- Член од
- 30 март 2018
- Мислења
- 1.459
- Поени од реакции
- 1.886
Како што кажав, земи прочитај го Законот за трговски друштва и ќе видиш дека секој начин на којшто може да се оштетат малите акционери е во спротивност со барем 5-6 негови членови. Би ти кажал и кои, ама мислам дека поголема услуга ќе ти направам ако сам отвориш и прочиташ.Ништo неможете да направите...
Немора ништо од тоа што си напишал да прави иако за сите тие опции може да најде правна рамка да ги изведе.
реалноста е дека било која предлог одлука да ја гласате кога ќе се пребројувате 80% од гласовите ке бидат како он мисли дека е најдобро.
И тоа со менаџерската а не дивиденда, иако непопуларна пак е легална.Да!,не им одговара и не е фер кон “малите акционери” ама неможат ништо околу тоа освен медиумски срам да пробаат да му нанесат, никакви судови и тужби нешто ќе сменат...
затоа и реков подобро да се делистаат, он сам со одлуката ви рече дека не сте пожелни, однесете си ги парите на друго место и тоа е тоа.
УК берза мислам дека има правило некој што држи 30% не исполнува услови за котација (еден пример...)
и кај нас нели има ако некој се стекне со 25% мора јавна понуда да даде и да докупи до 75%.
Да повторам уште еднаш: секој што мисли активно да инвестира на берза МОРА дури и у 4 саат наутро да го разбудат да го знае напамет секој член од одделот за акционерски друштва од ЗТД! Тоа е буквално Светото писмо на акционерството и кристално ќе ви ги разјасни законските рамки у коишто можат да се движат раководството и сопствениците.
Пошто сметам дека досега на форумов испишав сериозно градиво и дадов гратис сосема доволно совети и информации, на некое време ќе престанам да пишувам и чат-пат само ќе читам. Се надевам дека ќе има да се прочитаат корисни и аргументирани анализи.