На страна 5g фолијашење, огромен дел од луѓето слепо веруваат во науката, која деновиве не части со контрадикторни податоци срочени во текстот цитиран погоре.
Мене ми личи дека тоа не е од сега и дека науката стално во различни времиња знае да тврди контрадикторни работи. И има многу примери за тоа.
Треба да се сфати дека, тоа што е научно, а што не е, е пишано од луѓе со свои лични интереси и тоа е само една, но можеби најглавна причина, за тоа зошто не треба да спиеме на тоа уво и да прифаќаме со резерва сервирани научни информации, или поточно информации кои ни се сервираат под таа етикета.
Во животот потребна е една поопшта, поодзумирана перспектива, повисока од она што го нарекуваат научна перспектива, која за повеќето е единствен аспект.