Не бе другар, ти навистина не разбираш.
Не ти ја игнорирам поентата. Се обидувам да ти покажам дека заради тоа што не разбираш, заради тоа што не ја познаваш фактичката состојба, заради тоа неразбирање се обидуваш да ја направиш таа „поента“ што сакаш да ја наметнеш како примарно важна... Не ти се потсмевам, ниту те напаѓам, и жал ми е што така ме доживуваш. Серизно, ете обиди се да најдеш неточност во тоа што ти го пишувам. Ако објективно погледнеш, ќе го видиш само сопственото незнаење и ќе видиш дека ставовите ти се погрешни.
Ајде уште еднаш, дел по дел од твојов пост. Ако си фер и објективен дискутант, или ќе ги демантираш посочените факти - или ќе се согласиш дека грешиш.
Науката. Медицината апсолутно рационално ја објаснува твојава дилема.
Oвде пишував за тоа. Се работи комплексен сплет од фактори, генетски предиспозиции, состојбата на вродениот имун систем (оној дел од имуниот систем кој се справува со нови и непознати вируси и бактерии), фенотипот на одредени заразени луѓе, нивото на оксидативниот стрес во ендотелните клетки/ткива (endothelial cells), итн... Работите се рационални и логични но само ако одвоиш време да се научиш повеќе. Тоа што не ги разбираш работите, ти прави претстава дека се „чудни и нерационални“. Не се ниту чудни, ниту нерационални. Напротив работите баш се рационални и многу интересни. Ти препорачувам да се едуцираш повеќе штом веќе те интересира темава, верувај дека нема да зажалиш.
Еве неколку ресурси за читање.
As the world is witnessing the epidemic of COVID-19, a disease caused by a novel coronavirus, SARS-CoV-2, emerging genetics and clinical evidences suggest a similar path to those of SARS and MERS. The rapid genomic sequencing and open access data, together with advanced vaccine technology, are...
pubmed.ncbi.nlm.nih.gov
Cells in the intestines, nose, and lungs have active genes that allow the coronavirus infect cells.
www.zmescience.com
An immune reaction gone wild seems to be linked with the most severe cases of pandemic Covid-19. Here’s what happens.
www.asbmb.org
Постојат и куп други интересни написи, истражувања и студии, само побарај и ќе ги посочам/линкам.
Прегледај го приврзокот 249647
Прегледај го приврзокот 249642
Ова е често повторувана заблуда. Наметнуваш вештачка дихтомија заради тоа што не разбираш и ги игнорираш фактите (без да навлегувам во статистики и детали).
Точно, несериозно е да се прави споредба со грипот но ете погледни се самиот себе во претходниот цитат - токму тоа го правиш, споредуваш SARS-Cov-2 со обичен грип. Инаку точно е и тоа за SARS, дека е победен баш заради „неговата природа“. Неговата природа е заразените да не се инфективни за времето на инкубација, кај SARS има_симптоми=има_инфективност и лесно е да ги изолираш заразените баш заради тоа што имаш време и можност да ги изолираш веднаш после појавување на симптомите.
Со SARS-Cov-2 го немаш тој луксуз, заради тоа што голем дел од заразените се без симптоми, и заради тоа што SARS-Cov-2 може да се пренесува и во период на инкубација.
Гледаш како и двете работи што си ги напишал ти се точни, но сепак се обидуваш да ги ставиш во погрешен контекст. Извини но морам да ти предочам дека ова што го правиш е
бирање на фактите, го посочуваш само делот што ти одговара на тезата но тоа e на сметка на целата слика и на реалноста, кои ги игнорираш.
Еве уште факти, иако не сакав да навлегувам (пак) во ваквите споредби:
http://apjai-journal.org/wp-content/uploads/2020/02/Covid_AP-200220-0772.pdf
Ова е врз основа на податоци од Фебруари!!!
Денес бројките се стотина пати поголеми, но дури и во Фебруари лесно се гледал трендот и споредбите на SARS-Cov-2 со SARS и MERS.
Прегледај го приврзокот 249639
За жал тоа се само факти, а моментот што го нарекуваш „сеење страв“ е само твојот необјективен заклучок. Неспорни факти се дека во вториот бран од Шпанскиот грип умирале повеќе млади и здрави луѓе. И тоа воопшто не е ниту нелогично ниту тешко за разбирање. Ако одделиш време да се едуцираш за фактите, ќе видиш дека кај Шпанскиот грип
самите луѓе направиле вештачка селекција и придонеле да се шири посмртоносен подтип од тој вирус.
The worldwide spread of a novel influenza A (H1N1) virus in 2009 showed that influenza remains a significant health threat, even for individuals in the prime of life. This paper focuses on the unusually high young adult mortality observed during the Spanish ...
www.ncbi.nlm.nih.gov
Прочитај. Зошто ги игнорираш фактите?
Па линковите се баш „за да се нацрта“ како реално стојат работите. Не се само википедија линкови, има линкови и од научни студии и истражувања но и нив ги игнорираш.
Се извинувам ако звучам грубо и ако делува како да те напаѓам лично тебе, но тоа е реалноста. Ги игнорираш фактите и нема фин начин да се каже тоа.
Еднакво нерелевантно (како твојот првичен пост) можеше и да ме прашаш која е смислата на животот. Eдинствен одговор што јас можам да го понудам би бил:
42.
Социолошките феномени и состојбите кои следат се неизбежни. Но може да се избегне голем број на жртви (што ќе доведе до потешки состојби и „социолошките феномени“) и за мене тоа е примарната цел кон која треба да се фокусираат здравствени системо во државите.