Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување

На кого ќе целат?
Сорос maybe?
 
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје- 15, Прилеп- 6, Велес- 3, Кочани -2, Пробиштип-1 и Штип -7.

На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април.

Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1,
Виница- 1 и Неготино -1. Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1326.

Во изминатото деноноќие направени се 408 тестови и тоа преку Институтот за јавно здравје – 233, преку Ветеринарен факултет -12, Авицена –15, Биотек –52, Клиника „Жан Митрев“ –76, Систина со PCR метода -16 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 14.057 тестирања на Ковид -19.

Некако малку тестирани според мене.
 
Сестрава до кога одела на работа и дали поликлиникава е поврзана со гинекологија во Чаир???? Колешка беше вторникот на гинекологија, трудна е последен месец, кркљанац било таму.... ќе се отрујам.

Не се поврзани гинекологија и поликлиниката :)
 
Еден еминентен епидемиолог од Норвешка вели дека погрешиле што не го превзеле Шведскиот модел за справување со корона, ако го направеле истото денес би имале многу поголем имунитет
Сакаат и они да бидат седми у свет по смртност.
 
Еве сега сменета е лексиката, оздравени пишува наместо излекувани. Се надевам дека по оваа промена Македонија инстантно е подобро место за живеење.

Море како нема да ги скукали вирусов еден да не остане,пламето гнасно да им се сотре.Цел свет го гомна го полнат уназад 20 години.
Народов ќе го види Пекинг на слики и мисли дека е рајот на светот. Мене тоа ми е најчудната земја што постои во светот, да ти се шетаат луѓе буквално ГОЛИ по улици од беспарица, на шведска маса во хотел со 5 ѕвезди најнормално јадење да е јазик од крава и како бонус на сета нехигиена да им бараш на туристи лекарско уверение за да извадат виза треба да си штракнат во сетинзите.
 
што вака шпанциве одеа во надолна линија, сега гледам 6800нови цццц
 
Еден еминентен епидемиолог од Норвешка вели дека погрешиле што не го превзеле Шведскиот модел за справување со корона, ако го направеле истото денес би имале многу поголем имунитет
ако треба да се земе некоја земја за пример тоа е оваа
1587729756909.png
 
Еве сега сменета е лексиката, оздравени пишува наместо излекувани. Се надевам дека по оваа промена Македонија инстантно е подобро место за живеење.


Народов ќе го види Пекинг на слики и мисли дека е рајот на светот. Мене тоа ми е најчудната земја што постои во светот, да ти се шетаат луѓе буквално ГОЛИ по улици од беспарица, на шведска маса во хотел со 5 ѕвезди најнормално јадење да е јазик од крава и како бонус на сета нехигиена да им бараш на туристи лекарско уверение за да извадат виза треба да си штракнат во сетинзите.
Пак е нецелосно.
"Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови"
Треба
"Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се оздравуваа во домашни услови"

:D
 
Трамп ја заеба фармакомафијата, го објави лекот за Корона.

 
Не знам колку се точни изворите на некои објавено студии што ги сретнувам на тајм.мк, ама Американциве дошле до сознание дека кај многу млади пациенти, по прележување на короната, имале мозочни удари. Причина била згрутчувањето на крвта која ја предизвикува вирусот.

Исто така, интересно е зошто некои умираат брзо. Причината е секако тоа што биле хоспитализирани во лоша состојба на дробовите, но она што плаши е дека луѓето општо биле здрави, дишеле нормално, биле контактибилни, а внатре распад систем. Значи кај посилни организми вирусов може да не пррдизвика никакви симптоми, а внатре да си прави лом и кога ќе се јават симптомите, веќе е доцна за спас.
Претпоставувам дека таква е ситуацијата и со младиот 31 годишен дечко што умре.

Немал болести, не е дебел (ова го потврдувам од разговор со негови блиски) и не знаат каде се заразил. Возможно е вирусот да го имал подолго време и да му направил хаос од дробовите, многу пред да се јават симптомите.
Он викал дека 10 дена не бил во контакт со никој освен поблиските, не одел ни на работа. Ништо чудно да го имал вирусот од поодамна.
Исто така интересно е што ваквите случаи не важат за големи преносители на вирусот.
 
Ај чисто да ги расчистиме поимите.
Во карантин се ставаат сомнителните, болните се ставаат во изолација. Во суштина е слично, само што во карантин се останува одреден временски период, во изолација до завршување на болеста (временскиот период не е ограничен).
Добро,ги расчистивме поимите.Тоа не го менува фактот дека тестовите се непрецизни,така?
 
408 тестови направени во изминатото деноноќие. Богами и тоа како ќе ја израмнат кризата со толку малку тестови. Додека во меѓувреме се чека по 7 дена за тестирање.
 
Трамп ја заеба фармакомафијата, го објави лекот за Корона.

А ако ти е страв да вбризгаш, дали јадење сапун е прифатливо?
 
408 тестови направени во изминатото деноноќие. Богами и тоа како ќе ја израмнат кризата со толку малку тестови. Додека во меѓувреме се чека по 7 дена за тестирање.
Изгледа имаме недостаток на тестови, пошо друга логика не гледам кога пуштија повеќе лабаратории а правиме помалце тестови...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom