Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Еве вака ја како акционер на ПКБ да прашам неколку работи, од економско-правен аспект. Повеќе правен, јер тоа не ми е струка, а и не сум нешто многу читал за права на мали акционери.

Што ако собереме 5%? Што сме направиле? По мене, ништо ( оставам простор да грешам и да ме исправите ). И да собереме 5% и да можеме да предлагаме одлуки на собрание, нема ли да може Кутревски, како што го родила мајка инвентивен и креативен, особено кога е во прашање поебување на малите инвеститори, да земе и да ни го разводни учеството со издавање на нови акции кои ке си ги купи сам по некоја ниска цена, па макар и пазарна нека е ( еве последен пример ОХБ како што направи ) и пак ке паднеме под 5% и ете ништо не сме направиле ( а едвај ке собереме 5% in first place ). Друго, колку е прагот на % на учество за да една компанија е на берза? Со колку %учество на еден сопственик може да реши да ја тргне од берза, да не биде више АД? Ако е тоа можно, прво ке ги разводни акциите до тој процент, ке си ги купи сам по цена пониска од пазарна или во најдобар случај за малите акционери - по пазарна цена и после и нашиот удел ке ни го откупи по таа цена јер тоа е просечната цена во последни 12 месеци на берза. И букот на Охридска е 9к мкд па си издадоа и купија акции по многу пониска цена ( првично пробаа по книговодствена нели па после на х2 од таа, истово може и Кутревски да го направи ). И што сме направиле? Сме чекале години да го оплодиме капиталот вложен во солидна компанија, за да на крај останеме со к*рот у раце.
Друго, ако сака Кутревски да не поебе, има милион можности. Може, исто како лани, само сега уште појако, да си одлучи на собрание да си исплати бонуси на успешност на износ од цела или пола до добивката ( плус платата да си ја качи колку сака, и така ке плаќа само придонеси до одреден износ ), а останаиот дел да остане нераспределена и пак тој да ги лапне парите а малите акционери со прстот у уста.

Пак ке кажам, исправете ме ако грешам некаде.

Реков не пишувам веќе, ама еве ова ме интресира за да знам што да правам со мојот удел, и тој ли да иде на продажба иако е солидна компанија со одлични показатели ( некој претходно кажа дека у Европа немало таква, ајде да не претеруваме сега, колку компании од Европа и светот сте изанализирале за да го утврдите ова? Има, ако доволно бараш, ајде, не "со лопата да ги ринеш" ама со едно мало ашовче сигурно :) )
Сите тие работи што ги наведе како тој може да проба да ги оштети малите акционери се НЕЗАКОНСКИ. Значи апсолутно препорачувам апсолутно секој што намерава да се занимава активно со инвестирање на берза да си го прочита и научи наизуст Законот за трговски друштва и тогаш ќе му стане јасно каква правна заштита му нуди постоечкото законодавство. Сите досегашни малверзации како наведената во Охридска банка се случиле само затоа што малите акционери тоа го дозволиле поради неорганизираност или правна неукост.

Има уште миљон механизми што стојат на располагање: медиумско презентирање на ситуацијата и рушење на угледот на компанијата со што најголема штета би имал големиот акционер, кампување на инспекции и обвинителства по пријави и сл. Па само тие Албанците рекетари од финансова полиција што ги кажуваше Азманов некому да му ги закачиш на врат, има да му излезе низ нос секое денарче за коешто ги оштетил малите акционери.
 
Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
343
Поени од реакции
333
Тргување на берза "101" за кафекуварките :) Купи евтино, продај поскапо, за дупло задоволство, гледај тоа да биде купено од ист човек и продадено на ист човек :pos:

Ми е страв да кажам што како и кога, јер нубовиве ке ми организираат јавно каменување на плоштад. Можда си избрзал некој ден, ја моиве на повисоко ке им ги утрапам, за уште поголемо задоволство :) Али секако ТОП зделка, класично прелевање капитал од поглупите кон попаметните.

Чекајте ме мене на продажна или четврток или понеделник, и тоа што го купив и тоа што ми остана од претходно на МСЕ ( се сомневам дека ке успеам да ги продадам али ке се проба ), све комплет иде на продају.

Него пратите ли го бтц, си гази со 50% плус за 1 месец. За некој ден и тоа ке се продаде и ке се чека нов дип. ФУЛ КЕШ на почеток на мај, колку тоа убаво звучи.

Panta Rei....Близард оувер анд аут.
Чекај ти како што знам тврдеше дека ќе има дабл дип и дека тогаш ќе купуваш или поетски додека се "лее крв по улиците, а акциите нема да бидат преценети"? Сега испадна дека си накупувал и пак кафекуварките од уста не ги вадиш :kafence:
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921

Никад ништо не сум ТВРДЕЛ, него секогаш сум кажувал дека постои ВЕРОЈАТНОСТ за нешто да се случи, во случајов за дабл дип. Повеќето економски крахови имале дабл дип, но има и некои што немале, така да кога ке прифатиш дека ништо не е сигурно, многу поинаку ке размислуваш за тоа. Има шанса да се случи билошто, буквално.
Не знам дали играш покер, тексас холдем поточно, имаш два кеца и одма мислиш дека си најјак и дека се твои чиповите 100% ( нубовска грешка ). Во реалноста твои се околу 80% во најлош случај, што значи еднаш од пет пати ке изгубиш со АА. Моментално шансите за дабл дип се цца. 60%, а да нема се 40%. Ке се знае дали ке има многу наскоро, можда во следни 2 недели кога ке излезат сите резултати од 1 квартал, а втора опција е 2 месеци ( јули, кога ке излезат резултати од втор квартал - кои ке се катастрофални, бетер од К1 ). Трета опција е есен и пак појава на корона. Видете ги претходните крахови, поминале неколку месеци па и цела година од прв дип до втор...све е можно. ако сте деј-трејдери има шанса за солиден профит, ја не сум таков играч, поготово не кога влегувам за првпат на странски пазари. На МСЕ деј трејдинг практично не е ни возможен јер ти требаат факинг 3 дена за да станат твои акциите и да можеш да ги продадеш. А и треба да се најде некој да ти ги купи, проблем што јас во моментот го имам кога сакам да излезам.
Јас секако ке продадам све на МСЕ набрзо; дабл дип или не, бидејќи пак е превише преценета во однос на цела Европа и светот ( освен УС кадешто има многу преценети компании особено во тех.сектор, но има и потценети ).
Со парите ке влезам у ЕУ ( Британија, Шпанија, Италија кои беа најпогодени и каде највеќе има/ке има пад ) и УС јер 80% Трамп тепа во ноември ( Бајден е КРШ кандидат ) и фокус ке му е берза секако. Ако нема дабл дип, и покрај пропуштената шанса на првиот дип, не се разочарувајте бидејќи не е све изгубено, без дабл дип пак ке има простор за од 50-100% раст можда и повеќе, за 1-2 години што е ТОП според мене.

пс. Инаку не сум накупувал, да "накупуваш" е да купиш со сиот кеш што го имаш на располагање. Вака мал дел од кешот го искористив, а еве сега после месец и кусур ке продадам со добивка секако. Не е голема сума ама сепак, добар буст за влез на странски пазари.

ппс. И стварно, ама стварно не знам што сте запнале за ебанава МСЕ, со макс 5 добри компании за инвестирање кога имате можност за милион компании за влез....ај до 2019та разбирам, не сте можеле, ама сега? Стварно не сте ми јасни. Особено после сите случувања во последните месец ипол со мењања услови на тргување буквално на 2 дена, како им одговара на големите играчи.
Автоматски споено мислење:

Сите тие работи што ги наведе како тој може да проба да ги оштети малите акционери се НЕЗАКОНСКИ. Значи апсолутно препорачувам апсолутно секој што намерава да се занимава активно со инвестирање на берза да си го прочита и научи наизуст Законот за трговски друштва и тогаш ќе му стане јасно каква правна заштита му нуди постоечкото законодавство. Сите досегашни малверзации како наведената во Охридска банка се случиле само затоа што малите акционери тоа го дозволиле поради неорганизираност или правна неукост.

Има уште миљон механизми што стојат на располагање: медиумско презентирање на ситуацијата и рушење на угледот на компанијата со што најголема штета би имал големиот акционер, кампување на инспекции и обвинителства по пријави и сл. Па само тие Албанците рекетари од финансова полиција што ги кажуваше Азманов некому да му ги закачиш на врат, има да му излезе низ нос секое денарче за коешто ги оштетил малите акционери.
Кој закон ке те штити, кој адвокат ке те брани, кој судија ке ти/му суди во оваа вукојебина? Све е корумпирано, ако сака да те поебе ке отиде и у минус само за да докаже дека е јак и дека никој ништо не му може...чисто за да некој друг не проба да го направи истото во иднина. Кој медиум ке објави? за една реклама од 500-1000 еур се продаваат. За инспектори да не зборам, за еден ручек. Многу ни е прљава државата, ич немам поверење дека некој ке застане да ги брани твоите права како мал акционер. Ега не сум у право, јер како акционер ми одговара позитивно решавање во ПКБ. Но, според мене, мала е веројатноста за тоа и баш поради тоа сум на мисла да ги продадам и тие акции иако показателите се топ. За да инвестирам во една компанија, освен ТОП показатели, мора менаџментот во подолг временски период да покаже дека се грижи за своите акционери и дека им мисли све најдобро и дека сфаќа дека и тие поседуваат дел од бизнисот и нормално, соодветно да ги награди за тоа. Во ПКБ се случи скроз спротивното, менаџментот нема ама баш НИКАКВО разбирање за малите акционери и штом мора да бараме правда, правна разврска за остварување на нашите права како мали акционери и да се мотаме по судови, не е тоа - тоа.
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Воопшто не ми пречи таа атмосфера на дефетизам што владее во врска со Пекабеско затоа што без неа воопшто не би ни можел да купам толкава количина акции од првокласна компанија по 3-4 пати пониска цена од реалната во период на волку преценет пазар. Да не заборавиме дека сѐ што може мнозинскиот да направи на штета на малите акционери е незаконско, што може јасно да се прочита од ЗТД.

Ако сметаш дека е толку дива лига државата и судството, тогаш продај ги акциите, секако нема да те разубедувам. И јас имам искуства по судови што лично што професионално и можам со огромна веројатност да кажам дека не е така.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.120
Поени од реакции
715
Zasto site sto gi falat evropskite berzi ne spomnat kolku e danok na dobivka po evropskite zemji ?
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
168
Поени од реакции
210
Чекај ти како што знам тврдеше дека ќе има дабл дип и дека тогаш ќе купуваш или поетски додека се "лее крв по улиците, а акциите нема да бидат преценети"? Сега испадна дека си накупувал и пак кафекуварките од уста не ги вадиш :kafence:
Како викаше попот, слушај ме што зборувам-не ме гледај што правам. Dr. Doom дури ширеше паника си купувал акции на МСЕ. И е доволно суетен и глуп да го признае тоа.Карактер Дно. Дупло
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Како викаше попот, слушај ме што зборувам-не ме гледај што правам. Dr. Doom дури ширеше паника си купувал акции на МСЕ. И е доволно суетен и глуп да го признае тоа.Карактер Дно. Дупло
Друже бе, лесно е да се обвинува..., ај потсети се малку. НЕ ШИРЕВ ПАНИКА, него ви кажував дека берзата е ПРЕЦЕНЕТА ( и пред ебана корона ) и дека треба да продадете додека е таква. Потоа, ви ги кажав и цените ( да не се квоутам сега пак ) до кои ке паднат топ 5 акциите и на кои цени би купувал ( за чудо некои паднаа и нешто подолу од цените па имаше шанса и за уште купување по уште подобри цени ). Лесно се наоѓаат постовите, 5минути работа е. Ама ако е некој доволно ГЛУП и ТВРДОГЛАВ да не ме разбере и да ми иде контра, не сум му ја крив. Еве, сега ви кажувам за брзо ке продадам и тоа што купив и тоа што од претходно ми остана. Доволно сум јасен??? Пак ке ми идете контра? Како сакате, ваши пари си се, на никого не сум турил пиштол на глава и да му кажувам штои да прави, секој со свој памет. Па јебени ФОРУМ е ова, секој си пишува што си сака и секој си одлучува што ке прави по прочитаното.
Автоматски споено мислење:

Zasto site sto gi falat evropskite berzi ne spomnat kolku e danok na dobivka po evropskite zemji ?
Абе срамота е вакви постови, со 1 минута гуглање може да се најде која земја колку данок на ДИВИДЕНДА и дали има двојно оданочување. Капитална НЕМА а ни у МК до 2022.

Еве кажи која земја и ке ти кажам колку е данокот. Све да ви се сервира на послужавник.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.606
Поени од реакции
2.680
Јас секако ке продадам све на МСЕ набрзо; дабл дип или не, бидејќи пак е превише преценета во однос на цела Европа и светот ( освен УС кадешто има многу преценети компании особено во тех.сектор, но има и потценети ).
Со парите ке влезам у ЕУ ( Британија, Шпанија, Италија кои беа најпогодени и каде највеќе има/ке има пад ) и УС јер 80% Трамп тепа во ноември ( Бајден е КРШ кандидат ) и фокус ке му е берза секако. Ако нема дабл дип, и покрај пропуштената шанса на првиот дип, не се разочарувајте бидејќи не е све изгубено, без дабл дип пак ке има простор за од 50-100% раст можда и повеќе, за 1-2 години што е ТОП според мене.
Ако не те мрзит и кој ќе имаш време да напишиш по 6 атрактивни акции од Уса-Британија-Шпанија(освен Сантандер и Зара)-Италија ?
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Ако не те мрзит и кој ќе имаш време да напишиш по 6 атрактивни акции од Уса-Британија-Шпанија(освен Сантандер и Зара)-Италија ?
Не ме мене мрзиТ, тебе те мрзиТ. Јас глуп сум што карантинов го искористив да изанализирам стотитици светски компании, па сега тебе и на кафекуварките од форумов истите на тацна да ви ги сервирам? Па уште и да ме плукате? Не престанувате да ме изненадувате.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Навистина е оптимистичка мисла да се надеваш дека некој на јавен форум ќе споделува знаење и информации преку коишто може да се заработат сериозни пари. Задно што некому му треба е да генерира дополнителна побарувачка додека гради позиција или дополнителна понуда додека ја ликвидира. Е веќе откако ќе заврши, тогаш може да го споделува резонирањето што стоело зад инвестициската одлука, нешто како што јас правам за Пекабеско. А ова за инсајдерите, фондовите и општата финансиска едукација што ја вршам веќе си ја сметам како општествено корисна дејност со којашто враќам за бесплатното образование што ми го пружила државата. Би сакал да читам такви постови со анализи и од други, а не само навивање.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
А јас и за Бетон сметам дека е потценета при оваа цена, за Карпош да не правиме муабет:

1588149828517.png
 
Член од
2 септември 2014
Мислења
187
Поени од реакции
195
Навистина е оптимистичка мисла да се надеваш дека некој на јавен форум ќе споделува знаење и информации преку коишто може да се заработат сериозни пари. Задно што некому му треба е да генерира дополнителна побарувачка додека гради позиција или дополнителна понуда додека ја ликвидира. Е веќе откако ќе заврши, тогаш може да го споделува резонирањето што стоело зад инвестициската одлука, нешто како што јас правам за Пекабеско. А ова за инсајдерите, фондовите и општата финансиска едукација што ја вршам веќе си ја сметам како општествено корисна дејност со којашто враќам за бесплатното образование што ми го пружила државата. Би сакал да читам такви постови со анализи и од други, а не само навивање.
Зошто сметаш дека не е добро на јавен форум да споделиш мислења за некои компании надвор од МКД, мислиш дека некој има капацитет да си натовари и да нема доволно за тој што ја споделил инфо да купи...?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Зошто сметаш дека не е добро на јавен форум да споделиш мислења за некои компании надвор од МКД, мислиш дека некој има капацитет да си натовари и да нема доволно за тој што ја споделил инфо да купи...?
Форумот е Македонска берза, такашто и мојот коментар се однесуваше на наши компании. Пресмешно е и да се помисли дека некој од Македонија може да поремети било што во светот.

Инаку, нема шанса да се заработи ниту на ликвидните индексирани македонски компании затоа што моменталните цени преминаа во лудило. Единствено можело и може кај неликвидните кајшто може да се случи да бидеш помеѓу само 2-3 луѓе што купуваат, како нпр. кај Стопанска банка во 2013. кајшто веројатно сум бил помеѓу само 5-6 луѓе што ја купувале.

Еве доказ дека пак се тргуваат и преплаќаат само индексираните компании што ствара привид на раст и оптимизам. Провизиите и интересот на финансиската индустрија од овие случувања овојпат можете да си ги пресметате и сами.

Македонската берза е моментално во минус од само десет проценти од ионака преценетиот максимум. Изгледа дека ние навистина сме најуспешната држава и економија во светот, а не дека буџетот е во хаос со зголемени предизборни коруптивни расходи и катастрофален пад на приходи. Секој што моментално купува ликвидни акции во Македонија, а особено преку посредници што му наплаќаат провизија за „управување“, нема ни 2 грама мозок у главата и гарантирано ќе заврши со минус!

Screen Shot 2020-04-29 at 12.04.48.png
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom