ελευθερίααπόαλήθεια
Diplomat
- Член од
- 28 декември 2019
- Мислења
- 214
- Поени од реакции
- 466
Ок сепак ке реплицирам.Што е тоа нешто кое го разбираш и во кое веруваш а доаѓа од некој што не го разбираш? Објасни, дај пример.
Примерите очигледно не ми се јака страна и гледам погоре споредбата нешто не ми е на место, мислам поточно би било како татко и деца како што веќе е, а не како различно ниво на интелигенција, иако и тоа не е погрешно.
Ок ќе почнам со Оној што не го разбирам, но го познавам и му верувам во намера.
"All language is but a poor translation."
- Franz Kafka
Во стариот завет кога Мојсеј го прашува за името Негово, Господ Бог му одговара: „ЈАС СУМ КОЈ СУМ“ и дека „ЈАС СУМ“ го праќа,
од кое произлегува името Јахве кое значи „ТОЈ КОЈ ШТО Е“ или „ТОЈ Е“. Тоа е само по себе избегнување на име и било каква дефиниција или констрикција, а сепак кажува се за бесконечноста и целосноста на Бог.
Затоа кога ќе слушнам некој кога ќе истресе дека Бог е Тројство, Бог е Јехова, Бог е Исус, ми се иде да му го жигосам јазикот со таквата изјава.
Тоа е огромна разлика од политеистичките митологии, каде боговите се јасно дефинирани со опис на нивниот изглед, какактеристики, меѓубожни односи и професии. Создадени во Човечкиот лик.
Е сега една карактеристика која е откриена е Љубов. И има смисла, Некој што има неограничено знаење, неограничена моќ и неограничена доброта, не може да биде нешто друго.
Тоа што разбирам е дека овој свет се владее од закони, донесени од Законодавец преку ЛОГОС*, кои може да се поделат на математичко-природни и религиозно-општествени.
Првите владеат со природата и односите меѓу природните појави како материја и енергија или што и да е денес, а и ние со нашите тела сме дел од неа. Тоа е сцената, или штиците што живот значат.
Вторите владеат со општеството и односот меѓу човекот и Бог и односите меѓу луѓето, кои се еден вид примитивна но и доста ранлива биолошка интелигенција, способни за љубов (создадени во Божјиот лик). Тоа се актерите или ликовите.
Првите се оставени ние сами да ги откриеме, но вторите ни се откриени во Библијата преку Светиот Дух.
Во Битие приказната е дека ние станавме како Бог преку спознание за добро и зло и сугестијата е дека преку тоа преминавме од првите во вторите закони,
а пред тоа бевме животни (голи а без срам) кои живееја во градината (природата) и без познавање на добро и зло и во суштина еден вид биолошки машини. Deus ex machina.
Оттаму се доведува концептот на грев, како отстапување од овие закони, нешто за кое ние и те како сме способни.
Така да мислам низ целата Библија Бог се обидува да ги открие тие закони на луѓето, прво на евреите а потоа преку Исус на сите луѓе.
И има прогресија тука, на пример преку евреите е повеќе колективно, специфично, директно, строго, како да дисциплинираш помало дете, но преку Исус тоа станува повеќе индивидуално, генерализирано, имплицирано, милостиво, како да комуницираш со поголемо дете.
И целта е да се направи Човек како што беше Неговата замисла во почетокот од оние што ги создал во Неговиот лик, да се воспостави универзален систем или хиерархија од вредности кои ќе бидат прифатени од секого и да се воведат основни правила за претставата кои ќе дозволат учесниците да го искористат својот потенцијал и да ја придонесат својата жртва пред Бог пред да ја напуштат сцената.
Да веруваш во Исус (Бог е спасение) Христос (Помазаниот/Избраниот) значи дека си го прифатил како „дефиниција“ за Човек, како архетип, идеал, форма, а си го направил тоа преку покајание, со кое си ја признал својата некадарност, злоба и суровост и си се покорил на Божјата замисла за Човек и си се одрекол од сите други твои Човеци и патишта до Бог и спасение.
*ЛОГОС, нешто кое исто нема јасна дефиниција, но сугестијата е дека тоа е Речта, Инструкцијата, Разумот помеѓу Светото и Световното. Посредникот меѓу Човекот како далечна креација и Бог како најосновната реалност. Претставник на Бог за Човекот, но и Претставник на Човекот за Бог. Божји Син, но и Човечки Син.
5 недели го пишував ова, реплицирај внимателно.
Автоматски споено мислење:
Се примеќа дека Ѓаволот добро ги зграпчил во канџите, нели? Него рогатиот со некоја нова тактика сега, не само он што не постоел та и Исус не постоел, бре мајката.Цел куп празни зборови, цело време и понекоја навреда за христијанството - единственото нешто со смисол и фокус, во вашите постови.
Автоматски споено мислење:
Барем добив/изнудив еден одговор, ако ништо друго. И се согласувам со ова.најголем непријател на христијанството се христијаните
И со ова донекаде.сопствено незнаење и мизантропија
А за толеранција, не ми е тоа највисока вредност, не сум толерантен кон лаги и примитивни религии кои палат вдовици, ги делат луѓето на касти, промовираат расизам, фашизам, полигамија и третирање жени првенствено како средства за сексуално задоволување/фабрики за бебиња. А и да испиташе колку толеранција имаше во геноцидалното прото-фашистичкото Римско општество и другите пагани околу нив во времето на Исус и колку толеранција покажаа они кон „еврејската секта“ или воопшто за било каков „грев“ кон Империјата, немаше вака да пишуваш.
Мојот единствен став е Вистината. Факт е дека моралот на Западот (сосе православието како нереформиран дел) е базиран на Библијата, сите овие универзални декларации за човекови права влечат корен оттаму, концепт кој сеуште не е добро прифатен во другите култури. Единствена религија што дозволува секуларизација и вразумување на човештвото е онаа преку Исус Христос. Ниту секуларизација ниту вразумување ниту Човек ќе види овој свет додека не се искоренат народно-паганските религии и народно-црковните догми и додека не се сфати сериозно реакционерскиот Ислам на кој цел му е и ќе биде да го уништи Христијанството и Јудаизмот сосе вистина и догма и сосе Запад и сосе се друго.
И не, религијата не е само лична работа, духовноста и вербата се, религијата е твојот поглед кон светот и твојот однос кон луѓето и Бог. Како ќе бидеме соседи, ако ти веруваш во Зеус, богот на невремето, сопругот на сестра му, внукот на ЈурАнус, и твојот однос кон ближните се состои воглавно од електрокуција, секс, инцест, силување и искушување љубопитни жени?
И посети ја и Индија каде што секое село си има свој бог и своја планина од ѓубре и искуси ја нивната дхарма, па потоа постирај мудри Хинду поговорки.
Баш прееска поминав откај една црква, кај која претходно имаше натпис JESUS CARPENTER WANTS JOINERS а сега ставиле LOVE YOUR NEIGHBOR AS YOURSELF.
Исус исто така е единствениот пат и до тоалетна и сапун во оваа доба.
Последно уредено: