Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Што не се пријавиш да те заразат вештачки за порано да стекнеш имунитет?
Вакви храбри момци низ цел свет бараат.

Најфер е тие што не се плашат да си шетаат секаде, ама со потпишан документ дека во случај да нема доволно простор за лекување во болниците, другите болни ќе имаат предност пред нив и пред членови од нивната фамилија ако евентуално биле заразени од потписникот.
Ако заедно со тој потпис иде и ослободување од плаќање за здравствено осигурување за мене и мојата фамилија, одма би потпишал.
 
100% сигурност ќе биде само ако се изнајде вакцина.. нишо друго..

Не постои вакцина што ти дава 100% заштита. Во најдобар случај, со тек на времето имуниот одговор што го добиваш ја губи ефикасноста. Така да се работи на менаџирање на ризикот. Како и за се друго.
 
Од една страна паничиш затоа што ќе стварале хистерија кај народот а од друга страна прашуваш дали требало да им се каже на оние кои имаат проблеми со вишок килограми и дијабетис дека се во ризична група ерго стварање хистерија. Не те разбирам, најсериозно.
Не паничам него како и секој човек, вакво перење мозок без никакви докази (као вчера докторката па и министерот за есенски бран) влијае врз народ и врз мене. Зашто толку плашат народ? Зашто не го плашат кога се работи за грипот? И тој е гаден ама без вакви реклами, тоа никој не го знае.
Што се однесува за килограмите и притисокот (дијабетесот веќе е опишан како ризичен фактор), истите ги нема на листата. Си измислуваат докториве па ај сеа причина за смрт ќе кажеме бил притисок? Па 15-20% од народ кај нас има висок хроничен притисок. Зашто не ги ставија во ризична група, зашто не ги заштитија на работно место без разлика приватно или државно, да не одат на работа? Не, вака мајтап си играат со причина за смрт, не е фер. Погледни го видеото од италијанскиот парламентарец, ќе ти биде јасно за што зборам. Луѓе живеат цел живот со висок притисок., срамота е без никаков доказ да ставаат акцент на овие состојби.
Се надевам дека на Есен, кога ќе биде тој втор бран ќе бидеме поподготвени.
или ќе ни утрапат уште некој лек или вакцина. Се за профит, можда затоа, без никаков опиплив доказ, уште сега ни пласираат вакви есенски информации.
 
Без навреда али за овој наш народ непослушен баш требаше сега една строга мерка малце да им се даде до знаење чекај олабавуваме мерки али не се заебавајте да ни се качувате на глава.Ти му викаш носи маска он не ја носи или ја носи под нос моден додаток а за дистанца не ме јеби оди види што се дешава по пазариве и маркетиве.Па уште сега даваш дозвола за 1 мај денско шетање па ке видиш што ке биде по местава излетнички уште од 6 сабајле колата до река...гајбата во вода да си седи ладна охоо до 2 саатот ке биде милина.И нормално фамилијарно собрани зошто никој не е болен нема гајле ;)

Не е работата за послушност. Треба малце паметот да ни работи.:(
 
Без навреда али за овој наш народ непослушен баш требаше сега една строга мерка малце да им се даде до знаење чекај олабавуваме мерки али не се заебавајте да ни се качувате на глава.Ти му викаш носи маска он не ја носи или ја носи под нос моден додаток а за дистанца не ме јеби оди види што се дешава по пазариве и маркетиве.Па уште сега даваш дозвола за 1 мај денско шетање па ке видиш што ке биде по местава излетнички уште од 6 сабајле колата до река...гајбата во вода да си седи ладна охоо до 2 саатот ке биде милина.И нормално фамилијарно собрани зошто никој не е болен нема гајле ;)

Не ни се наоѓа и нас крајот, ќе се ставам и јас во оваа група. Еве со Лурц се објаснувам он вика и тоа е премногу, ти од друга страна викаш дека и ова е малку требало да биде постегнато.

Затоа реков, ќутек му е мајката :)

Иначе, разликата во мерките за продолжен викенд во растојание од две недели мене ми е оправдан.
 
Не ни се наоѓа и нас крајот, ќе се ставам и јас во оваа група. Еве со Лурц се објаснувам он вика и тоа е премногу, ти од друга страна викаш дека и ова е малку требало да биде постегнато.

Затоа реков, ќутек му е мајката :)

Иначе, разликата во мерките за продолжен викенд во растојание од две недели мене ми е оправдан.

Ке прифатев без проблеми да важеа меркиве само за викендов.Први Мај требаше да биде забранет цел ден.Премногу олабавување е ова во текот на една недела.

Ситуацијата не е добра.Секој ден се повеќе луѓе ни умираат за жал а и уште повеќе се чекаат базирајќи се на луѓето што се на респиратор.
 
Иначе, разликата во мерките за продолжен викенд во растојание од две недели мене ми е оправдан.
Ќе видиме за некои 10-14 дена дали е ок. Ако завршиме со нови кластери, ќе има пак плачки.
 
Зашто не го плашат кога се работи за грипот?
Пак не те разбирам, најсериозно.
Не сакаш да се паничи народот и како причина за тоа прашуваш зошто не не' паничат со грип?

Зошто буквално во се' што ви нема логика или со се' што не се согласувате (не сте доволно стручни, веројатно) си завземате страна која ви е поблиску до логиката (без разлика дали е точна или не) и ја влечете истата а покрај неа паралелно се умараме со теории на заговор?
 
Него што бидна со квалитетот на тестовите покрена некој прашање, посебно после скандалов со негативните тестови на градоначалникот на Куманово?

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk

е ова мислам дека е НАЈБИТНОТО прашање во целава приказна... шо се дешава со тестовите ?? oва прашање требаше да го одговори еритреецот и целата таа екипа од СЗО пред да започнат "со кампањата" за нов есенски бран...колку шо знам јас тие ги одобруваат тестовите, ама некако многу брзо одобруваат овој период, нели треба претходно да напраат испитувања, тестирања и слично.. изгледа сите тие чекори идат заедно во оваа ситуација...
 
Во написов има графички прикази на кривите во многу земји (сите земји над 10 000 жители и 100 случаи), во категории според максимум број на заразени на ден. Написов е од пред еден месец и ги обновуваат податоците секој ден. На француски е, ама ако сакате можете со Гугл Тренслејт да читате, или само да ги гледате графиците.
Еве ја нашата крива:
Прегледај го приврзокот 247962

Ауу графициве се многу јаки, шо викаат една слика, добро повеќе слики илјада зборови.
САД се во заебана ситуација, ако отворат сега, а ќе мораат, ќе му следи график како Перу, Аргентина, Колумбија итн.

Тотален хаос се лидериве на демократскиот свет.
 
Сака некој кладба дека на 1ви Мај излезеноста до 14:00 ќе е сигурно 80% :D Скара собирање со роднини мераци убав ќе биде овој Мај штета само многу ќе не избрзаат до 2 да се напраиме летва потоа како ќе се прибереме незнам ама сепак браво добра одлука :)

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Што е работава не сум прател оддамна со ова по 200 на ден што тестираат само ? помалце се пријавуваат сега од пред неколку недели или што е работата, памтам по 700 тестираа дневно едно време.
"Пикот" паѓа ради малиот број пријавени за тестирање или ради малиот број тестирања ?
 
Каде се продаваат protective suits за една употреба?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom