kano
Farang
Сега гледам оти ми ја доловуваш поентата на првичниот пост. Јасно ни е на сите зошто актуелнава власт беше инсталирана. Јасно е дека немаат намера да се занимаваат со економија, ниту пак капацитет. Единствен допир со економијата им беше тоа што го сменаа рамниот данок со прогресивен па се пишманија и го вратија по старо. Толку.
Јас разбирам оти пост-транзиционо ние не бевме во состојба да пребираме странски инвеститори. Политиката на Вмро околу ова прашање имаше еден куп дупки, нејсе, не е спорно дека се донесоа неколку крупни фабрики. Ама до сега требаше да се работи на останатите сегменти од сложувалката. Образованието ни е дно, градиме патишта со децении и пола од нив ни се заглавени по судски лавиринти заради тендерски недоследности, грешки во трасата. Паѓаме надолу на листата на doing business, кредитниот рејтинг ни е се полош, немаме ни попис на население направено а зборуваме за бројки, вадиме статистики од ракав. Да не ја споменувам само корупцијата...
До сега требаше да имаме солидна основа за привлекување на нови инвеститори, далеку поквалитетни. Оти верувај, на фабрики како VW кој што сите овде не одмина и чинам отиде во Турција, му треба пред се стручен кадар, инженери, електричари и.т.н. второстепени се субвенциите. Прати го случајот со Ирска и ќе видиш каде ја однесоа политиките за привлекување на странски инвестиции и кои компании имаат фабрики и седишта таму.
Ако нам репер за успех ни се држави како Виетнам каде што единствен мотив за инвестирање е ефтината работна рака, тогаш секоја чест, сме успеале.
Затоа сон на секој ќе му биде да работи на државно или пак да му ја кидне од тука. Сум работел извесно време во една од тие странски инвестиции, имам доста пријатели кои што се уште работат и апсолутно никој од нив нема намера да работи долгорочно таму, да лепи жици. За повеќето се само попатна станица, додека не му излезе работната виза за Германија или БГ пасошот.
Далеку сме ние и од виетнам, а ирска може да ја сонуваме. Во ред е се што кажа али има многу многу работи што не сложени ниту пак ќе ги сложат овие, прашање е дали и другите можат.
Во куси црти, нема да привлечеме никогаш поквалитетни инвеститори. Смешно беше тоа со VW дури и луда работа би рекол. Којзнае колку Меркел се смеела после состанокот со ЗЗ.
Од овде натака треба поголема соработка со дијаспората, повеќе работење на домашните компании, едукација и инфрастуктура. Нема шанси за подобри странски фирми, немаме адекватен кадар прво, ниту инфраструктура ниту пак сме голем пазар...
Виетнам е светлосни години пред нас, колку да имаш престава они лани привлекоа повеќе од 20 милјарди долари инвестиции... Од една страна амери и кинези инвестираат на големо од друга страна Виетнам лани потпиша договор за безданочна трговија со ЕУ плус имаат таков и со АСЕАН.