Коронавирус (COVID-19)

Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
чисто информативно во две три точки зошто не ти се допаѓа носењето маски...


Sent from my SM-G960F using Tapatalk
маските ги преопрачуваат за 2-3 часа користење, потоа фрлање. Ова не го знам оти сум доктор, ова го читам од текстови за примена на маски. Ние оти најефтините ги направија 40-50 денари, ги переме. Што се случува со густината и ткаенината по перење? Што се случува со влагата од маските по 7-8 часа носење на работа? Што со истите во теретани, што во кафеани?

Инаку не знам дали некој забележал, има мерка толку вработени на толку квадрати. За неисполнување сигурно следат казни. Да го најдам колку е нелогично во наши македонски услови...
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.824
Поени од реакции
5.633
Имав научен труд тука ставено што го најдов од проверени научници уште пред коронава дека маските во не штитат од вирусни заболувања. Капката од кивање ке ја опрат не и микробот вирусот што и да зашто е поситен од дупчињата меѓу ткаенината.

Второ прошетавте со маска сеа на топлово? Те гуши повеќе него што те штити.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
значи никаков научен труд не може со сигурност да потврди или да негира дали маските (освен FFP И N95 маските) се 100% ефикасни или не во оваа ситуација... второ никој не ти налага да носиш маска 24/7.. се знае кај се препорачува носење маска, во места кај шо не можеш да одржуваш минимална социјална дистанца... ако некој ти се искашла у фаца, што мислиш исто е за тебе дали имаш или немаш маска?? шо ти вика простата логика?? или исто е за тебе некој со или без маска да ти се искашла??

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
некој од докториве нека објасни како тоа до ручек нема да фатиме вируси, а од ручек и ноќно време е опасно по живот.
Лурц, се враќаме пак на средина од март со постовиве :) Короната работи само после 21 хехе :)

Ако биде од 16:00-05:00 гужви по маркети имало, поголеми шанси за заразување, сега короната после ручек работела. Добро си кажа @Mr.Deni ќе биде диви запад по МКД во петок, ќе се бркаат по Матки, велешки езера не знам што.
Автоматски споено мислење:

значи никаков научен труд не може со сигурност да потврди или да негира дали маските (освен FFP И N95 маските) се 100% ефикасни или не во оваа ситуација... второ никој не ти налага да носиш маска 24/7.. се знае кај се препорачува носење маска, во места кај шо не можеш да одржуваш минимална социјална дистанца... ако некој ти се искашла у фаца, што мислиш исто е за тебе дали имаш или немаш маска?? шо ти вика простата логика?? или исто е за тебе некој со или без маска да ти се искашла??

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Точно, за 100% сигурност само hazmat suit, се знае ама ако сите носат маска во затворен простор шансите се минимални.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Ова е само за Њујорк, кога ќе се напрат тестирања на над 50% од населението ќе ја добиеме најблискиот процент на смртност.
Ако го прајш Вело тотален ебиветер, тогаш мора и другите да се ебиветер (претпоставуваја 3% до 10% :popce: ) зошто ќе излезат и тие многу далеку од реалната бројка.
Едно е да даваш изјави за официјални бројки, друго е да шпекулираш цело време и цело време да бидиш грешка.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
ова не ме буни само мене. И други луѓе поставуваат вакви прашања, каде точно Не мора (треба) да се носи. Постарите сигурно се уште позбунети со овие непрецизности.
Тоа што не те буни само тебе, не значи дека не е доволно добро објаснето. Кога ќе кажат дека треба да носиш маска во затворена просторија каде што има фрекфенција на луѓе кои што не ти се семејство, не мислам дека треба да ги набројуваат таквите простории, нели?

ако само за полициски час се шири вирусот, во ред, но минувајќи секое попладне покрај Веро тафталиџе пример, десетици излетници се дружат во паркот. Сигурно и во други паркови. А сметам дека тоа не е вонредна состојба согласно мерката максимум двајца. Едно полициско возило на половина час покрај вакви собиралишта ќе заврши работа. Зошто не, не знам ама никако не се поклопува во мерките за вонредна состојба.
Генерално еве друго прашање. Дали и како магично ќе исчезне потребат за вонредна состојба и масовно собирање по 4-5 мај кога е најавено дека ќе се отворат фитнес центри, фризерници, кафеани и слични расадници? Дали ќе вежбаат или пијат кафе со маски и ако не, од каде убеденоста на власта дека за 1 недела ќе нема потреба од дистанцирање во овие места? Во кафеана е смешно да се збори за дистанца на маси.
Искрено, ништо лично против тебе али муабетов „вирусот се шири само за време на полициски час“ ми е ултра глуп.
Тоа што некој се дружи и не почитува мерки на претпазливост не значи дека секоја мерка или препорака е погрешна.

Види сега, ако не ги отворат и ако не се олабавуваат мерките, ќе прашуваме зошто не го прават тоа но кога ќе почнат да ги олабавуваат, ќе прашуваме зошто тоа не го направиле порано? Пак не сфаќам јас, која е потребата од хистеришење? Уште побитна работа, ставаш во ист кош различни категории на објекти. Фитнес центар, фризерница и кафеана апсолутно не е „нешто слично“. Фризерници работат веќе 2-3 недели, барем кај мене во Ѓорче Боки и Нено фураат одреден период само со закажување. Кафеани, кафичи и слични локали ќе работат но со стрикни одредби, односно за почеток макс двајца на маса и растојание од маси минимум 2 метри. За фитнес центри, искрено никаде неам прочитано и ако е вистина, тогаш не ми е јасно како ќе работат.

Ок, дали ќе еше фер за лицата со зголемена тежина или со висок притисок да им се каже уште на почеток дека се во ризична група, макар и сега, не мора на почеток?
На страната за Ковид МК стои вака. Ниеден збор нема за овие причини наведени како причина за опасност и смрт.
Прегледај го приврзокот 247987
Од една страна паничиш затоа што ќе стварале хистерија кај народот а од друга страна прашуваш дали требало да им се каже на оние кои имаат проблеми со вишок килограми и дијабетис дека се во ризична група ерго стварање хистерија. Не те разбирам, најсериозно.

Да сумирам. Мерките се прилично непрецизни, посебно забраните освен часовите на забрана за движење. Во ризичните групи и нивно задолжително ослободување од работа и активност нигде ги нема наведените состојби, зголемена тежина и висок притисок. Ниту се дефинирани како појави колку зголемена тежина, колку долго и каков висок притисок...дали со ова се маскираат смртните случаи од други причини, не би сакал да коментирам. Факт е дека изјавите за овие случаи се сомнителни во најмала рака.
Да сумирам и јас со нешто што го напиша @Almeida пред месец дена. Не ми е јасно како ве буни нефункционалноста на системот и државата пред се' во вонредна ситуација кога истата не фунцкионира како што треба во нормални услови? Според мене, мое лаичко мислење е дека кога се' ќе се стави на кантар, добро се справивме со кризата која е при крај. Се надевам дека на Есен, кога ќе биде тој втор бран ќе бидеме поподготвени.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.793
Поени од реакции
12.275
Лурц, се враќаме пак на средина од март со постовиве :) Короната работи само после 21 хехе :)

Ако биде од 16:00-05:00 гужви по маркети имало, поголеми шанси за заразување, сега короната после ручек работела. Добро си кажа @Mr.Deni ќе биде диви запад по МКД во петок, ќе се бркаат по Матки, велешки езера не знам што.
епа затоа треба патролирање опоменување и крајно казнување. Многу добро знаат кај се збираат и по колку. А не ние ги затворивме луѓето, сами се групираат кога не се затворени, уошите тие. За што им служат толку војска и полиција, не знам. Зборам кога не е полициски час.
 

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
1.003
Поени од реакции
2.797
Короништето беше најопасно за Велигден...Напаѓаше 4 дена нон стоп...
За 1 мај короништето е полабаво...Ќе праи скара и помалку ќе напаѓа...
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.721
6 смртни случаи и 22 новозаболени од коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.


На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април. Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на ковид-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1.

Направените 362 теста се преку: ИЈЗ –203, Ветеринарен ф-тет -8 , Авицена –11, Биотек –45, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со PCR метода -25 и МАНУ -22 . Досега во земјата се направени вкупно 15771 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 52. Критично болни и на механичка вентилација се 3 пациенти, 25 се со потешка клиничка слика и на кислородна маска.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. Со потешка клиничка слика се 3 пациенти, а на респираторна машина вкупно 6.

Ни умираат луѓето али нема везе важно за 1 мај ке се шетаме денски.Се потрошиле со тестовите.Ај за време на викенд ке разберам помалце ама во работен ден да правиш толку малку е тоа е срамота.Некој ке рече дека се водат според некој епидемиолошки насоки али тешко да им веруваш.Не знаат ни овие што прават веќе си е... мајката.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
епа затоа треба патролирање опоменување и крајно казнување. Многу добро знаат кај се збираат и по колку. А не ние ги затворивме луѓето, сами се групираат кога не се затворени, уошите тие. За што им служат толку војска и полиција, не знам. Зборам кога не е полициски час.
Апсолутно се согласувам ама не казни туку како што рече @Peja989 ќотек на лице место, ќе се отепаат вртење по пријатели за да не платат.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
За Велигден тотален карантин а за 1 мај до 2 попладне.Оди разбери.

Ке има време да се запали скаричката малце мезе ехее од 7 сабајле до 2 тоа ке биде милина.Па оди бркај ги после 2 да си одат дома.
2 недели разлика.
Мислиш дека не играат улога 14 дена?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
@Lurtz Препораките за социална дистанца се истите, а маските се само дополнување. Пишува во уредбата под кои околности се носат и може да не се носат истите(Отвори службен весник, мислам дека е од 22-ри или 23-ти од овој месец изданието, на стана 6 или 7). До душа, тоа што како народ сме тро неписмени и вицкасти ќе имаме circlejerk ситуации. Дефинитивно појаснување е неопходно, па макар и да се црта.

епа затоа треба патролирање опоменување и крајно казнување. Многу добро знаат кај се збираат и по колку. А не ние ги затворивме луѓето, сами се групираат кога не се затворени, уошите тие. За што им служат толку војска и полиција, не знам. Зборам кога не е полициски час.
За овој дел се сложувам.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.289
Поени од реакции
5.568
Него што бидна со квалитетот на тестовите покрена некој прашање, посебно после скандалов со негативните тестови на градоначалникот на Куманово?

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.824
Поени од реакции
5.633
маските ги преопрачуваат за 2-3 часа користење, потоа фрлање. Ова не го знам оти сум доктор, ова го читам од текстови за примена на маски. Ние оти најефтините ги направија 40-50 денари, ги переме. Што се случува со густината и ткаенината по перење? Што се случува со влагата од маските по 7-8 часа носење на работа? Што со истите во теретани, што во кафеани?
знаеш како испаѓа ова вашево ?? ДА, ќе носам маска, само ако 100% ми се гарантира дека нема да се заразам... носењето маска не значи дека не треба да одржуваш физчичка дистанца, носењето маска не значи дека не треба да ги миеш рацете, носењето маска не значи дека треба по 14 луѓе да се собираат на куп и слични такви работи... носењето маска е само еден дел од целиот синџир на заштита што се препорачува...
Автоматски споено мислење:

Точно, за 100% сигурност само hazmat suit, се знае ама ако сите носат маска во затворен простор шансите се минимални.
100% сигурност ќе биде само ако се изнајде вакцина.. нишо друго..
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.721
2 недели разлика.
Мислиш дека не играат улога 14 дена?
Без навреда али за овој наш народ непослушен баш требаше сега една строга мерка малце да им се даде до знаење чекај олабавуваме мерки али не се заебавајте да ни се качувате на глава.Ти му викаш носи маска он не ја носи или ја носи под нос моден додаток а за дистанца не ме јеби оди види што се дешава по пазариве и маркетиве.Па уште сега даваш дозвола за 1 мај денско шетање па ке видиш што ке биде по местава излетнички уште од 6 сабајле колата до река...гајбата во вода да си седи ладна охоо до 2 саатот ке биде милина.И нормално фамилијарно собрани зошто никој не е болен нема гајле ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom