Помош, софтверски проблеми и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase91
  • Време на започнување Време на започнување
Kликнав икс и после save as празно го сними str фајлот. Нема превод.
Пробај со Handbrake отвори го филмот и види овде што ќе ти даде
1588591505948.png

За да не се мачиме, качи ги фајловите на 2-3 wetransfer линкови и пушти ми ги.
А најдобро како што рече @moongoses види дали го има веќе некаде преводот, као на пример овде
 
Пробај со Handbrake отвори го филмот и види овде што ќе ти даде
Прегледај го приврзокот 249472

За да не се мачиме, качи ги фајловите на 2-3 wetransfer линкови и пушти ми ги.
А најдобро како што рече @moongoses види дали го има веќе некаде преводот, као на пример овде
Ќе пробам кога ќе бидам на компјутер. Филмот е стар српски така да преводот го нема на странициве. Јас разбирам српски ама сакав и превод да има.
 
Ги пробав сите програми кој ми ги праќате за вадење превод од ДВД ама ни едно нешто не ми иде да извадам превод. Би ви ги пратил јас линковите ама проблемот е што имам уште неколку ДВД филмови од кој сакам да им ги извадам преводите, да е еднаш би ви пратил и ќе завршевме работа.
 
Па ќе ти пишам како сум го извадил со сигурност, ако се вади.
Дај скриншот да видам како изгледа преводот кога го гледаш директно од двд, да не е стварно залепен ко шо рече @Ron Burgundy иако не би требало...
 
Филмот е Маратонците го трчаат почесниот круг што го даваа со весник пред неколку години. Има на избор и македонски и албански превод
 
Баш тоа прашав, дали е филмот маратонците го трчаат почесниот круг.
Стај го на ветрансфер и дај линкови.
 
Кога ќе го отворам фолдер има еден куп IFO фајлови и врска немам кој е фајлот со преводите
Eве ги сите IFO фајлови
 
Само со тие фајлови ништо не праиме братќе, некако слабо ти иде со инструкцииве, мислам дека 2 пати ти кажав цел филм да го качиш.
 
Цел филм има да се изначекам додека се стави со мојов интернет заникаде upload.
 
Пресметај си што ти е приоритет.
Имам неограничен интернет али бидејќи е доста е спор за upload не би сакал да се замарам со вакви работи. Мислев ако можам сам да ја направам оваа работа со преводот ОК ако не никому ништо.
 
Таков филм не се гледа со превод :)

Sent from my Redmi
 
Пробав да го избришам password-от на Windows10 според туторијалов: https://www.youtube.com/watch?v=jXQ7Aj5uBe4
И после тоа не само што не ми се избриша, него ми дава и дека имам креирано и втор акаунт со password... некој да не знае како да го решам проблемов и стварно да го избришам password-от ?
 
Јас знам, две пивца честиш и решен проблем.

Инаку видеово убаво си кажува дека не е за тоа, ама си го скокнал тој дел. Барај на гугл како да избришеш пасворд. Или опција 1. :D
 
Што ви е бе со бришењево пасворди? Не сте свесни дека пасвордот во суштина не ви е само за физичко спречување на некој да влезе во вашиот комп, туку и мрежно! Не бидете мрзи и пишувајте си го пасвордот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom