Проблемот дефинитивно е во Македонски Телеком, под "глобален" сакаат да кажат дека сите нивни корисници се соочуваат со истиот проблем, а не сите Интернет корисници од Македонија или уште бетер, сите корисници од светот. А имам информации дека и корисниците на оптичката телекомуникациска мрежа имаат бавен Интернет.
Бидејќи користам оптички Интернет од Неотел преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, можам да потврдам дека оптичкиот сигнал од Македонски Телеком е одличен, а оптичкиот Интернет од Неотел засега воопшто нема покажано никакви знаци на било какви технички проблеми.
Слободно продолжи да им досадуваш на 122, а тие исплашените техничари нека си земат боледување, бидејќи во спротивно на работа се и мораат да ги услужат корисниците. Меѓу први се кои ги снабдија со маски, ракавици и средства за дезинфекција откако беше воведена вонредна состојба во Македонија на 18 март 2020, и имаат прирачник до кој мораат да се придржуваат додека трае вонредната состојба.
https://www.facebook.com/TelekomMK/posts/10157780070525995
Прирачникот меѓу другото предвидува дека мораат да го прашаат корисникот дали бил во странство изминатите месец дена и дали бил во физички контакт со некој кој се вратил од странство во изминатите месец дена.
Доколку корисникот одговори негативно на овие две прашања, тогаш ракавиците на раце, маската на лице и патот под нозе. Имам пријатели кои работат за приватни подизведувачи, а кои ризикуваат живот по бандери на ова никакво време со пандемија и вонредна состојба, а овие вработениве во Македонски Телеком како бубрези во лој не пропуштаат можност да глумат лудило само за да остават по некоја работна обврска за друг пат.
А не им претставува проблем да врбуваат постоечки корисници од бакарната телекомуникациска мрежа за да ги префрлат на оптичката телекомуникациска мрежа, заплашувајќи ги дека бакарните кабли ќе ги ваделе и ќе ги исклучеле ако не се поврзат на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Кога им одговара се прават рекетари, а кога им одговара се прават исплашени, ич да не ти е гајле @
dwa, слободно досадувај им на 122 додека не се воведе целосен карантин за целата држава, единствено во таков случај се прекинуваат сите работни активности на терен, додека не се воведе целосен карантин за целата држава, наредниот ден е работен ден како и сите останати.