Коронавирус (COVID-19)

Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Не бе другар, ти навистина не разбираш.
Не ти ја игнорирам поентата. Се обидувам да ти покажам дека заради тоа што не разбираш, заради тоа што не ја познаваш фактичката состојба, заради тоа неразбирање се обидуваш да ја направиш таа „поента“ што сакаш да ја наметнеш како примарно важна... Не ти се потсмевам, ниту те напаѓам, и жал ми е што така ме доживуваш. Серизно, ете обиди се да најдеш неточност во тоа што ти го пишувам. Ако објективно погледнеш, ќе го видиш само сопственото незнаење и ќе видиш дека ставовите ти се погрешни.

Ајде уште еднаш, дел по дел од твојов пост. Ако си фер и објективен дискутант, или ќе ги демантираш посочените факти - или ќе се согласиш дека грешиш.

Науката. Медицината апсолутно рационално ја објаснува твојава дилема.
Oвде пишував за тоа. Се работи комплексен сплет од фактори, генетски предиспозиции, состојбата на вродениот имун систем (оној дел од имуниот систем кој се справува со нови и непознати вируси и бактерии), фенотипот на одредени заразени луѓе, нивото на оксидативниот стрес во ендотелните клетки/ткива (endothelial cells), итн... Работите се рационални и логични но само ако одвоиш време да се научиш повеќе. Тоа што не ги разбираш работите, ти прави претстава дека се „чудни и нерационални“. Не се ниту чудни, ниту нерационални. Напротив работите баш се рационални и многу интересни. Ти препорачувам да се едуцираш повеќе штом веќе те интересира темава, верувај дека нема да зажалиш.

Еве неколку ресурси за читање.
Постојат и куп други интересни написи, истражувања и студии, само побарај и ќе ги посочам/линкам.

Прегледај го приврзокот 249647

Прегледај го приврзокот 249642

Ова е често повторувана заблуда. Наметнуваш вештачка дихтомија заради тоа што не разбираш и ги игнорираш фактите (без да навлегувам во статистики и детали).

Точно, несериозно е да се прави споредба со грипот но ете погледни се самиот себе во претходниот цитат - токму тоа го правиш, споредуваш SARS-Cov-2 со обичен грип. Инаку точно е и тоа за SARS, дека е победен баш заради „неговата природа“. Неговата природа е заразените да не се инфективни за времето на инкубација, кај SARS има_симптоми=има_инфективност и лесно е да ги изолираш заразените баш заради тоа што имаш време и можност да ги изолираш веднаш после појавување на симптомите.

Со SARS-Cov-2 го немаш тој луксуз, заради тоа што голем дел од заразените се без симптоми, и заради тоа што SARS-Cov-2 може да се пренесува и во период на инкубација.

Гледаш како и двете работи што си ги напишал ти се точни, но сепак се обидуваш да ги ставиш во погрешен контекст. Извини но морам да ти предочам дека ова што го правиш е бирање на фактите, го посочуваш само делот што ти одговара на тезата но тоа e на сметка на целата слика и на реалноста, кои ги игнорираш.

Еве уште факти, иако не сакав да навлегувам (пак) во ваквите споредби: http://apjai-journal.org/wp-content/uploads/2020/02/Covid_AP-200220-0772.pdf
Ова е врз основа на податоци од Фебруари!!!
Денес бројките се стотина пати поголеми, но дури и во Фебруари лесно се гледал трендот и споредбите на SARS-Cov-2 со SARS и MERS.
Прегледај го приврзокот 249639

За жал тоа се само факти, а моментот што го нарекуваш „сеење страв“ е само твојот необјективен заклучок. Неспорни факти се дека во вториот бран од Шпанскиот грип умирале повеќе млади и здрави луѓе. И тоа воопшто не е ниту нелогично ниту тешко за разбирање. Ако одделиш време да се едуцираш за фактите, ќе видиш дека кај Шпанскиот грип самите луѓе направиле вештачка селекција и придонеле да се шири посмртоносен подтип од тој вирус.
Прочитај. Зошто ги игнорираш фактите?

Па линковите се баш „за да се нацрта“ како реално стојат работите. Не се само википедија линкови, има линкови и од научни студии и истражувања но и нив ги игнорираш.
Се извинувам ако звучам грубо и ако делува како да те напаѓам лично тебе, но тоа е реалноста. Ги игнорираш фактите и нема фин начин да се каже тоа.

Еднакво нерелевантно (како твојот првичен пост) можеше и да ме прашаш која е смислата на животот. Eдинствен одговор што јас можам да го понудам би бил: 42. :)
Социолошките феномени и состојбите кои следат се неизбежни. Но може да се избегне голем број на жртви (што ќе доведе до потешки состојби и „социолошките феномени“) и за мене тоа е примарната цел кон која треба да се фокусираат здравствени системо во државите.
Респект,доста си се потрудил во потрага на вистината!(y)
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175

Добро, си се потрудил во секој случај.

Јас не сум медицинско лице, а сметам дека не си ни ти, се извинувам доколку грешам.

Значи, вистината е дека ти немаш познавања на фактите, а само со бирање на научни студии кои ми ги посочуваш сакаш да си го оправдаш ставот.

Апсотутно дека ќе постојат такви "студии" па мора барем некако да се оправда локдаунот на 7 милијарди луѓе.
Она што ти го игнорираш е разумното објаснување, Нобеловците на другата страна од мозаикот и сл.

Па Др. Вело Марковски е специјалист инфектолог и секако дека е поверодостоен и со прочитани илјадници повеќе трудови од тебе кој вели дека ова не е карантинска болест.

Еве ти прашања за размислување кои сами се наметнуваат.
1. Најпрвин излегоа токму такви "студии", кои ги пренесоа и некои наши доктори дека вирусов опстпојувал во воздух повеќе од 3 часа, па си се демантираа.
2. Рекоа дека е вирусов многу пренослив ама жената што е прв случај во Македонија не зарази никој во комбето во кое патуваше со денови од Италија. Потоа рекоа дека таа ја преминала фазата на заразување затоа што имала симптоми. Па тогаш ич да не се плашиме ако ни се искашла некој убаво во лице, има симптоми значи не пренесува. Зошто ни се тогаш маски ?
3. Кажуваат дека е толку пренослив што веќе се заразени 10-15% од населението, односно имаат такви антитела, го кажаа тоа и во Белата Куќа пред почетокот на еден од брифинзите на Трамп. Па ако е така карантинов ни е апсолутно бесмислен и непотребен. Па од друга страна веднаш студија повторно дека е многу, ама баш многу пренослив и асимптоматски и секако ама заразени нема ниту 1%. Како е, пак, сега тоа можно ?!?
4. Зборуваат дека температурата не влијае врз вирусов а не спремаат за втор есенски бран. Па ако не влијае нека не спремаат за летен бран, зошто да застане вирусов месециве што следат, веројатно ќе оди на одмор и тој и водечките негови пропагатори?!?
5. Конкретен пример од Македонија. Од првиот случај со жената, Дебарчаните и слично се заразија над 1500 луѓе, според официјалните бројки. Се воведе карантин но од десетици луѓе стигнавме до над 1000. Како е тогаш можно сега со олеснети мерки и активни (само потврдени) над 500-600 случаи да не се стигне до барем 10.000, или ете барем до 1000 нови а ние и воопшто речиси немаме потврдени нови случаи. Бројките како да велат нешто сосема друго...

Ете тоа беа прашањата за размислување, има и други но да не должиме премногу.
Не мора да ми одговориш, затоа што и не може да се одговори на овие дилеми, ниту јас ниту ти ниту Тедрос од СЗО. Веројатно сите од нив би одговориле површно и презентирајќи ги фактите што само ним им одговараат.
 
Последно уредено:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.848
Поени од реакции
17.547
Сите што не одите со кола на работа, а не сакате да се гужвате у автобус ко сардини со старци и секакви, посебно после Ковид 19, еве ви одлична статија.

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.960
Поени од реакции
8.615
Пациент на 56 години без преходни заболувања, со температура и анамеза за контакт со ковид 19 позитивни лица. Сува кашлица и недостаток на воздух. Подоцна тестиран позитивен за ковид 19. Компјутерската томографија од бел дроб изгледа вака. Баш како од учебник.

IMG-20200504-WA0000.jpeg
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Досега можеме да забележиме смртност на респиратор кај нас од 100%, па така доаѓаме до реален и научно потврден заклучок , на што нели се повикуваат заговорниците на овие мерки, дека ако пациентот стигне до толку лоша состојба да биде поврзан со респиратор, тој реално и за жал, нема речиси никакви шанси да преживее, а оздравуваат само оние полесни случаи на домашно лекување. Зошто ни е тогаш толку важно дали ќе набавиме уште 18 респиратори од Бразил, Индија или не знам, Узбекистан. Зарем организам на 80 годишен човек може да издржи враќање на самостојно дишење после приклучување на респиратор ?!?
:kezec:

ГОБ „8 Септември“: Прв пациент со ковид-19 во Македонија тргнат од респиратор
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Пациент на 56 години без преходни заболувања, со температура и анамеза за контакт со ковид 19 позитивни лица. Сува кашлица и недостаток на воздух. Подоцна тестиран позитивен за ковид 19. Компјутерската томографија од бел дроб изгледа вака. Баш како од учебник.

Прегледај го приврзокот 249700
Не сме сите медицински писмени и не гледаме исто како тебе. Може да појасниш малку повеќе?
 
H

HoT _iCe

Гостин
За онија што су ме читале, знаев дека дедо ми пред скоро месец дна заврши на инфективно, сас отежнато дишење и симптоми на корону. Ичера се голгота заврши, дедо ми е тестиран 3 пут, 3 пут негативан, не е ни бија коронаш. Здрав, прав.
Знаете ли што?
У кумановску болницу беше примен откако ниедн приватан доктор нејќеше ни да га прегледа, директно на инфективно оделение, сас таг, коронаш. Дедо ми и пред да биде корона, беше изолиран зашто е 82 године и стално се разболуе, а пошто има реуму у крв и други дијагнозе, свака његова настинка се спушта на плуќа и тешко диши и кашља. Интересно е што у кумановску болницу работив све неписмени и запослени партиски без ни малце познавање или интерес да гу работив своју работу, едноставно су тамо, клати врата земај плата. Директно без да га прегледа специјалист, интернист или не знам што, од око установиле дека има корону и беше изолиран од старт, док беше тамо 4, 5 дна, свак дн полоша ситуација, затој што не га ни лечисва. На сви ни га загорева гра затој што тија медицински сестре у присуство на деду ми коментирале, изгледа дедо е коронаш и овј чуе и ни кажа на нас и сви бесмо истревожени. У целу ситуацију, матична докторка на деду ми, ниедн пут не е контактирана или прашана што и како е ситуација сс деду, дали е човек хронично или не. Едноставно не ги гајле. У меѓувреме док беше тамо, тестиран е за корону, а резултати изгубени, едноставно ги изгубиле.

Док не дошле доктори од Скопје и едн куп пациент на основ на корону да ги преземев од Куманово. Дедо ми беше пратен у Скопје на инфективно и тамо лега 20 дна. Ја можу само да им се захвалу на људи што у овој заебано време, нервозно и све, ЗНАЕВ ДА СИ РАБОТИВ СВОЈУ РАБОТУ. Одма још у прв дн виделе дека иако слика на деду ми изгледа апла како корона, уствари се работи за обично упалење на плуќа предизвикано од настинку. Одма контактирана матична, одма установена претходна хронична дијагноза, значи СВЕ ПРОПИСНО, ПРОФЕСИОНАЛНО. Како овој не е могало да биде у Куманово? Дедо ми од како е примен у Скопје, до прекичера е тестиран 3 пута за корону, 3 пут негативан. Проследено сас максимално професионално понашање и ангажман од сестре, до доктори, да не улазам у детаљи али да се чудиш. Свака ви част, капу ви симињам цареви сви до едн, и фала ви, знам дека дедо ми е стар и болан ама продужиле сте му век.

Муабет у целу ситуацију ми беше дека превише се гомна едев и зборив за корону, теорие на заговор и слично. Еве дедо ми е бија класичан пример за коронаш, нели су могале да не га лечив, прогласив за корону и не знам што, могале су, могале су да не ги е било гајле како у Куманово ама људи су професионалци.
Још едн пут ќе кажу, инфективно, државно Скопје, фала ви!!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Педерски е да пушташ вртени :))))))

Не сме сите медицински писмени и не гледаме исто како тебе. Може да појасниш малку повеќе?

Докторите паничат кога ќе видат бели флеки на слика на бели дробови, значи дека нема воздух таму, не пробиваат зраците. Налбатски кажано, колабирано белодробие :/
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.960
Поени од реакции
8.615
Не сме сите медицински писмени и не гледаме исто како тебе. Може да појасниш малку повеќе?

Слика од здрави бели дробови. Црното е здраво белодробно ткиво со воздух. Воздухот е секогаш со црна боја на томографијата. Направи сега споредба.
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Само кај 35 лица од Дебар детектирани антитела (од 2300 тестови)

Сепак вирусот не се шири толку лесно и не е апла раширен како што многу веруваат.
Онаа емисијата со д-р. Драган Данаиловски и тој докторот од Тетово (му го заборавив името) што се емитуваше почетокот на март испадна најинформативна и најточна од сите.
Уште тогаш рекоа дека пикот ќе биде средина на Април и дека за вирусот да се пренесе треба да седиш повеќе од 5-10 минути во иста просторија со заболен, плус многу други корисни информации.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom