- Член од
- 30 март 2018
- Мислења
- 1.459
- Поени од реакции
- 1.886
Сите тие работи што ги наведе како тој може да проба да ги оштети малите акционери се НЕЗАКОНСКИ. Значи апсолутно препорачувам апсолутно секој што намерава да се занимава активно со инвестирање на берза да си го прочита и научи наизуст Законот за трговски друштва и тогаш ќе му стане јасно каква правна заштита му нуди постоечкото законодавство. Сите досегашни малверзации како наведената во Охридска банка се случиле само затоа што малите акционери тоа го дозволиле поради неорганизираност или правна неукост.Еве вака ја како акционер на ПКБ да прашам неколку работи, од економско-правен аспект. Повеќе правен, јер тоа не ми е струка, а и не сум нешто многу читал за права на мали акционери.
Што ако собереме 5%? Што сме направиле? По мене, ништо ( оставам простор да грешам и да ме исправите ). И да собереме 5% и да можеме да предлагаме одлуки на собрание, нема ли да може Кутревски, како што го родила мајка инвентивен и креативен, особено кога е во прашање поебување на малите инвеститори, да земе и да ни го разводни учеството со издавање на нови акции кои ке си ги купи сам по некоја ниска цена, па макар и пазарна нека е ( еве последен пример ОХБ како што направи ) и пак ке паднеме под 5% и ете ништо не сме направиле ( а едвај ке собереме 5% in first place ). Друго, колку е прагот на % на учество за да една компанија е на берза? Со колку %учество на еден сопственик може да реши да ја тргне од берза, да не биде више АД? Ако е тоа можно, прво ке ги разводни акциите до тој процент, ке си ги купи сам по цена пониска од пазарна или во најдобар случај за малите акционери - по пазарна цена и после и нашиот удел ке ни го откупи по таа цена јер тоа е просечната цена во последни 12 месеци на берза. И букот на Охридска е 9к мкд па си издадоа и купија акции по многу пониска цена ( првично пробаа по книговодствена нели па после на х2 од таа, истово може и Кутревски да го направи ). И што сме направиле? Сме чекале години да го оплодиме капиталот вложен во солидна компанија, за да на крај останеме со к*рот у раце.
Друго, ако сака Кутревски да не поебе, има милион можности. Може, исто како лани, само сега уште појако, да си одлучи на собрание да си исплати бонуси на успешност на износ од цела или пола до добивката ( плус платата да си ја качи колку сака, и така ке плаќа само придонеси до одреден износ ), а останаиот дел да остане нераспределена и пак тој да ги лапне парите а малите акционери со прстот у уста.
Пак ке кажам, исправете ме ако грешам некаде.
Реков не пишувам веќе, ама еве ова ме интресира за да знам што да правам со мојот удел, и тој ли да иде на продажба иако е солидна компанија со одлични показатели ( некој претходно кажа дека у Европа немало таква, ајде да не претеруваме сега, колку компании од Европа и светот сте изанализирале за да го утврдите ова? Има, ако доволно бараш, ајде, не "со лопата да ги ринеш" ама со едно мало ашовче сигурно )
Има уште миљон механизми што стојат на располагање: медиумско презентирање на ситуацијата и рушење на угледот на компанијата со што најголема штета би имал големиот акционер, кампување на инспекции и обвинителства по пријави и сл. Па само тие Албанците рекетари од финансова полиција што ги кажуваше Азманов некому да му ги закачиш на врат, има да му излезе низ нос секое денарче за коешто ги оштетил малите акционери.