Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Што е тоа нешто кое го разбираш и во кое веруваш а доаѓа од некој што не го разбираш? Објасни, дај пример.
Ок сепак ке реплицирам.
Примерите очигледно не ми се јака страна и гледам погоре споредбата нешто не ми е на место, мислам поточно би било како татко и деца како што веќе е, а не како различно ниво на интелигенција, иако и тоа не е погрешно.
Ок ќе почнам со Оној што не го разбирам, но го познавам и му верувам во намера.

"All language is but a poor translation."
- Franz Kafka

Во стариот завет кога Мојсеј го прашува за името Негово, Господ Бог му одговара: „ЈАС СУМ КОЈ СУМ“ и дека „ЈАС СУМ“ го праќа,
од кое произлегува името Јахве кое значи „ТОЈ КОЈ ШТО Е“ или „ТОЈ Е“. Тоа е само по себе избегнување на име и било каква дефиниција или констрикција, а сепак кажува се за бесконечноста и целосноста на Бог.
Затоа кога ќе слушнам некој кога ќе истресе дека Бог е Тројство, Бог е Јехова, Бог е Исус, ми се иде да му го жигосам јазикот со таквата изјава.
Тоа е огромна разлика од политеистичките митологии, каде боговите се јасно дефинирани со опис на нивниот изглед, какактеристики, меѓубожни односи и професии. Создадени во Човечкиот лик.
Е сега една карактеристика која е откриена е Љубов. И има смисла, Некој што има неограничено знаење, неограничена моќ и неограничена доброта, не може да биде нешто друго.

Тоа што разбирам е дека овој свет се владее од закони, донесени од Законодавец преку ЛОГОС*, кои може да се поделат на математичко-природни и религиозно-општествени.
Првите владеат со природата и односите меѓу природните појави како материја и енергија или што и да е денес, а и ние со нашите тела сме дел од неа. Тоа е сцената, или штиците што живот значат.
Вторите владеат со општеството и односот меѓу човекот и Бог и односите меѓу луѓето, кои се еден вид примитивна но и доста ранлива биолошка интелигенција, способни за љубов (создадени во Божјиот лик). Тоа се актерите или ликовите.
Првите се оставени ние сами да ги откриеме, но вторите ни се откриени во Библијата преку Светиот Дух.
Во Битие приказната е дека ние станавме како Бог преку спознание за добро и зло и сугестијата е дека преку тоа преминавме од првите во вторите закони,
а пред тоа бевме животни (голи а без срам) кои живееја во градината (природата) и без познавање на добро и зло и во суштина еден вид биолошки машини. Deus ex machina.
Оттаму се доведува концептот на грев, како отстапување од овие закони, нешто за кое ние и те како сме способни.
Така да мислам низ целата Библија Бог се обидува да ги открие тие закони на луѓето, прво на евреите а потоа преку Исус на сите луѓе.
И има прогресија тука, на пример преку евреите е повеќе колективно, специфично, директно, строго, како да дисциплинираш помало дете, но преку Исус тоа станува повеќе индивидуално, генерализирано, имплицирано, милостиво, како да комуницираш со поголемо дете.
И целта е да се направи Човек како што беше Неговата замисла во почетокот од оние што ги создал во Неговиот лик, да се воспостави универзален систем или хиерархија од вредности кои ќе бидат прифатени од секого и да се воведат основни правила за претставата кои ќе дозволат учесниците да го искористат својот потенцијал и да ја придонесат својата жртва пред Бог пред да ја напуштат сцената.
Да веруваш во Исус (Бог е спасение) Христос (Помазаниот/Избраниот) значи дека си го прифатил како „дефиниција“ за Човек, како архетип, идеал, форма, а си го направил тоа преку покајание, со кое си ја признал својата некадарност, злоба и суровост и си се покорил на Божјата замисла за Човек и си се одрекол од сите други твои Човеци и патишта до Бог и спасение.

*ЛОГОС, нешто кое исто нема јасна дефиниција, но сугестијата е дека тоа е Речта, Инструкцијата, Разумот помеѓу Светото и Световното. Посредникот меѓу Човекот како далечна креација и Бог како најосновната реалност. Претставник на Бог за Човекот, но и Претставник на Човекот за Бог. Божји Син, но и Човечки Син.

5 недели го пишував ова, реплицирај внимателно. :)
Автоматски споено мислење:

Цел куп празни зборови, цело време и понекоја навреда за христијанството - единственото нешто со смисол и фокус, во вашите постови.
Се примеќа дека Ѓаволот добро ги зграпчил во канџите, нели? Него рогатиот со некоја нова тактика сега, не само он што не постоел та и Исус не постоел, бре мајката.
Автоматски споено мислење:

најголем непријател на христијанството се христијаните
Барем добив/изнудив еден одговор, ако ништо друго. И се согласувам со ова.
сопствено незнаење и мизантропија
И со ова донекаде. :)

А за толеранција, не ми е тоа највисока вредност, не сум толерантен кон лаги и примитивни религии кои палат вдовици, ги делат луѓето на касти, промовираат расизам, фашизам, полигамија и третирање жени првенствено како средства за сексуално задоволување/фабрики за бебиња. А и да испиташе колку толеранција имаше во геноцидалното прото-фашистичкото Римско општество и другите пагани околу нив во времето на Исус и колку толеранција покажаа они кон „еврејската секта“ или воопшто за било каков „грев“ кон Империјата, немаше вака да пишуваш.
Мојот единствен став е Вистината. Факт е дека моралот на Западот (сосе православието како нереформиран дел) е базиран на Библијата, сите овие универзални декларации за човекови права влечат корен оттаму, концепт кој сеуште не е добро прифатен во другите култури. Единствена религија што дозволува секуларизација и вразумување на човештвото е онаа преку Исус Христос. Ниту секуларизација ниту вразумување ниту Човек ќе види овој свет додека не се искоренат народно-паганските религии и народно-црковните догми и додека не се сфати сериозно реакционерскиот Ислам на кој цел му е и ќе биде да го уништи Христијанството и Јудаизмот сосе вистина и догма и сосе Запад и сосе се друго.
И не, религијата не е само лична работа, духовноста и вербата се, религијата е твојот поглед кон светот и твојот однос кон луѓето и Бог. Како ќе бидеме соседи, ако ти веруваш во Зеус, богот на невремето, сопругот на сестра му, внукот на ЈурАнус, и твојот однос кон ближните се состои воглавно од електрокуција, секс, инцест, силување и искушување љубопитни жени?
И посети ја и Индија каде што секое село си има свој бог и своја планина од ѓубре и искуси ја нивната дхарма, па потоа постирај мудри Хинду поговорки.

Баш прееска поминав откај една црква, кај која претходно имаше натпис JESUS CARPENTER WANTS JOINERS а сега ставиле LOVE YOUR NEIGHBOR AS YOURSELF.
Исус исто така е единствениот пат и до тоалетна и сапун во оваа доба.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Сепак, зошто лоши? Не сите муслимани се терористи. 21 век е, уште ли ќе страдаме од исламофобија?
Така е нема потреба од исламофобија во век кој почна со 9/11, школски масакри во Русија, терористички напади на сите континенти, создавање калифати во блискиот исток и масакрирање на локалното машко население и постарите жени, а сексуално робство за другите.
И да повеќето муслимани ќе речат ова Исис и тероризмот е лоша работа но нивните гледишта некако не им се многу различни. Се знаев со еден муслиман, ама прав муслиман онаков арап а не ко оние припотомените од Западен Балкан. Сме имале долги дебати со него, во кои видов доволно колку Исламот е религија а колку идеологија.
Во тие дебати тој изрече дека Хитлер бил добар, дека било добро што цел исламски свет се борел во Чеченија, потоа ги обвини англичаните и американците за сите проблеми во средниот исток, исто дека Садам Хусеин бил добар, исто дека не смее да се исмева пророци, како што правеле оние лошите од Чарли Хебдо. Капак на се накрај ги обвини американците за геноцид и робство додека цел исламски свет плачкосуваа и пустошеа и тогаш и сега на 3 континети со црно, бело и шарено робје и последно ја прелија чашата кога рече дека Османската империја била добра, онака со восхит и тогаш ми зовре крвта моја ајдучка.
Ако Исламот не може да уништи здрав разум и способност да различи човек од добро и зло, тогаш ништо друго не може.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Затоа што богот кој е љубов, ќе те мачи и уништи доколку не веруваш во него.
Тоа веќе ни е познато. Но ќе почекам уште малку да видам што ќе одговори @GoranGoks. Ме интересираше нешто друго.
Дали тоа значи дека сте искусиле на сопствена кожа, тој-некој да ве мачи и уништи ,бидејќи не сте верувале во него?
 
Член од
26 април 2020
Мислења
53
Поени од реакции
73
Зошто тешко и болно ?
Drag prijatele,Moli se Gospod Isus Hrisos da si spomne za tebe i tvoeto spasenie dur si ziv ovde na zemjata,Isto taka moli se za tvoite blizni,pokaj se za grevovite sto si gi napravil,Gospod prostuva sve ako iskreno se pokaes i prodolzi da zivees Bogougodno,Citaj go Svetoto pismo posebo Noviot Zaved,posti,ispovedaj se i pricestuvaj se toa e receptot za vecen zivot,zasto tesko i bolno na onoj sto nema da bide zapisan vo knigata na zivotot na Nebesata.Da ne se lazeme,nie ovde so nasite tela sme samo gosti na ovoj svet,vremenski ograniceni, no duhot sto zivee vo nas e bezvremen,vecen i Kako mislime da ja pomineme vecnosta otfrleni od Boga,kolku e toa macno i bolno tesko e da se opise so covecki zborovi...Neka Gospod Isus Hristot bide milostiv so site nas
Slava mu na Boga
Автоматски споено мислење:

Затоа што богот кој е љубов, ќе те мачи и уништи доколку не веруваш во него.
Prijatele,eden moj dobronameren sovet.Pokaj se za tvoite zborovi zosto kolku sto mozam da primetam nemas strav od Boga
Samo zapamti deka ke ni bide sudeno za sekoj prazen zbor sto go izgovarame i pisuvame kako i za site pomisli vo nas a ti prodolzi kako sakas
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дали тоа значи дека сте искусиле на сопствена кожа, тој-некој да ве мачи и уништи ,бидејќи не сте верувале во него?
Тоа не го тврдам јас, го тврди членот кој го цитирав, така да на погрешна адреса ти е упатено прашањето.
Автоматски споено мислење:

Prijatele,eden moj dobronameren sovet.Pokaj se za tvoite zborovi zosto kolku sto mozam da primetam nemas strav od Boga
Samo zapamti deka ke ni bide sudeno za sekoj prazen zbor sto go izgovarame i pisuvame kako i za site pomisli vo nas a ti prodolzi kako sakas
Не сум кукавица да го поминам животот во страв, коленичење, каење и молење за некој да не ме казнува и суди после смртта. Тоа е едноставно тешка патетика.... Само глупак и кукавица може да верува дека уцена и закана се начини со кои се служи некој што треба да биде љубов.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Тоа не го тврдам јас, го тврди членот кој го цитирав, така да на погрешна адреса ти е упатено прашањето.
Гo цитирaше твoјoт истoмисленик , кoј тврди декa ви е пoзнaтo тoa.
Ви е пoзнaтo?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Гo цитирaше твoјoт истoмисленик , кoј тврди декa ви е пoзнaтo тoa.
Ви е пoзнaтo?
Познато е дека верниците го тврдат тоа, дека ем бог е љубов, ем ќе ти суди и ќе те казнува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom