Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување

Точно е дека изретерирал професорот или фејк њуз? Медиумов не ми е веродостоен некако
Автоматски споено мислење:

Може е до линијата ама во 5ка во Ѓорче поради пензионерскиот дом не си свесен какви окршаи има за тие пусти места на кои седат 30+ години. :)

Ставовите му се исти, па му вклучија друг доктор со теза 10 проценти од популацијата да умри од ковид 19. Овај вика 10 проценти тоа се 70 милиони, 7 милиони ако умрат ќе ја искинел дипломата и нема повеќе доктор да бил. Ковид19 не можи посмртоносен да бил од сида туберкулоза и уште некоја болест вкупно умирале 2-3 милиони луѓе годишно.
 
10 % od 7 miljardi se 700 milioni.
 
И уште една мала вест од Шведска, главниот епидемиолог очекува Стокхолм да има имунитет на стадо за неколку недели

А ние тогаш со нашево стадо ќе се бркаме во полициски часови
 
Пак правиш споредба со Шведска и Македонија ? Си бил некогаш во некоја од скандинавските земји ?
 
Ние тогаш уште ќе се бркаме со полициски часови
Шведска и ние не стоиме на исто скалило. Социјалната интелектуалност на населението е светлосна година пред нас. Така да, мерката со полицискиот час е соодветна за нашите простори.

Sent from my SM-G970F using Tapatalk
 
Овој вело колку се изрекламира периодов, може да си го заштити брендот и маички да принта. Таман со филипче ко адидас и најк ќе бидат.
Вело го имам во една група на ФБ, нит е бренд нит тегне накај тоа! Просечен домаќин од Мк, само се погоди професијата да му е актуелна за периодов. А Вилипче за прецедател ќе го токмат после ова :kafence:
 
Шведска и ние не стоиме на исто скалило. Социјалната интелектуалност на населението е светлосна година пред нас. Така да, мерката со полицискиот час е соодветна за нашите простори.

Sent from my SM-G970F using Tapatalk

Па гледајќи го народот и неговото однесување, во право си.

Тогаш дај да се затвориме ко пештерски луѓе и да тераме така.

Или пак да погледнеме како другите го решаваат истиот проблем па нешто може и ќе научиме?

Проблемот е што кога ќе помине полицискиот час и за 1-2-3 недели вирусот ќе остане меѓу нас. Невозможно е да се затвориме и да чекаме вакцина. Во моментот кога повторно ќе заживееме по старо вирусот пак ќе се врати. А Шведска на пример уште 1-2 месеци и ќе биде потполно отпорна на вирусот

Автоматски споено мислење:

Пак правиш споредба со Шведска и Македонија ? Си бил некогаш во некоја од скандинавските земји ?

Најдалеку до Ресен сум бил
 
Последно уредено:
Секогаш треба да побараме помош кога не сме во можност да се справиме со нештата/ситуациите. Во нашиов случај нема друг излез освен да се затвориме на одреден период и да чекаме што побрзо да помине пикот на болеста, а потоа повторно би се вратило се во некоја одредена нормала. Да се надеваме дека со седењето дома правиме олеснување на работата на многу здравствени работници, а и ги заштитуваме постарите членови на семејството.
Убав ден!

Sent from my SM-G970F using Tapatalk
 
Тогаш дај да се затвориме ко пештерски луѓе и да тераме така.

Или пак да погледнеме како другите го решаваат истиот проблем па нешто може и ќе научиме?
Автоматски споено мислење:

Најдалеку до Ресен сум бил
Нема потреба, за 20 години скоро сите маќедончиња ќе станат ѓерманци :cenzura:
А дека нашиве го решаваат проблемот, го решаваат, ама по експериментот на СЗО, па ко преживи причаче!
Абе да тераш шведски терк треба да си швеѓанец т.е. економски и политички независен да изготвиш стратегија и да стоиш зад спроведувањето. Што очекуваш од земја на која и прават крштевка секои 20-30 години?
 
Секогаш треба да побараме помош кога не сме во можност да се справиме со нештата/ситуациите. Во нашиов случај нема друг излез освен да се затвориме на одреден период и да чекаме што побрзо да помине пикот на болеста, а потоа повторно би се вратило се во некоја одредена нормала. Да се надеваме дека со седењето дома правиме олеснување на работата на многу здравствени работници, а и ги заштитуваме постарите членови на семејството.
Убав ден!

Sent from my SM-G970F using Tapatalk

Ќе седиме дома, не е проблем. И во еден даден момент, вирус или не ќе мора да се вратиме во нормала. Тогаш...што правиме? Вирусот магично ќе го вратиме во Кина?
 
Јас уште на почеток пишав дека Шведска најдобро ќе се снајди со чудото, дисциплината и послушноста таму не се споредува со ниедна земја, а тие две работи се клучни за справување со вирусот.
 
Па гледајќи го народот и неговото однесување, во право си.

Тогаш дај да се затвориме ко пештерски луѓе и да тераме така.

Или пак да погледнеме како другите го решаваат истиот проблем па нешто може и ќе научиме?

Проблемот е што кога ќе помине полицискиот час и за 1-2-3 недели вирусот ќе остане меѓу нас. Невозможно е да се затвориме и да чекаме вакцина. Во моментот кога повторно ќе заживееме по старо вирусот пак ќе се врати. А Шведска на пример уште 1-2 месеци и ќе биде потполно отпорна на вирусот

Автоматски споено мислење:

Најдалеку до Ресен сум бил

Значи пак ке бидам еден од многуте кој кажа да не се споредуваме со Шведска...Никој не го практикува нивниот метод па ние најмалце ке почнеме...Многу фактори играат улога.Квалитет на живот,социјална интелегенција,квалитетно здравство и многу други параметри кои се мисловна именка кај нас.Да не зборам па и колку се ладни како народ да се каже.Таму постар човек да умре ке речат нормално време му дошло.Кај нас не е баш така.Мене реално страв ме фаќа кога ке почнат да ги олабавуваат мерките.Кај мене во маало од оваа страна на Вардар сега имаш катастрофа однесување од аспект на социјална дистанца и запазување мерки а не кога ке пуштат нешто.Тоа ке биде стварно Бангладеш.Реално не знам веќе што да мислам за ова и како ке тераме напред само Господ нека ни е на помош.А ова со билдање на имунитет ајде за мене,жената и синот некој ке рече ке поминеме некако ама имам дома и мајка и татко кој е со ХОББ и висок притисок така да повеќе за него мислам него за себе.
 
Јас уште на почеток пишав дека Шведска најдобро ќе се снајди со чудото, дисциплината и послушноста таму не се споредува со ниедна земја, а тие две работи се клучни за справување со вирусот.

Не гледам дека Шведска најдобро сe снаоѓа.
 
Па не би рекол баш.Имаат скоро 1600 мртви со просек од 156 мртви на милион жители.Може некој ке каже нормално е ова ама за мене е премногу.
 
Не гледам дека Шведска најдобро сe снаоѓа.

Се е релативно. Ако успееме да спасиме одреден број на 80+ пензионери затворени 3-4-5 месеци а после тоа истите тие умрат од глад пошто нема од каде да се даде пензија, што добро сме направиле?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom