Вака, бидејќи се прават многу претпоставки кога се критикува полицискиот час и не се чита тоа што е пишано како што треба, па да се обидам да го доловам најдобро што можам.
Полицискиот час почнува од 4 часот попладне во текот на цела недела, луѓето што одат на работа немаат време кога да испазарат, со тоа што, бидејќи времето на завршување на одредени обврски е лимитирано, се создаваат поголеми гужви. Тие поголеми гужви значат поголем ризик на префаќање на вирусот.
Потоа, тие гужви ги имаш и во времето алоцирано и за пензионерите, се мешаат голем број на стари со млади и ризикот за пренесување на вирусот е повторно голем и поопасен за повозрасните лица.
Следно, автобуските линии се намалени, тоа значи поголем прилив на луѓе кои што се возат со јавен превоз, следствено на тоа и поголем ризик за пренесување и префаќање на вирусот.
За да се митигира ова, најдобро решение мислам дека би било полицискиот час да почнува од 7 часот, времето на пензионерите да биде зголемено од 8 до 12 часот и да се зголемат автобуските линии за да се намалат гужвите.
Тие што го прекршуваат полицискиот час треба да се казнуваат, построго отколку што беше до сега, особено за тие што свесно шетаат и се заразени со вирусот.
Дури и наназад во темава има примери како полицијата не постапува на поголема група насобрана туку си седи и не презема мерки. И за да се воспостави ред и дисциплина, треба и полицијата да биде ефективна против тие кои што ги прекшуваат мерките, бидејќи вака има еден тон кои што не ги почитуваат мерките нажалост.