Не верувала...
Да сум јас на власт, на овие ваквите што неверуваат и се потсмеваат ко госпожата т.е. певаљката, би му предложил следното:
Бидејќи не верува дека постои, би му дал да пополни и потпиши формулар со следното:
Чекор 1: Да се провери дали е ризик фактор од страна на стручни лица преку систематски преглед. (години, тежина, хронични болести...) Доколку не е...
Чекор 2: Доброволно да се зарази со вирусот во најблиската лабараторија. (ако не верува, мислам нема да му е проблем)
Чекор 3: Од кога ќе ја прими заразата, да остани заклучена во инфективно одделение до целосно заздравување, под посебен надзор на доктори специјалисти, кои ќе се грижат за здравјето и ќе му даваат терапија.
Чекор 4: По оздравувањето да оди дома на недела дена одмор.
Чекор 5: По одморот да биди морално и законски обврзана дека ќе оди на дарување крв секоја недела, која ќе биде искористена за лечење на болни пациенти во иднина преку центрифугирање плазма.
Секое дарување да му биди добро платено па и преплатено ако треба, а доколку не се појави еднаш неделно да одговара кривично според потпишаното во формуларот (самоизолација во Шутка или Идризово). Доколку издржи до крај на епидемијата со дарување крв, да добие плус додатни бенефиции од државата.
Останатите кои се заразиле без да сакаат, ќе може да даруваат и да им биде платено, но нема да мораат секоја недела да даруваат крв него по своја воља, кога и колку сакаат. Само со вакви мерки ќе се охрабруваат и нема да имаме како сега само 6 од 1100 оздравени.
Во Институтот за трансфузиона медицина шестмина излекувани пациенти од коронавирус се пријавиле за дарување крвна плазма со која се лекуваат најтешко заболените. Според последната статистика на Министерството за здравство, од почетокот на кризата, во Македонија има 1099 излекувани од вирусот...
a1on.mk