време според фундаменталните показатели беше поскапа од Комерцијална и од другите банки. Прерано слегов од возот, бидејќи подоцна и до 2.400 - 2.500 замина.
Подоцна повторно пак сите банки ми станаа скапи, а UNI почна да носи заработки по 500 денари од година. Па пак фундаментална анализа овој пат уште подлабински, пак цртање на графици, па одлуката пак да се вратам таму не ми беше тешка.
УНИ и ПКБ се убедливо најдобри опции кај нас за на среден и на долг рок.
Бев и на собрание на УНИ каде што во фаца на Коста кој седеше до мене му објаснував што значи Претседател на УО да продаде акции, и подоцна да купи обврнизици и каква порака праќа до останатите акционери. Не сфаќаше. Како што кажав неполн месец после тоа го избркаа, но му дадоа и прилична опремнина што и те како ја намали нето добивката за 2019 година. Овој менаџмент сега е многу подобар и знае што прави. Но треба да се оди на собранија и да се разговара, и да им се даваат конструктивни предлози.
Исто и за кај ПКБ, почнав од тука да ги организирам сите акционери, па тужби, па буџет за судења и од тука и од акционери од Хрватска и Словенија, па расправања со Кутревци по собранија... И така натака. Реално и тоа е дел од целиот инвестициски процес. На тој начин се учат сите членови и закони кои подоцна ќе ти се најдат и за други случаеви. И мора сите заедно тука да придонесиме и да се бориме за што подобро корпоративно управување. Можи и да немате акции од ПКБ, можи и да сте имале па сте ги продале, но успех во тоа судење ќе е многу битно, затоа што ако таа одлука поминеше глатко ќе можете да очекувате верижна реакција на многу други собранија.
Ете јас се радувам што поради реакција на малцински акционери Шпаркасе ја повлече првичната одлука, па реши да докапитализира на дупло повисока цена. Исто и тој случај ако поминеше глатко, ќе имавме проблеми и на многу други места.
П.С. Адинг ми е долгорочна позиција. И нив ги чекам деновиве со годишен извештај. Таа и УНИ се со најголеми шанси за превземање од некоја странска компанија. Таму немам некои нови информации, затоа и не коментирам често.
П.П.С. Сега го читам образложението од ПКБ. Добро срочено и мора да ги пофалиме. За разлика од порано, веќе ова изгледа нормално образложение кое ти дава некоја информација во тековната состојба и со очекувањата до крајот на годината. Како што кажав вака треба да изгледа нормално, но со оглед на нискиот квалитет на соопштенијата на другите компании, може да се смета дека е солидно.
П.П.П.С. Качувајте се на возот, овој пат не планирам да се симнам дури UNI не стигне некоја врдност од 6.000 денари. А ако продолжи вака да работи и да освојува по 1% пазарен удел секоја година, ни тогаш нема да се симнам/
Автоматски споено мислење:
Вчера Verizon имаа годишно собрание. По иницијатива на малцинските акционери се изгласа на собранието дека во иднина ако се соберат малциснки акционери во износ од над 10%, кога сакаат можат да свикаат состанок со менаџментот на компанијата.
Последно уредено: