Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

  • Креатор на темата Креатор на темата Sephiroth
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки предлог гејминг конфигурација до 500евра , е сеа не сум сигурен дали да купам нов монитор бидејќи имам но нема hdmi приклучок , а како што знам hdmi е норма денеска.
Како не може до 500 евра, секако дека може, нека не те тролаат
1588058759304.png
Само рамот е малку чкљ, друго се ти е топ, процесорче топ, графичка ТОП, ссд, хард... матична океј, напојување океј, куќиште полу-океј
 
Оваа го нарекуваш гејмерски компјутер за 2 години пак ќе мора да го менува и појачува јас на стариот имав повеќе рам
 
Абе види со оглед на тоа што немам играно игра пост 2012 и тој за мене ќе биде гејмерски пошто од 2012 до 2020 имам пропуштено премногу игри , е сега дополнително прашање гледав на интернет има HDMI VGA конвертери , безбедни се за користење?
 
прашањево ти е лудница, дали се безбедни :icon_lol: па штом ги прават сигурно се.
 
Земи си претваат од дигитален у анлоген сигнал тие конвертори со 4 гига рам и игра од 2016 ќе имаш проблем да ја користиш ако стварно пранираш да го правиш минимум 8 гб препорачувам.
 
Чим има монитор веројатно има и куќиште, зашто да не проба да го искористи? Ете ги парите за уште 4гб рам, барем мое мислење.
 
Зависи што конфигурација има за денешните игри не е само рам да ставиш повеќе ако е така нека си земе xbox или ps4 повеќе се исплати од правење на вакво куќиште .
 
Како не може до 500 евра, секако дека може, нека не те тролаат
Прегледај го приврзокот 247952
Само рамот е малку чкљ, друго се ти е топ, процесорче топ, графичка ТОП, ссд, хард... матична океј, напојување океј, куќиште полу-океј
Може да проба половна 1060 6GB , za 6-7000 den ем појака. И напојување поарно DeepCool. И SSD било кое друго освен Kingston :)
 
Другарот на сликата што му склопил е X2 4Gb рам така да ќе има 8 гб дуал чанел
 
Дечки поздрав дали може да ми кажете каде и кои продавници освен Анхоч, Сетек и Нептун во Скопје има добри компјутерски делови (и по најповолни цени) и дали имате некоја сигурна интернет страна да препорачате особено следниве
Intel i-5 9400F
Gigabyte Z390 UD
МSI Nvidia GeForce GTX 1660 Super
GeForce® GTX 1660 SUPER™ GAMING X
G.Skill Aegis 16GB (2x8GB) DDR4-3000
конфигурацијава секако ја видов на интернет и ме интересира за ваше мислење секако оваа е со буџет од 35-40 илјади денари.
Бидејки мн мн брзо напредна технологијата и малку ми избегаа работите прифаќам секакви препораки критики и слично слободно дали во порака или коментар . :):oeoeoe:
 
Нексио, контактирај ги на ФБ.
Ја би одел на АМД варијанта, ако е за строго гејминг, Рајзен 2600, поевтина матична, и парите да идат за појака графичка ко 5600xt
Ама не знам баш дали ќе влезе у комбинација до 40000
 
Дечки поздрав дали може да ми кажете каде и кои продавници освен Анхоч, Сетек и Нептун во Скопје има добри компјутерски делови (и по најповолни цени) и дали имате некоја сигурна интернет страна да препорачате особено следниве
Intel i-5 9400F
Gigabyte Z390 UD
МSI Nvidia GeForce GTX 1660 Super
GeForce® GTX 1660 SUPER™ GAMING X
G.Skill Aegis 16GB (2x8GB) DDR4-3000
конфигурацијава секако ја видов на интернет и ме интересира за ваше мислење секако оваа е со буџет од 35-40 илјади денари.
Бидејки мн мн брзо напредна технологијата и малку ми избегаа работите прифаќам секакви препораки критики и слично слободно дали во порака или коментар . :):oeoeoe:
Топла препорака да се обратиш до Нексио. Јас ќе го составувам мојот компјутер деновиве и графичка, куќиште и рам меморија зедов оттаму. Немаат веб страна (во изработка им е) ама имаат фб профил и брзо враќаат. Слободно побарај им ценовник и ако земаш повеќе делови прашај за попуст. Баш за графичка ми нудеа 1660 Super од Gigabyte за 17000 ден, ама скапа ми беше и зедов MSI 1650 Super за 13500. Исто така држат и G. Skill RAM. Btw во Нептун немаш компјутерски компоненти, само цели склопени конфигурации.
 
Убаво ти препорачаа и двајцата само уште да додадам не фрлај пари на голем ССД оди на варијанта со 120 или 240 и ХДД повеќе се исплати а понатаму можеш да купиш подобро ссд ако ти треба .
 
1588348922590.png

Дечки ако може некое мислење за лаптопиве, разликата меѓу првиот HP и Lenovo-то (вториот лаптоп) е само во графичката, марката и цената(не е значителнa разлика).Најбитен ми е процесорот, графичката не е толку, не гејмам.Повеќе ме носи паметот накај првиот.
 
Последно уредено:
Прегледај го приврзокот 248811

Дечки ако може некое мислење за лаптопиве, разликата меѓу првиот HP и Lenovo-то (вториот лаптоп) е само во графичката, марката и цената(не е значителнa разлика).Најбитен ми е процесорот, графичката не е толку, не гејмам.Повеќе ме носи паметот накај првиот.
Бегај од ХП Леново се малку подобри ма да ако можеш да најдеш асус со цена што ти одговара земи си .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom