Aj za sekoj slucaj neka postoiИзгледа ќе треба нова анкета на темава да се направи (Слаби беа прогнозите):
Денес индексот стигна вредност од 4185, или 28,5% раст во однос на дното од пред месец дена (26.03.2020)
Се слагам. На оваа цена од 12.000 се влезени сите негативни сентименти од сите вируси (Корона и Кутревски).Ајдеееее се продале и тие 4 акции ПКБ што стоеја по 12.000, такашо првата следна тура е на 15.000 денари. Дури и маркет-мејкерите останаа без акции да ја насочуваат цената
Точно така, се согласувам од збор до збор.Се слагам. На оваа цена од 12.000 се влезени сите негативни сентименти од сите вируси (Корона и Кутревски).
Исто познавајќи ја акционерската структура, сите оние што лани беа разочарани после одлуката за распределбата, имаа можност и веќе ги продадоа своите акции. Не очекувам веќе продажен притисок.
Но не знам кои би биле пак факторите кои би ја придвижиле значајно нагоре:
1. Да нема намалување на продажбата во периодот. Ова е можно. Може да има и зголемување на продажбата поради карантинот и купувањето на залихи на сувомеснати производи и на цигари.
2. Да нема негативни изненадувања од менаџментот. Ќе го видиме извештајот за 10-15 дена.
3. Позитивно разрешување на судењето (меѓу малцинските акционери и менаџерот) и враќање на парите од менаџментот назад во компанијата. Оваа претпоставка е многу веројатна, но поради не работењето на судовите не знам кога би можела да се случи.
4. Позитивно изненадување од страна на менаџментот - поради повисокиот износ издвоени парични средства на сметка во однос на претходните години и смирување на топката во односите со малцинските акционери.
5. Ниското врднување на компанијата (особено што доаѓа од дефанзивна индустрија): Најниски p/e и p/b во Европа и светот за компанија што работи солдино.
од нула дека почнал тешко малце, се му беше дадено во раце дури и акциите од вработените пекабеско постоше мн пред него. за цигарите, ембаргото.... ама сигурно како идат работите не е далеку пак плачење пак, жалби, поплаки.. комисии , судови и сл.Точно така, се согласувам од збор до збор.
Исто така, мора да се признае дека Слободан Кутревски е единствениот директор од сите на котирани фирми којшто самостојно и од нула изградил толкава компанија којашто не само што станала најголема месна и прехрамбена индустрија во државата, туку и значителна регионална величина. Настрана сите пари, ама сметам дека тоа е животно дело какво што ретко кој има направено во Македонија, а особено во периодот по осамостојувањето.
Мислиш дека не треба да има тужби, комисии и судови? Да нема акционерски активизам?од нула дека почнал тешко малце, се му беше дадено во раце дури и акциите од вработените пекабеско постоше мн пред него. за цигарите, ембаргото.... ама сигурно како идат работите не е далеку пак плачење пак, жалби, поплаки.. комисии , судови и сл.
86% од издадените акции се во сопственост на едно лице, на некои берзи не би ни исполнувале услови да бидат воопшто на пазар.Мислам дека во Пекабеско веќе се створи една фиксна акционерска структура и скоро и да не очекувам ново тргување во блиска иднина, па дури ни по многу повисоки цени. Крајно ме изненадувал лошиот глас што перзистентно го бие Кутревски како доминантен акционер и влијанието што тоа го има врз цената на акцијата. Ситуацијата ептен ме потсетува на Стопанска банка до негде 2015. година кога компанијата работеше турбо а цената на акцијата беше утепана поради мислењето дека Грците никогаш нема да дадат дивиденда. Меѓутоа, токму ваквите неразумни дисконтирања и даваат шанса да се купат акции во првокласни компании по смешни цени. Веќе со години апсолутно најдобрата куповина на МСЕ е Пекабеско, па десет места празно, па други компании.
Уствари Кутревски поседува 79,7% од акциите, ама има и многу помали фирми од Пекабеско на берзата што никогаш не се ни тргуваат. Да има акцијата некоја реална вредност од околу 40.000 денари, па уште и да направи сплит 1:10, би имало секојдневно ликвидно тргување. Инаку, можеби ќе одлучат и да дадат некоја добра понуда и да ги откупат акциите и да ја симнат од берза.86% од издадените акции се во сопственост на едно лице, на некои берзи не би ни исполнувале услови да бидат воопшто на пазар.
Нема поента од тргување со вакви фирми како пекабеско, бетон ск. и др. со доминантни сопственици и толку мал free float.
тие треба да се делистаат...
Синовите негови имаат по 300-400 акции (по 1-2%), 7% и нешто се сопствени, што некаде 92% најмалку е под контрола на Куртевци, од другата страна имаш само 2500-2800 акции,Уствари Кутревски поседува 79,7% од акциите, ама има и многу помали фирми од Пекабеско на берзата што никогаш не се ни тргуваат. Да има акцијата некоја реална вредност од околу 40.000 денари, па уште и да направи сплит 1:10, би имало секојдневно ликвидно тргување. Инаку, можеби ќе одлучат и да дадат некоја добра понуда и да ги откупат акциите и да ја симнат од берза.
Каков и да направи сплит фактот останува дека мнозинство на акциите ќе останат locked in! со помалку од 20% од издадени хв во оптег е само илузија на реална ликвидност на било која фирма.Уствари Кутревски поседува 79,7% од акциите, ама има и многу помали фирми од Пекабеско на берзата што никогаш не се ни тргуваат. Да има акцијата некоја реална вредност од околу 40.000 денари, па уште и да направи сплит 1:10, би имало секојдневно ликвидно тргување. Инаку, можеби ќе одлучат и да дадат некоја добра понуда и да ги откупат акциите и да ја симнат од берза.
Реално, Македонија е многу мала држава и скоро да не постои потреба некој добар бизнис модел да се скалира преку прибирање на капитал, па следствено не ни постои никој што постојано се занимава со инвестициско банкарство. Газдите обично си дигнат кредит и се прошируваат. Единствено што ми текнува што би можело да биде погодно за докапитализација преку нова емисија се добрите локални сендвичари, слаткарници или бурегџилници коишто може да направат ланец низ сите градови со идентичен квалитет и услуга, практично своевиден македонски Мекдоналдс.
Во нивниот ревизорски годишен од 2018 пишува дека лицето С.К поседува 86% и нема друг субјект што има над 5%.Синовите негови имаат по 300-400 акции (по 1-2%), 7% и нешто се сопствени, што некаде 92% најмалку е под контрола на Куртевци, од другата страна имаш само 2500-2800 акции,
од тоа што го знаеме е дека се по скржави од вла, евреј и егеец заедно, така да...