Ракопис

  • Креатор на темата Креатор на темата НеоН
  • Време на започнување Време на започнување
Пишувам со десна рака, порано и со лева ама со тек на време видов дека нема ќар од тоа и престанав. :)
Ракописот кога брзам е ужасен па многу пати кога ке читам повторно ни јас не знам што сум напишала, ама затоа кога не се брзам имам стварно многу добар ракопис - без лажна скромност.
 
Кога сакам можам да пишувам колку толку-убаво, но претежно кога пишувам секогаш сум во брзање и пишувам со ептен лош ракопис. Кога брзината ќе кулминира, буквите се претвораат во некои шкрабаници на кои потоа си се чудам и самиот. :)
 
Па имам ситен ракопис. Кога велам ситен, мислам на ептен ситен, минијатурен. :icon_lol:
Десничар сум. За неговата разбирливост... се' зависи од расположението. А и од пенкалото. Сакам да пишувам со тенки пенкалца, така некако полесно ми лизга. :icon_lol:Така што, има моменти кога буквално везам, а има моменти кога дури ни букви не пишувам, тоа изгледа вака некако. После тоа едвај го дешифрирам. А пишувам доста брзо. Зошто да се мачам да пишувам крупно, кога со мојата брзина и со мали букви, за тоа време - 3 пати поише букви ќе пишам. :D
Кога ќе напишам нешто на табла, да седнеш на прва клупа ќе оќориш, а не па подалеку. :ROFLMAO: Еднаш ми застана една професорка над глава, можеби 2 минути стоеше и после некое време: Немој да ми кажеш дека вака ќе пишуваш и на тестот што ќе го праиме? :ROFLMAO:

Секогаш ме зезаат, дека штедам тетратки. Али таков ми е стилот сеа, што да праам. :P На некого една лекција ќе му собере на 2 листа, ја ни пола страница не можам да попунам. :pos:
 
Имам катастрофален крупен ракопис, што може да се прилагодува од ситуации, може да биде и катастрофален ситен ама само од ситуации како што реков. Деничар сум, ама нема многу разлика од пишување и со лева :D Порано знам многу брзо пишував, се тркавме сите кој ќе препише побрзо еден текст, знам секогаш прв бев, сега онака сум лабаво... А специјалист сум за пишување со моливи колку ноктот или такви боцки од пенкалото само и други ретардирани средства за рачно пишување како клуч, нокт... И најакото не си го разбирам баш ракопсот, не ми го разбираат многу ракописот, и не разбирам баш многу туѓи ракописи :cool:
 
грТ ракопис на кој секој доктор може да ми завиди.
 
pisuvam i so leva i so desna ama so desna sum definitivno podobar :pos: ama rabotam na toa da ja usovrsam i levata:vozbud:
 
Ако пишувам како полжав споро можам да везам ама дека нон стоп сум на компјутер веќе и сум заборавил да пишувам - фаќам пенкало и чудно ми е што правам ( ко да учам нешто ново секој пат кога ќе фатам пенкало :icon_lol:) :pos: - А најтрагично е дека сум колекционер на пенкала :свиркам:
 
Зависи како пишувам. Кога е бавно или умерено имам убав ракопис. Кога е многу брзо не е толку убав, но сепак се разбира колку толку и тогаш.
Природно пишувам со десна, но со тек на време почнав да учам и со лева.
 
Деснак сум, а за ракописот ке ја цитирам мојата бивша професорка по македонски: "Кога ке дојде неговата писмена на ред за прегледување, ми доаѓа да заплачам."
 
Деснак сум, а за ракописот ке ја цитирам мојата бивша професорка по македонски: "Кога ке дојде неговата писмена на ред за прегледување, ми доаѓа да заплачам."

giphy.gif

 
Десничарка. Претежно ситен ракопис, ако има потреба пишам и покрупно. Значи на лик е God damn преубав, се дур не седиш да читаш и сфатиш дека пола азбука исто ја пишам. Кирилица ми е визуелно поубав ама понеразбирлив, латиница ми е погрд ама па секоја буква се разликува и полесно се разбира.
 
ОК ми е ракописот, се разбира до некаде... али се сеќавам на другар во основно, секогаш кога правевме писмена професорката го тераше неговиот состав тој самиот да го чита на глас дека не го разбираше (се имаше одкажано од неговите хиреоглифи)... што е најтажно, ни самиот другар неможеше да го прочита својот ракопис :pos:, и ова нема врска со неписменост, туку до толку му беше мртво пишувањето. Лекарине што чкрапаат по рецептине можат да го разберат својот ракопис, другаров својот неможеше.
 
ОК ми е ракописот, се разбира до некаде... али се сеќавам на другар во основно, секогаш кога правевме писмена професорката го тераше неговиот состав тој самиот да го чита на глас дека не го разбираше (се имаше одкажано од неговите хиреоглифи)... што е најтажно, ни самиот другар неможеше да го прочита својот ракопис :pos:, и ова нема врска со неписменост, туку до толку му беше мртво пишувањето. Лекарине што чкрапаат по рецептине можат да го разберат својот ракопис, другаров својот неможеше.

Кога сме на таа тема, ја можам некои шкрабописи да дешифрирам, ама некои ни Шамполион да стане од гроб, како на пример на другар ти не може да ги дешифрира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom