Коронавирус (COVID-19)

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.612
Поени од реакции
7.743
Сепак мислам дека е околу 1 Мај бидејќи Велигден имаше карантин и тоа беше пред 21 ден.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.537
Поени од реакции
2.712
Значи ти давам аргумент зашто не е долгорочно решение и ми викаш не се будали они што терале така. Супер што не се будали, ама тоа не мења ништо кога ќе се отворат границите а бројот на заразени низ светот брои десетици милиони. Не знам зашто не можете рационално да размислите. Вирусот од Вухан стигна до забутани островчиња и села и ти мислиш дека може малечка земја да се изолира од остатокот од светот?
И ние не праиме ништо поразлично од нив, тоа што имаме послаби резултати е друга работа. Ама стратегијата е иста, краткорочна.
Според мое мислење и да е краткорочна купуваш на време за можни позитивни изненадувања од аспект на некој нов метод на лекарства и слично и најдобрата варијанта по примерот со Сарсот и овој вирус да го снема дај боже.Некој ке рече не се надевај на такви сценарија али јеби га пуста надеж.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
За првото, не знам што би го спречило вирусот да се закачи на клетката преку АСЕ2 рецепторите. Разлика прави само состојбата на елементите од вродениот имун систем, и нивната способност за брз одговор. Кај случаите со компликации (и смрт) е регистрано немање никаков или слаб одговор од вродениот имун систем (кој прв реагира на нови патогени/вируси/бактерии). Еднаш штом вирусот премногу ќе се размножи, тогаш настануваат компликациите (заради микрозгрутчувања на крвта) и/или претераниот одговор на имуниот систем (cytokine storm и ARDS) .

За второто, за спречување на репликацијата тука мислам дека е главниот фокус на истражувањата (покрај развојот на вакцина, инаку еве нешто интересно и за вакцините).
Засега ниеден лек не е детално истражен со студии, некои ветуваат повеќе некои помалку а има многу кандидати. Хлорокин (акутелен беше пред некоја недела/месец) функционира како јонофор за цинк, а зголемена внатреклеточна количина на цинк го инхибира репликаза протеинот. Кверцетин исто така делува како јонофор за цинк и зголемува внатреклеточна количина на цинк.

И нешто интересно што читав пред некоја недела: Potential Inhibitor of COVID-19 Main Protease (Mpro) From Several Medicinal Plant Compounds by Molecular Docking Study

Прегледај го приврзокот 250444

Тоа е само моделирање (molecular docking study направена со Autodock 4.2) на кандидатите, но за Лопинавир веќе има и подоста студии а ФДА експресно го одобри за употреба во САД. Од наведените кандидати мене ми се интересни природните состојки (кои се достапни и како суплементи), како кверцетин, алицин, куркумин, катечини, итн... Кверцетин има во зеленчук (на пример во кромид), алицин во лук, катечини во зелен/црн чај, а куркума е одличен зачин кој може секојдневно да се употребува. Или може да се земаат и во облик на суплементи. Додатен бонус е што скоро сите наведени се антиинфламаторни, што е потребно заради инфламациите кои водат кон cytokine storm.


Инаку за смајлињата и за кезачите, што се чудиш.
Кловнови се мајтапат, за што друго ги бива? :)
Штета немам време да седнам да подистражам. Ама од нои скромни познавања од вирусиве,за коронава и имуниот систем можам да кажам
Дека во борбата учествуваат два типа на клетки, едните се од страната на природениот имунитет (неутрофилци и макрофаги), а другиве се придобиен, и од таа страна учествуваат клетките убијци лимфоцитите.
Работата е што вирусот при размножувањето излачува молекули, кои делуваат на сигналните патишта, преку кои овие два типа на клетки си разменуваат информации. При одреден процент на луѓе овие првиве клетки не можат да успеат да ја спречат инвазијата, дури не дојдат другите. Вирусот толку многу се намножува, што клетките домаќини веќе не можат нормално да функционираат, и заради прекумерна работа почнуваат да умираат. Кога клетката пропаѓа, во меѓуклеточниот простор се пуштаат најразлични молекули, кои на имуниот систем му сигнализираат да се активира. Со тоа што на местото на "интервенција" доаѓаат премногу клетки од вториот вид, тој процес делува и на другите клетки во телото. Доаѓа до оток и во пример на бактериска инфекција до гноење. Што сакам да кажам, е тоа... Кога овие клетки ќе се насоберат во огромен број доаѓа до таканаречената цитокинска бура. Цитокините (сигнални молекули) се тие што ги усмеруваат клетките од 2 тип. Но со нивното излачување доаѓа и до проширување на жилите. Па тоа што го спомнав погоре за влијанието на другите клетки во телото е всушност ова.
За влијанието на белите дробови, треба да се надочиме н алвеолите. И тие се изградени од 2 типа клетки. Едните ја сочинуваат структурата, другите излачувааат слуз, кој го помага процесот на стискање и ширење. Ако нема слуз, неможат да функционираат. Е, коронава ги напаѓа баш овие клетки, и тоа е интересното. Доаѓа до оштетување на белодробното ткиво, а со тоа и одговор на имуниот систем. Е, кога ќе се собере инфицираната течност во дробовите, во алвеолите, кои се наменети за размена на гасови во крвта, доаѓа до слабеење на дишењето.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.386
Според мое мислење и да е краткорочна купуваш на време за можни позитивни изненадувања од аспект на некој нов метод на лекарства и слично и најдобрата варијанта по примерот со Сарсот и овој вирус да го снема дај боже.Некој ке рече не се надевај на такви сценарија али јеби га пуста надеж.
Убаво што си ти оптимист, ама ја не сум. Не можеш врз база на пуста надеж да ми ограничуваш право на движење. Уште ние испаѓаме неписмени и неразбрани на крај.
Автоматски споено мислење:

За кој то нас?Кај виде дека сум презадоволен од мерките?
Општо мислев, на сите. Сите луѓе ќе треба да си одлучат што поише им одговара.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Убаво што си ти оптимист, ама ја не сум. Не можеш врз база на пуста надеж да ми ограничуваш право на движење. Уште ние испаѓаме неписмени и неразбрани на крај.
Автоматски споено мислење:


Општо мислев, на сите. Сите луѓе ќе треба да си одлучат што поише им одговара.
Никој не ги прашува љуѓето шо им одговара.Одлуките си ги носат од ракав,демек следат ситуација на терен.Не тестираш нема заболени,тестираш бројките оп во нагорна линија.Си шпекулираат ко брокери на берза,зависи од потребите.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Јас да сум на место од овие од СЗО ќе прогласам дека од Корона пенисот паѓа и ќе видиш сите дома како седат и ќе бараат продолжување на мерките :D
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Јас да сум на место од овие од СЗО ќе прогласам дека од Корона пенисот паѓа и ќе видиш сите дома како седат и ќе бараат продолжување на мерките :D
Не биди толку сигурен.Транссексуалците ќе се искинат во шетање.А богами и жените!:D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
Ептен се надевам дека претеруваш.
Може претерав за бројката на луѓе низ маало по 19 часот, ама требаше да удрам една слика вчера како доказ :D
Игралиштето е фул веќе недела дена, за ова гарантирам. Воглавно тоа се средношколци и основци. Нашле време да ставар нови мрежи, да ги офарбаат линиите на теренот. Вчера прв пат видов дека на стадионот до игралиштето се одржуваат и тренинзи на млада школа нанеден фудбалски клуб. Родителите во голема група седнати, си набљудуваат. Број на маски еднаков на нула.
Инаку, минатиов месец се придржуваа луѓето до мерките. Празна беше населбата, владееше страв, ама откако огреа сонцево, ништо не не запира хаха
Важиме за населба каде што уште живее маалското. Секој ден има собири на генерации (групи од основци, групи од средношколци, студенти, 30+, 50+ :D), се пие пиво насекаде.

Три пати бев на водно овие 7 дена, едвај се разминуваш со луѓе.
На кеј возев точак два пати, гунгула е. Точаци, ролери, тркачи :D

За парк не треба ни да се коментира, таму е секогаш полно. Пред две недели луѓето во глобала носеа маски. Денеска многу мал процент.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.070
Поени од реакции
34.503
...вирусот при размножувањето излачува молекули, кои делуваат на сигналните патишта, преку кои овие два типа на клетки си разменуваат информации. При одреден процент на луѓе овие првиве клетки не можат да успеат да ја спречат инвазијата, дури не дојдат другите. Вирусот толку многу се намножува, што клетките домаќини веќе не можат нормално да функционираат, и заради прекумерна работа почнуваат да умираат. Кога клетката пропаѓа, во меѓуклеточниот простор се пуштаат најразлични молекули, кои на имуниот систем му сигнализираат да се активира. Со тоа што на местото на "интервенција" доаѓаат премногу клетки од вториот вид, тој процес делува и на другите клетки во телото. Доаѓа до оток и во пример на бактериска инфекција до гноење. Што сакам да кажам, е тоа... Кога овие клетки ќе се насоберат во огромен број доаѓа до таканаречената цитокинска бура. Цитокините (сигнални молекули) се тие што ги усмеруваат клетките од 2 тип. Но со нивното излачување доаѓа и до проширување на жилите. Па тоа што го спомнав погоре за влијанието на другите клетки во телото е всушност ова.
SARS-CoV-2 како неколку други зае*ани вируси потекнува од лилјаци. Лилјаците наводно имале неверојатно јак имун систем (споредено со други животнски видови, вклучувајќи не и нас луѓето). Кај лилјаците еволуираат вируси кои се приспособени на нивниот јак имун систем и кога некогаш ќе се случи да може да заразат друг домаќин, имуниот систем на домаќинот многу потешко се справува со таков вирус. Разгледај го ова кога ќе имаш време: https://www.sciencedaily.com/releases/2020/02/200210144854.htm

Според некои истражувања SARS-CoV-2 некако влијае на заразените клетки да не сигнализираат на соседните клетки дека се заразени, и соседите не иницираат лачење интерферон и други процеси кои треба порано да ги предупредат елементите од имуниот систем. Сето тоа води кон неконтролирано размножување на вирусни единки во заразените, и кај некои евентуално до цитокинска бура. Ова е особено изразено кај поединците со слаб вроден (innate) имун систем.


За влијанието на белите дробови, треба да се надочиме н алвеолите. И тие се изградени од 2 типа клетки. Едните ја сочинуваат структурата, другите излачувааат слуз, кој го помага процесот на стискање и ширење. Ако нема слуз, неможат да функционираат. Е, коронава ги напаѓа баш овие клетки, и тоа е интересното. Доаѓа до оштетување на белодробното ткиво, а со тоа и одговор на имуниот систем. Е, кога ќе се собере инфицираната течност во дробовите, во алвеолите, кои се наменети за размена на гасови во крвта, доаѓа до слабеење на дишењето.
Наводно имало два типа на компликации во COVID-19 и едната ги прави симптомите што опишуваш. Другата е кога градите/плуќата остануваат еластични и без многу течност, но сепак е присутна хипоксија. Практично се работи за микрозгрутчувањето на крвта за кое зборувавме поназад, ги затнува ситните крвни садови (кои ги има во изобилство во градите) и се намалува капацитетот за размена на кислород. Исто и оксидативниот стрес се покачува. Д-р Гатонини има неколку трудови на оваа тема... edit, го најдов документот: https://www.esicm.org/wp-content/uploads/2020/04/684_author-proof.pdf
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.302
Поени од реакции
16.453
Според некои истражувања SARS-CoV-2 некако влијае на заразените клетки да не сигнализираат на соседните клетки дека се заразени, и соседите не иницираат лачење интерферон и други процеси кои треба порано да ги предупредат елементите од имуниот систем. Сето тоа води кон неконтролирано размножување на вирусни единки во заразените, и кај некои евентуално до цитокинска бура. Ова е особено изразено кај поединците со слаб вроден (innate) имун систем.



Наводно имало два типа на компликации во COVID-19 и едната ги прави симптомите што опишуваш. Другата е кога градите/плуќата остануваат еластични и без многу течност, но сепак е присутна хипоксија. Практично се работи за микрозгрутчувањето на крвта за кое зборувавме поназад, ги затнува ситните крвни садови (кои ги има во изобилство во градите) и се намалува капацитетот за размена на кислород. Исто и оксидативниот стрес се покачува. Д-р Гатонини има неколку трудови на оваа тема... edit, го најдов документот: https://www.esicm.org/wp-content/uploads/2020/04/684_author-proof.pdf
поради ова ли се мислеше дека во Ковид 19 има компонента од ХиВ вирусот ??? ... ама неодамна тоа го негираа ??
 
S

ski

Гостин
Очекувам недела дена после празникот бајрам да има огромен број на заразени во државава.
Има огромен број на муслимани кои строго се држат до исламска традиција за посетување на роднини/комшии и пријатели за време на првите три дена од празникот бајрам.

Денешниот зголемен број на ново заразени е најверојатно резултат од збирањата на први мај и одма бројот отиде нагоре.
Следните денови ке биде исто,најпаметно ке биде Венко Филипче да го врати полицискиот час од 14:00 особено за време на празникот бајрам.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.288
Поени од реакции
5.560
Јас не знам што сте се фатиле сите со тој фамозен имунитет како да тоа ке реши се или сте слушнале за таа Шведска и кај нив било се отворено и ајде сите да бидеме како нив.Зошто никој не ги спомиња Нов Зеланд,Австралија,Виетнам,Тајван и овие нашиве поблиски Словачка,Словенија како успешно се справуваат со вирусот а не користат колективен имунитет и се подложни на исти карантински мерки како нас.Проблемот кај нас сме самите ние.Дивјаци ти му викаш седи дома он за инат не за нешто друго чисто за инат ке излезе и ке сака да иде у кафич а не стапнал бог знае од кога.Исто и Илуминос спомна не вежбале ни ден во живот а сега плачат за на кеј.Едноставно неизживеани сме и само бараме причина ние да сме во право.Сега не се почитуваа мерките и ајде ке идеме на имунитет.Имаме народ ние за имунитет па тоа ни требало.Се ова горе доле со ситуацијава е само поради непочитување на мерките од типови нема бе вирус итн.
А што мислиш дека ке е случи со Чешка кога ќе се олабавт мерките се збореше пред некој ден тука моментално се подобри ама фактот што Чешка е под рестрикција а Шведска не прави да не можат да се споредат баш, зашто ова нема да се изгасне и моментот кога ќе попуштат на здравје шишање ке им бидне на Чесите. Патем никој не ги спомна нив како пример барем јас не во мојот пост. А ако сакаш да кажеш дека ставот за стекнување имунитет е погрешен тогаш ич а не ја продужуваме дискусијата. Целта со секоја болест е да се стекне имунитет тоа уште од мали не учат сите зарем не?

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.070
Поени од реакции
34.503
поради ова ли се мислеше дека во Ковид 19 има компонента од ХиВ вирусот ??? ... ама неодамна тоа го негираа ??
COVID е болеста, SARS-CoV-2 e вирусот... Инаку SARS-CoV-2 (покрај други клетки) ги инфицира и Т леукоцитите. Во тоа има сличност, но SARS-CoV-2 не може да се размножува во нив, HIV може.
Веројатно си слушнал за постоење на HIV инсерти во RNK секвенцата на SARS-CoV-2, тоа наводно не е точно.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
SARS-CoV-2 како неколку други зае*ани вируси потекнува од лилјаци. Лилјаците наводно имале неверојатно јак имун систем (споредено со други животнски видови, вклучувајќи не и нас луѓето). Кај лилјаците еволуираат вируси кои се приспособени на нивниот јак имун систем и кога некогаш ќе се случи да може да заразат друг домаќин, имуниот систем на домаќинот многу потешко се справува со таков вирус. Разгледај го ова кога ќе имаш време: https://www.sciencedaily.com/releases/2020/02/200210144854.htm

Според некои истражувања SARS-CoV-2 некако влијае на заразените клетки да не сигнализираат на соседните клетки дека се заразени, и соседите не иницираат лачење интерферон и други процеси кои треба порано да ги предупредат елементите од имуниот систем. Сето тоа води кон неконтролирано размножување на вирусни единки во заразените, и кај некои евентуално до цитокинска бура. Ова е особено изразено кај поединците со слаб вроден (innate) имун систем.



Наводно имало два типа на компликации во COVID-19 и едната ги прави симптомите што опишуваш. Другата е кога градите/плуќата остануваат еластични и без многу течност, но сепак е присутна хипоксија. Практично се работи за микрозгрутчувањето на крвта за кое зборувавме поназад, ги затнува ситните крвни садови (кои ги има во изобилство во градите) и се намалува капацитетот за размена на кислород. Исто и оксидативниот стрес се покачува. Д-р Гатонини има неколку трудови на оваа тема... edit, го најдов документот: https://www.esicm.org/wp-content/uploads/2020/04/684_author-proof.pdf
Постои ли некој симптом така од твое стручно гледиште што не може да биде предизвикан од овој вирус, гледам едуциран си доста. Испушти да кажеш дека ја зголемува стерилноста, напаѓа на тестиси, чисто мала помош од моја страна, тоа е последните 2-3 дена докажано од француско-британски-амерички научници. Следно верувам дека ќе докажат дека предизвикува 5-6 вида на канцер, тоа се уште се испитува, следната недела ќе изнесат докази.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom