Коронавирус (COVID-19)

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.067
Поени од реакции
80.968
Не баш, според ворлдометер позади Швајцарија се, на 11то место

Многу подобро од многу други земји кои тотално се затворени веќе 5 недели
Според ВорлдМетер се седми, ако како мене ги тргнеш од листата Андора, Сан Марино и Св. Мартин.

Седми у свет (па и единаести), според смртност на милион, не би го нарекол добро.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Сите што се опоравуваат, се лекуваат домашно....добро бе, на овие во болница што им прават? Не ги лекуваат?
Добро, луѓе читате што пишува на ФБ или не? :D

Прво прошлата недела еден праша пишувал Венко на ФБ дека само испуштале од болница, никаде не ги спомнувале овие на домашно лекување.

Сега откако фатија бран тестирања на овие што се лечат дома и полека ги тргаат од активни случаи, ти прашуваш зошто само се лечат овие од дома а на Инфективна не ги лекуваат :D

П.С. Пак да напоменам, на Инфективна се хоспитализирани лица родени и во 80тите и во 90тите, да не мисли некој дека само на стари им треба лекарска помош. Таа девојката што се врати од Белгија лежеше мислам 2 недели.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.567
Поени од реакции
17.248
Аплауз Госпоѓо Колумбус, сте предвиделе дека земја во која што дистанца помеѓу поединци е поим веќе пола век, земја со одлично здравство и мала популација (не е over populated) и јака еконимија ќе биде една од оние кои најдобро ќе се справат со пандемијава. Секоја чест, наклон до под.

Во други вести, земјата е округла, охриѓани се лоши угостители а скопјани се педери.
Па не е дека ја открив Америка али тука 80% колапс им предвидуваа на почеток
 
Член од
19 април 2012
Мислења
429
Поени од реакции
681
Не е крива владата крив е народот.
Одат се туркаат по маркети како небаре крај на светот е.
Три дена се во прашање а тие чекаат да дојди 15:45 за да одат во маркет да купат залихи.
Зошто не си купат храна за недела две, морало секој ден во маркет ?
Ти им викаш не групирања по паркови тие цела черга се послале на трева небаре 1-ви Мај е.
Е затоа има новозаболени оти не се почитуваат мерките.
Секој ден гледаме прекршување на полициски час, зошто ? Јас не знам кај одат луѓето кога се е затворено,не можам да ги разберам
Вака, бидејќи се прават многу претпоставки кога се критикува полицискиот час и не се чита тоа што е пишано како што треба, па да се обидам да го доловам најдобро што можам.
Полицискиот час почнува од 4 часот попладне во текот на цела недела, луѓето што одат на работа немаат време кога да испазарат, со тоа што, бидејќи времето на завршување на одредени обврски е лимитирано, се создаваат поголеми гужви. Тие поголеми гужви значат поголем ризик на префаќање на вирусот.
Потоа, тие гужви ги имаш и во времето алоцирано и за пензионерите, се мешаат голем број на стари со млади и ризикот за пренесување на вирусот е повторно голем и поопасен за повозрасните лица.
Следно, автобуските линии се намалени, тоа значи поголем прилив на луѓе кои што се возат со јавен превоз, следствено на тоа и поголем ризик за пренесување и префаќање на вирусот.
За да се митигира ова, најдобро решение мислам дека би било полицискиот час да почнува од 7 часот, времето на пензионерите да биде зголемено од 8 до 12 часот и да се зголемат автобуските линии за да се намалат гужвите.

Тие што го прекршуваат полицискиот час треба да се казнуваат, построго отколку што беше до сега, особено за тие што свесно шетаат и се заразени со вирусот.
Дури и наназад во темава има примери како полицијата не постапува на поголема група насобрана туку си седи и не презема мерки. И за да се воспостави ред и дисциплина, треба и полицијата да биде ефективна против тие кои што ги прекшуваат мерките, бидејќи вака има еден тон кои што не ги почитуваат мерките нажалост.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
На почетокот на април, Европската Унија објави Специјален извештај во врска со присуството на дезинформации во светските медиуми и на социјалните мрежи во врска со пандемијата на коронавирусот. Набројани се медиуми и лажните вести, почнувајќи од руски медиуми и про-Кремљ пропаганда, до балканските и нашите медиуми. Интересно за читање :)

Линк: http://mediaobservatorium.mk/ruskiot-agitprop-za-kovid-19-pustoshi-vo-eu-i-balkanskite-zemji/
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.293
Поени од реакции
18.119
За Германците имунитет

Точно е дека изретерирал професорот или фејк њуз? Медиумов не ми е веродостоен некако
Автоматски споено мислење:


Може е до линијата ама во 5ка во Ѓорче поради пензионерскиот дом не си свесен какви окршаи има за тие пусти места на кои седат 30+ години. :)
Хе хе

Вело цело време си лижи кај што плука, дури и во една иста емисија. Едноставно таков е човекот конфузен.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Еве мене ако лично ме прашуваш мислам дека идеално ќе е од 18:00 или 19:00 часот почнува полицискиот час, поради обезбедување на доволно време за извршување на обврските на луѓето после работа, и секако олабавување на мерките во врска со пензионерите, односно да им се даде повеќе време од тие 2 часа дневно што ги имаат и нормално строги казни за непочитување на мерките што очигледно е невозможно кај нас.
Целосно се согласувам. Последното е тоа што е главниот проблем за општества како нашето, ај што се изнапримени секакви неспособни идиоти, туку и се толку корумпирани (и тоа е онаква ниска, патетична корупција, за 100 денари мито што се вика) и затоа нема ни к од казни за непочитување на мерките.
Најголемата трагедија е тоа што дури ни ваква ситуација не издејствува било какви суштински промени, како кај менталитетот на народот, така и за општата состојба на општествово. Ама ај, досадно е веќе да се дискутира истата работа со години, тоа е тоа...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.293
Поени од реакции
18.119
Не баш, според ворлдометер позади Швајцарија се, на 11то место

Многу подобро од многу други земји кои тотално се затворени веќе 5 недели
Шведска далеку од добро се справува, економијата е веќе падната 7%, што е на исто ниво како другите скандинавски држави.

Воедно бројот на мртви му е 5-6 пати поголем од другите скандинавски држави.

Така да треба да почекаме за тоа како ќе биди во Шведска, пред да се топориме ние.

Начинот на кој што се справуваат шведите ќе биде добар за имплементација можеби во втор или трет бран, но се разбира откако се ќе се стави на кантар.
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Вака, бидејќи се прават многу претпоставки кога се критикува полицискиот час и не се чита тоа што е пишано како што треба, па да се обидам да го доловам најдобро што можам.
Полицискиот час почнува од 4 часот попладне во текот на цела недела, луѓето што одат на работа немаат време кога да испазарат, со тоа што, бидејќи времето на завршување на одредени обврски е лимитирано, се создаваат поголеми гужви. Тие поголеми гужви значат поголем ризик на префаќање на вирусот.
Потоа, тие гужви ги имаш и во времето алоцирано и за пензионерите, се мешаат голем број на стари со млади и ризикот за пренесување на вирусот е повторно голем и поопасен за повозрасните лица.
Следно, автобуските линии се намалени, тоа значи поголем прилив на луѓе кои што се возат со јавен превоз, следствено на тоа и поголем ризик за пренесување и префаќање на вирусот.
За да се митигира ова, најдобро решение мислам дека би било полицискиот час да почнува од 7 часот, времето на пензионерите да биде зголемено од 8 до 12 часот и да се зголемат автобуските линии за да се намалат гужвите.

Тие што го прекршуваат полицискиот час треба да се казнуваат, построго отколку што беше до сега, особено за тие што свесно шетаат и се заразени со вирусот.
Дури и наназад во темава има примери како полицијата не постапува на поголема група насобрана туку си седи и не презема мерки. И за да се воспостави ред и дисциплина, треба и полицијата да биде ефективна против тие кои што ги прекшуваат мерките, бидејќи вака има еден тон кои што не ги почитуваат мерките нажалост.
Се споредуваме со Шведска, а овие овде после тестирање собрале комшии дома в двор во полициски час.
Пензионери имаме на претек кога трчаме после работа пред сите маркети.Или на отворање во банка и пошта од сабајле.
Не е ок ако се постари да им е редовно прогледувано низ прсти.Единствено се сложувам дека можеа да одат по стариот принцип за нив до 11.Еве сега за пензиите како ќе изведат...

Од друга страна разбирам до негде, еве за пензионерите од селата можеа да најдат некој исклучок со оглед дека јавен превоз им е достапен од 6-8 сабајле (макс. 2 линии) и попладне кај 3 за враќање, односно е темпирано колку за вработените да можат да стигнат и да си одат од работа.
Како тие ќе стигнат во 10 и да се вратат во 12 е мистерија.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Ваквиот формат на полициски час е воведен заради велигденските празници и од она што можам да го забележам се раководат доста и од временската прогноза. Да не постоеше оваа форма на целодневен полициски час за Велигден, празникот во комбинација со убавото време ќе извадеше надвор се живо и диво овие денови. Веројатно истата стратегија ќе се задржи до 1ви Мај, оти нели, земјата со хронична невработеност и работнички права во ранг на фабрика во Виетнам не може а да не го прослави празникот на трудот со вртење скари во природа, па макар тоа било и во ек на глобална пандемија.
Инаку, за статистиките кои што доаѓаат од поедини земји, би ги земал претпазливо. Има многу фактори кои што се кријат зад таквите бројки а не се земени во предвид и затоа не се во целост веродостоен показател за успешноста во справувањето со вирусот и евентуалниот краен исход.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.067
Поени од реакции
80.968
Не е ок ако се постари да им е редовно прогледувано низ прсти.Единствено се сложувам дека можеа да одат по стариот принцип за нив до 11.
Добро, сега за нив важи од 10 до 12?
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Што се случува во Шведска?
Владата конечно го практикува она што го вежба цело свое постоење, слободата на граѓаните, грижа за себе и за луѓето околу себе.
Кај нас и нам сличните за жал поради несвесноста кметовите треба да не учат да миеме раце, да држиме дистанца, не ја гледајте Америка, Германија, Шпанија,Италија мигрантската политика со над 100 националности сама си го наметна тоа. Карантин и сл.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.067
Поени од реакции
80.968
Инаку, за статистиките кои што доаѓаат од поедини земји, би ги земал претпазливо. Има многу фактори кои што се кријат зад таквите бројки а не се земени во предвид и затоа не се во целост веродостоен показател за успешноста во справувањето со вирусот и евентуалниот краен исход.
И ја ова го мислам, со тоа што сметам дека многу потешко се штелуваат статистики за смртност од статистики за новозаразени. Па, тие статистики ги ставам испред оние за новозаразени.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.788
Поени од реакции
18.416
Што се случува во Шведска?
Владата конечно го практикува она што го вежба цело свое постоење, слободата на граѓаните, грижа за себе и за луѓето околу себе.
Кај нас и нам сличните за жал поради несвесноста кметовите треба да не учат да миеме раце, да држиме дистанца, не ја гледајте Америка, Германија, Шпанија,Италија мигрантската политика со над 100 националности сама си го наметна тоа. Карантин и сл.
Ја повеќе мислам дека Шведска превзема мерки за ревитализација на пензиските фондови него било каква стратегија за постигнување на имунитет на стадото. Која свесност на шведите? За 3 дена имаат околу 2000 мртви цирка, ти искача пред камера и вика им верувам на политичарите и на системот. Во Македонија знам само за еден таков народ кој и покрај тоа што по селата кај што живее врши нужда по полски вециња им верува на истите 20 години.
 
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
П.С. Пак да напоменам, на Инфективна се хоспитализирани лица родени и во 80тите и во 90тите, да не мисли некој дека само на стари им треба лекарска помош. Таа девојката што се врати од Белгија лежеше мислам 2 недели.
Бидејќи многу самоуверена делуваш, да те прашам, работиш на инфективна ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom