Јужни Ветар

  • Креатор на темата Креатор на темата DimeBratot
  • Време на започнување Време на започнување
Во Србија се гледани сериите и затоа и ги прават последниве некој години се повеќе и повеќе. Најдобро е да прават само серии.
Дефинитивно. Башка и да не забораиме, ово није америка... Серијата нуди многу поголема заработка, повеќе саати, а со тоа и поголема гледаност. Особено ако продолжат вака со квалитет. Сепак, кој иде денес у Кино на премиера на филм... Повеќето пре би дома да си ја гледаат серијата секоја недела у 8 и 15 отколку да платат некое евро за да гледаат филм у кино... реклами, спонзорства... За балкански услови секогаш било и ќе биде Серија>Филм
 
Што конкретно најде забелешка?
Го гледав кога излезе и не би можел детално да ти кажам, ама од дијалози и развој на дејство, до начин на снимање, сценографија и режија не ми се допадна ништо. Дури и познативе глумци глумеа лошо од што е лошо напишано сценариото. Во втората половина од филмот некои работи се подоправија, ама пак не доволно да ми се промени впечатокот.
 
Филмот е добар со оглед на тоа колку финансиски средства се вложени во него. Мене ми се допадна и првата и втората сезона и би било лошо да застане на само две сезони. Зошто? Затоа што последната епизода воопшто не ми изгледа како соодветен крај. Друга работа што ме иритираше во втората сезона е многу слабиот звук односно озвученоста на глумците. Ме нервираше и мумлањето на Цар во втората сезона. Многу лоша е дикцијата на Мики, барем според мене. Биковиќ е одличен глумец и не постои лош филм со него. Очекувам уште сезони и не смее да застане на две сезони. За сите кои сакате ваков вид на филмови со слична тематика е Балканска меѓа односно Балкански Рубеж на руски. Ви го препорачувам на сите.
 
Ај да се расчистиме. Има само ЕДНА сезона, т.е 4 епизоди се од филмот и други 10 епизоди накнадно снимени.
Мене лично ми остави добар впечаток со оглед на тоа која глумачка фела има работено на проектов. Почнувајќи од Бикович и Бача(го забораив како се презива) па се до Вајо, Спарта или Босанецот.
Сценарио: Многу добро објаснети проблеми и ситуации од животите на секаков тип на уличари. Пример: односот на Мараш со татко му, Управникот на затворот со "Сине", Царот и неговото семејство. Секако, акционите сцени беа на солидно ниво. Единствена забелешка ми е во врска со репликите. Некако исфорсирано, имам и примери али да не ѓнавам.

Плус: Пена им фати устата по интервјуа дека овој филм е да ја прикаже лошата страна на улицата, а сезоната завршува во многу позитивно светло односно Мараш станува бос, жена му и синот се враќаат кај него, орангутани работат за него и фрчат милиони... некако младата публика пре би го идолизирала отколку да го осуди.
 
Ај да се расчистиме. Има само ЕДНА сезона, т.е 4 епизоди се од филмот и други 10 епизоди накнадно снимени.


Не знам како се води дали како една сезона или две, ама сите ги буни тоа. Патем филмот е снимен во еден дел, ама они го даваат во епизоди. Како игран филм се водеше на почетокот, а не како серија. Најверојатно затоа што така повеќе им одговара.
 
Не знам како се води дали како една сезона или две, ама сите ги буни тоа. Патем филмот е снимен во еден дел, ама они го даваат во епизоди. Како игран филм се водеше на почетокот, а не како серија. Најверојатно затоа што така повеќе им одговара.
Се води како Јужни Ветар Серија.
 
Многу добра серија, светска, секој што е љубител на акција треба да го погледне.
Многу бараат реприза од епизодите па евем овде ги имате сите, со чиста слика - https://pastelink.net/1izic
 
За на почетокот напишав како се водеше. Сега знам дека се води како серија.
Намерата првична сигурно била да се сними филм што и се снимил а потоа кога виделе најверотно дека има интерес за целиот проект го продолжиле како серија.
Автоматски споено мислење:

Многу добра серија, светска, секој што е љубител на акција треба да го погледне.
Многу бараат реприза од епизодите па евем овде ги имате сите, со чиста слика - https://pastelink.net/1izic
И овде ја има


На сајтов пишана е како втора сезона :icon_lol: Намерно го ставив линкот во спојлер бидејќи колку што знам забрането е тука пиратски содржини.
 
Отворете rtsplaneta.rs напрајте акаунт и ги имате сите епизоди HD.
 
dozvoleno li e za MKD gragjani? neli te isftla, mislam samo za srbija e toa
Да за Србија ама со програма или додаток во прелистувачот VPN бесплатно бираш Србија и така да пробаш дали ќе отклучи она што е забрането во други држави.
Автоматски споено мислење:

Бидејќи ја даваа на РТС Свет и можеше да се гледа и во Македонија сега пробав може да се гледа и во Македонија.
 
Последно уредено:
Бидејќи ја даваа на РТС Свет и можеше да се гледа и во Македонија сега пробав на rtsplaneta може да се гледа и во Македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom