Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје- 15, Прилеп- 6, Велес- 3, Кочани -2, Пробиштип-1 и Штип -7.
На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април.
Во изминатите 24 часа потврдени се 26 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар -1,
Виница- 1 и Неготино -1. Заболеното лице од подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1326.
Во изминатото деноноќие направени се 408 тестови и тоа преку Институтот за јавно здравје – 233, преку Ветеринарен факултет -12, Авицена –15, Биотек –52, Клиника „Жан Митрев“ –76, Систина со PCR метода -16 и МАНУ – 4. Досега во земјата се направени вкупно 14.057 тестирања на Ковид -19.
Некако малку тестирани според мене.