Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Изгледа ќе треба нова анкета на темава да се направи (Слаби беа прогнозите):
Денес индексот стигна вредност од 4185, или 28,5% раст во однос на дното од пред месец дена (26.03.2020)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Hub

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
Изгледа ќе треба нова анкета на темава да се направи (Слаби беа прогнозите):
Денес индексот стигна вредност од 4185, или 28,5% раст во однос на дното од пред месец дена (26.03.2020)
Aj za sekoj slucaj neka postoi :)
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Ајдеееее се продале и тие 4 акции ПКБ што стоеја по 12.000, такашо првата следна тура е на 15.000 денари. Дури и маркет-мејкерите останаа без акции да ја насочуваат цената :pos:
Се слагам. На оваа цена од 12.000 се влезени сите негативни сентименти од сите вируси (Корона и Кутревски).
Исто познавајќи ја акционерската структура, сите оние што лани беа разочарани после одлуката за распределбата, имаа можност и веќе ги продадоа своите акции. Не очекувам веќе продажен притисок.

Но не знам кои би биле пак факторите кои би ја придвижиле значајно нагоре:

1. Да нема намалување на продажбата во периодот. Ова е можно. Може да има и зголемување на продажбата поради карантинот и купувањето на залихи на сувомеснати производи и на цигари.
2. Да нема негативни изненадувања од менаџментот. Ќе го видиме извештајот за 10-15 дена.
3. Позитивно разрешување на судењето (меѓу малцинските акционери и менаџерот) и враќање на парите од менаџментот назад во компанијата. Оваа претпоставка е многу веројатна, но поради не работењето на судовите не знам кога би можела да се случи.
4. Позитивно изненадување од страна на менаџментот - поради повисокиот износ издвоени парични средства на сметка во однос на претходните години и смирување на топката во односите со малцинските акционери.
5. Ниското врднување на компанијата (особено што доаѓа од дефанзивна индустрија): Најниски p/e и p/b во Европа и светот за компанија што работи солдино.
 
Последно уредено:
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886

Точно така, се согласувам од збор до збор.

Во минатите година дена се истргувале околу 1.000 акции, т.е. само околу 3,3% од компанијата смениле раце. За споредба, кај најликвидните АЛК се истргувале 7%, МПТ 11% и КМБ дури 12% од акциите (со блокови веројатно и дупло). Од ова можам да заклучам дека кај ниедна друга компанија не постојат мали акционери чиишто интереси повеќе се поклопуваат со долгорочните интереси на мнозинскиот сопственик. Имајќи прилика лично да запознам неколкумина од нив, можам да потврдам дека тоа се луѓе со врвни лични и професионални квалитети и вистинска дополнителна вредност за компанијата.

Исто така, мора да се признае дека Слободан Кутревски е единствениот директор од сите на котирани фирми којшто самостојно и од нула изградил толкава компанија којашто не само што станала најголема месна и прехрамбена индустрија во државата, туку и значителна регионална величина. Настрана сите пари, ама сметам дека тоа е животно дело какво што ретко кој има направено во Македонија, а особено во периодот по осамостојувањето.
 
Член од
5 јуни 2017
Мислења
126
Поени од реакции
90
Од среда ќе легнат на сметки > 20.000.000€ од д-да од КМБ а во Мај и над 10.000.000€ од АЛК. На што мислите дека ќе се трошат тие пари? На брашно и зејтин???...или можеби на тоалетна??
 
Последно уредено:
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Точно така, се согласувам од збор до збор.

Исто така, мора да се признае дека Слободан Кутревски е единствениот директор од сите на котирани фирми којшто самостојно и од нула изградил толкава компанија којашто не само што станала најголема месна и прехрамбена индустрија во државата, туку и значителна регионална величина. Настрана сите пари, ама сметам дека тоа е животно дело какво што ретко кој има направено во Македонија, а особено во периодот по осамостојувањето.
од нула дека почнал тешко малце, се му беше дадено во раце дури и акциите од вработените пекабеско постоше мн пред него. за цигарите, ембаргото.... ама сигурно како идат работите не е далеку пак плачење пак, жалби, поплаки.. комисии , судови и сл.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
од нула дека почнал тешко малце, се му беше дадено во раце дури и акциите од вработените пекабеско постоше мн пред него. за цигарите, ембаргото.... ама сигурно како идат работите не е далеку пак плачење пак, жалби, поплаки.. комисии , судови и сл.
Мислиш дека не треба да има тужби, комисии и судови? Да нема акционерски активизам?
Кутревски правел што правел порано ама спроти себе најчесто имал вработени (кои што зависеле од него) и не знаеле баш што се тоа хартии од вредност, колку вредат тие и какви права носат. Во конкретната ситуација е поинаку... (доволно е ова за во јавност).
 
Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
a moze mnogu lesno da ja duplira cenata na akcijata ako saka. na pr. da se otkaze od odlukata za samoisplata, da najavi otkup na sopstveni akcii i mozda da pusti po 200-300 den. dividenda, pa da si gi naplati preku kapitalna, ama ocigledno ne mu e takov planot ;)
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Мислам дека во Пекабеско веќе се створи една фиксна акционерска структура и скоро и да не очекувам ново тргување во блиска иднина, па дури ни по многу повисоки цени. Крајно ме изненадувал лошиот глас што перзистентно го бие Кутревски како доминантен акционер и влијанието што тоа го има врз цената на акцијата. Ситуацијата ептен ме потсетува на Стопанска банка до негде 2015. година кога компанијата работеше турбо а цената на акцијата беше утепана поради мислењето дека Грците никогаш нема да дадат дивиденда. Меѓутоа, токму ваквите неразумни дисконтирања и даваат шанса да се купат акции во првокласни компании по смешни цени. Веќе со години апсолутно најдобрата куповина на МСЕ е Пекабеско, па десет места празно, па други компании.
 
myarmyofone

Time and Space Traveller
Член од
23 март 2007
Мислења
72
Поени од реакции
67

86% од издадените акции се во сопственост на едно лице, на некои берзи не би ни исполнувале услови да бидат воопшто на пазар.

Нема поента од тргување со вакви фирми како пекабеско, бетон ск. и др. со доминантни сопственици и толку мал free float.

тие треба да се делистаат...
 
Уствари Кутревски поседува 79,7% од акциите, ама има и многу помали фирми од Пекабеско на берзата што никогаш не се ни тргуваат. Да има акцијата некоја реална вредност од околу 40.000 денари, па уште и да направи сплит 1:10, би имало секојдневно ликвидно тргување. Инаку, можеби ќе одлучат и да дадат некоја добра понуда и да ги откупат акциите и да ја симнат од берза.

Реално, Македонија е многу мала држава и скоро да не постои потреба некој добар бизнис модел да се скалира преку прибирање на капитал, па следствено не ни постои никој што постојано се занимава со инвестициско банкарство. Газдите обично си дигнат кредит и се прошируваат. Единствено што ми текнува што би можело да биде погодно за докапитализација преку нова емисија се добрите локални сендвичари, слаткарници или бурегџилници коишто може да направат ланец низ сите градови со идентичен квалитет и услуга, практично своевиден македонски Мекдоналдс.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Уствари Кутревски поседува 79,7% од акциите, ама има и многу помали фирми од Пекабеско на берзата што никогаш не се ни тргуваат. Да има акцијата некоја реална вредност од околу 40.000 денари, па уште и да направи сплит 1:10, би имало секојдневно ликвидно тргување. Инаку, можеби ќе одлучат и да дадат некоја добра понуда и да ги откупат акциите и да ја симнат од берза.
Синовите негови имаат по 300-400 акции (по 1-2%), 7% и нешто се сопствени, што некаде 92% најмалку е под контрола на Куртевци, од другата страна имаш само 2500-2800 акции,
од тоа што го знаеме е дека се по скржави од вла, евреј и егеец заедно, така да...
 
Каков и да направи сплит фактот останува дека мнозинство на акциите ќе останат locked in! со помалку од 20% од издадени хв во оптег е само илузија на реална ликвидност на било која фирма.
Ако тие помали фирми имаат доминантен сопственик и тие треба да се делистаат, ако имаат значителен free float а не се тргуваат тогаш проблемот има друга природа...

Реално МК е мала држава, ама берзата по дефиниција не е инструмент за собирање капитал во ниедна држава. Иако и тоа е возможно знаеме сите.
Секој менаџмент прво би финансирал операции со класични механизми нека не ве мотаат брокерите за провизии...

А и не ја разбирам поентата, па тука сите сте на берза за ваше лично зголемување на капитал нели.

која е поентава на претходните 2 поста? освен пофалба на сопствеништвото на пекабеско (за кое што имам лично позитивно мислење како и да е).
Автоматски споено мислење:

Синовите негови имаат по 300-400 акции (по 1-2%), 7% и нешто се сопствени, што некаде 92% најмалку е под контрола на Куртевци, од другата страна имаш само 2500-2800 акции,
од тоа што го знаеме е дека се по скржави од вла, евреј и егеец заедно, така да...
Во нивниот ревизорски годишен од 2018 пишува дека лицето С.К поседува 86% и нема друг субјект што има над 5%.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom