- Член од
- 16 декември 2011
- Мислења
- 86
- Поени од реакции
- 175
Ја следиш темава ама за жал малку ја разбираш и тоа го покажуваш преку неколку моменти што ги спомна ама овој подолу ќе го издвојам:
SARS и MERS не исчезнаа сами од себе и ќе предизвикаа многу повеќе жртви да не беа спречени со многу ригорозни мерки од здравствените системи во засегнатите држави. MERS и ден денес повремено се појавува, но за среќа не се пренесува лесно од човек на човек. Сето ова ќе го знаеше ако одвоеше неколку минути да ја побараш информации на нет кои се лесно достапни.
Дел од тоа што помогнало во спречувањето на ширењето на SARS и MERS е тоа што заразените не поминуваат асимптоматично и за време на инкубацијата (кога нема симптоми) заразените не може да заразуваат други луѓе. Ова е спротивно со SARS-Cov-2, заразените заразуваат други луѓе и за време на инкубацијата. Дури и после инкубацијата голем дел од заразените немаат симптоми (и сеуште заразуваат други луѓе). Заради тоа SARS-Cov-2 успешно се прошири на целата планета, а SARS и MERS беа локализирани и спречени.
Ова ваљда е најмалку разбраната работа на темава, иако илјадници пати е објаснета.
Ај пак. Баш заради тоа што голем дел од заразените немаат симптоми (ама заразуваат други луѓе), баш заради тоа овој вирус е 10х пати посмртонесен од обичен грип. И тоа 10х е само заради мерките за изолација, смртноста неминовно ќе се покачува како што мерките ќе се релаксираат.
Во секој случај напиша долг пост и сметав дека заслужуваш насоки. За жал веројатно џабе се трудам, не само ти туку сите кои после оволку време не разбираат вакви основни работи - тоа не затоа што фактите не биле презентирани, туку заради тоа што фактите се игнорираат. Истиве работи се повторуваат безброј пати.
Автоматски споено мислење:
Не од првиот бран, ама вториот бран баш млади убивал повеќе.
Пошто веројатно нема да се потрудат да побараат:
едит: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3734171/Spanish flu - Wikipedia
en.wikipedia.org
Ок, ајде повторно иако знам дека е залудно.
И игнорирање на вистинската поента во мојот пост и воопшто на мојот пост од одредени членови (не само од тебе, извини што само тебе те цитирам) и потсмевање и на крајот напаѓање. Има еден најпознат цитат од Ганди, ќе побараш на Гугл, не е тешко, некако слично одеше...
Инаку, како што реков сето ова со вирусов е апсолутно контрадикторно, ем 90% од случаите се асимптоматски, ем тие со симптоми се тешко погодени. Не ти е тоа чудно и дали се запрашуваш како тоа е воопшто може рационално да се објасни ?
Па ако фатам јас грип ќе ги имам истите симптоми како и некој од 60 години и веројатно ќе го победам побрзо и полесно поради возраста, но симптомите, помалку или повеќе изразени се тие, макар се работело и за Арнолд Шварценегер во најдобрите денови.
Останувам на твдењето дека е бескрајно, во најмала така, несериозно да се прави споредба со грипот, кога се работи за вирус од една друга фамилија што ни е веќе позната и што не не напаѓа во бранови. Ако подобро се информираш ќе увидиш дека сарсот исчезнува одненадеж токму како што се појавил, делумно поради мерките, но најмногу поради неговата природа.
Понатаму, од една страна никако не правете споредби со грипот, ова е друго, а од друга се пласира тврдењето дека е сезонска болест како грипот, а другите корона вируси не се ?!?
И повторно сеење страв дека умирале млади и тоа од што, од грип! Но не се застанува тука, одиме понатаму, не умирале во првиот бран, во вториот !
Јас мислам дека тие што ќе бидат карантинизирани 218% ќе преживеат најмалку до 13тиот бран, а ние другите тешко да прекорачиме после 5ти или максимум 6ти.
И ете пак да повторам, да појаснам, зошто нели некогаш некому мора да му се нацрта, постот ми беше да се запрашаме околу работите дали не ни делуваат чудни, не реков како е или како не е и апсолутно не барав линкови од википедија или цитирање на СЗО (додуша и тие си се демантираа неколку пати досега).
И на крај прашањето до тебе ми е (што воедно и беше и поентата на мојот пост, но ти сакаше да бидеш портпарол на СЗО), како ако ситуацијава е толку опасна и безнадежна да ги надминеме социолошките феномени и состојби кои неминовно ќе следат и, во најмала рака, уништат вистинскиот живот на сите, а особено на помладите ?
Последно уредено: