FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
The Limits of Control (2009)

Или „Две еспреса и кибрит“. Овој наслов би бил одличен продолжеток на „Кафе и цигари“

Се изнаоде човеков по сокаци. Барем кошула да сменеше, вака цела недела со истата плус и преку ноќ спиеше во одело.
Што да кажам, заплет и приказна нема. Ама затоа филмска атмосфера кипе од сите страни. Феноменална камера, сценографија и монтажа, се што треба за филмско ремек дело. Ама не е тоа е потребен, но не и доволен. Вака многу брзо влезе во јамка, истите сцени само на разни места и брзо здосади. Не беа ни нешто инспиративни монолозите на разните ликови што требаше да ги претстават дисциплините преку кои може да се ограничи или отстрани контролата. И нели имагинацијата како најважната од сите.

Имаше филмов многу голем потенцијал, ама му фали уште нешто, а не можам точно да кажам што. Вака делува како неуспешен омаж кон повеќе автори на филмови со асасини, некои и беа спомнати во самиот филм.

6/10


Некако многу брзо ми дојде пак редот предложување. Ајде гледајте филмови, што правите по цел ден дома? @Zlatikevichius намали со тоа сериите.

Епа кога сме веќе кај цитираните автори и дела од овој филм, да продолжиме со некој од нив.
Оваа недела ќе бидеме во „Црвениот круг“.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
Некако многу брзо ми дојде пак редот предложување. Ајде гледајте филмови, што правите по цел ден дома? @Zlatikevichius намали со тоа сериите.
Еве, јас почнав со неизгледаните. Веќе го репризирав мојот предлог, Taking Woodstock, и уште двата на Џармуш ми останаа, чинам. За Вудсток ќе пишам мислење до подоцна.
Епа кога сме веќе кај цитираните автори и дела од овој филм, да продолжиме со некој од нив.
Оваа недела ќе бидеме во „Црвениот круг“.
Искрено, очекував некој артси библиски, а поим немам зошто. Може ми се гледаше нешто такво деновиве, а на Netflix и HBO GO не можев да најдам ништо инстант, освен некоја серија на Netflix, ама што викаш - уште серија пак да почнам...

@wot - Film Club 2 (111. Le cercle rouge: 19.04 - 25.04.2020)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
The Limits of Control (2009)

Супер локации, супер кадри ама тоа е се од супер.
Приказната безвезе.
Дури и еве, некој да ме праша за што се работи во филмот, незнам што да му кажам. Ма ќе му кажам дека си подаваат ќибритчиња во Шпанија.

Бај д веј, ми се допадна кога прв пат нарача две еспреса во две шољи и овој му донесе во дупло во голема.
До пред 3 години и јас така нарачував и веруј ми, ако седнеш сам и нарачаш така, 70% од времето ќе го добиете во голема. :)

5/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
Taking Woodstock

На второ гледање филмов ми беше некако поразличен од првиот пат, ама пак ми се допадна. Ова е еден од оние филмови кои знаеш дека не се WOW, а со позитивата која ја носат и со насмевката која ти ја оставаат, те прават да се чувстуваш дека биле WOW. Многу ми се допаднаа ликовите: и ова младото Еврејче кое беше изгубено во просторот и времето и потиштен што останал да живее со мајка му и татко му додека надвор има цел еден свет кој го чека, и мајка му - терминатор: они пропаѓаат, банката ќе имм го земе мотелот, а таа имала огромна заштеда на пари за кој не кажува никому, ќе си ја носи в гроб - права Еврејка, и татко му - човекот ко да се прероди со целата збрка со фестивалот која му ја приреди син му, и иако 3 дена не спиен, мртов пијан и колкот го убива од болка, се смее типот, зашто ко да се врати години, години, назад... Ми се допаднаа и споредните ликови: ликот на Џонатан Гроф - секогаш насмеан, ко да ја испушил најдобрата тревка некогаш израсната, ни да се изнервира, ни да се налути... Вилма - закооооон :pos:. Членовите на алтернативната театарска група - немаат за јадење, ама си фураат некоја нивна уметничка експресија што веројатно ни сами не можат да ја разберат. :D Не знам што да речам, целово филмче ми е една голема позитива, и баш погодено за овој период. 9/10 останува, секоја чест за тој што го предложи. :brlav:

Night on Earth

Исто, многу позитивен филм, браво за предложувачот. Најмногу ми се допаднаа Лос Анџелес, Париз и број еден - Њујорк. Се помочав од смеа од двајцата - и таксистот, и патникот. Хелмет и Јојо бе. :pos::pos::pos: А таа па, свеската, му вика - кој е овој кловн. А тој стварно кловн. Хахахахахаххахахахахахахахахахаха :pos::pos::pos::pos::pos::pos: Роберто Бењини и Рим ми беше многу напорен и пошто не сфатив дали го трола бискупот или стварно бил таков удрен, па се заљубил во тиква и овца, и имал секс со жената на брат му, некако не ми беше смешно. Туку само напорно. Последната приказна, со Хелсинки, исто, не ми беше ништо посебно, онака. Ама како целина, и зар/ади концептот (сакам вакви филмови) и заради првите три приказни, а особено Њујорк, една огромна 8/10 за филмов. Браво!
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Искрено, очекував некој артси библиски, а поим немам зошто. Може ми се гледаше нешто такво деновиве, а на Netflix и HBO GO не можев да најдам ништо инстант, освен некоја серија на Netflix, ама што викаш - уште серија пак да почнам...
Сигурно нешто вакво очекуваше :)
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
267
Поени од реакции
1.750
The Limits of Control (2009)

Филм без некоја посебна приказна, возење (шетање) од едно до друго место, досадни дијалози/монолози.
Се среќава со мистериозни ликови кои му држат монолози за филмската уметност, музичките инструменти, науката, потекло на зборот "боем" и свеста.
Ако не друго барем кадрите беа супер.
Tu no hablas espanol - буквално нема кој не го праша, после првите неколку пати веќе знаеш што прво ќе го прашаат.

Глуп ми беше целиот тој концепт со пренос на мистериозни пораки и дијаманти во кутичиња за кибрит.
Се сложувам дека филмот имал потенцијал, и доколку се вметнеше било каков заплет и се скратеше од некои сцени, би била сосема друга приказна, вака 6/10
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Tu no hablas espanol - буквално нема кој не го праша, после првите неколку пати веќе знаеш што прво ќе го прашаат.
Тоа им беше лозинката за препознавање. Ваљда исто ко штосот со двете кафиња.
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
267
Поени од реакции
1.750
Le Cercle Rouge (1970)

Супер ми беше филмот, иако малку спор на моменти, сметам дека немаше непотребни кадри.
Извонредна глума од страна на Кори и Вогел, посебно ми се допадна што во текот на целиот филм се онака ладни, не покажуваат никакви емоции, се е под контрола, иако завршија неславно.

Дијалози скоро и да нема, што ми претставуваше малку проблем додека проверував преводот дали одговара, и ѕирнав доста од кадрите предвреме.
Кинематографијата за тоа време одлична.

Крими драма за грабеж на голема количина скапоцен накит од страна на тројцата протагонисти. Иако грабежот се случува некаде во второта половина на филмот, приказната што му претходеше, односно како по некоја чудна случајност се сретнуваат Кори и Вогел, а подоцна и го убацуваат и Џенсен во нивните планови ми беше многу покул.

Омилена сцена ми беше бекството на Вогел.
Инспекторот Матеи, интересен и итар лик. Доста паметен, стрплив и снаодлив, за разлика како обично ни се прикажани полицајците во ваквите филмови, освежување.
И не очекував дека ќе заврши трагично.

Се изнасмејав на почетокот на филмот кога влегуваат во возот:
Corona presente :pos:
Добар предлог 9/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Црвениот круг (1970)

Криминална драма за грабежот на продавница за луксузен накит. Иако центарот на филмот е токму оваа „нема“ сцена на грабежот, долга и полна со неизвесност, сепак филмот не завршува тука како најголемиот број филмови на тема планирани грабежи. Ги следиме ликовите и понатаму се до нивната трагична судбина.

Филмот е во препознатливиот стил на Мелвил: дијалог само колку што е неопходно, самоуверени и достоинствени ликови и чиста филмска форма. Повторно гледаме игра на мачка и глушец во постојани обиди на надитрување.

Морам да признаам дека очекував жената да биде многу позастапена како лик и таа всушност да биде причината за конфликтот. Но режисерот иако на почетокот ни ја покажа нејзината врска со главниот лик, потоа комплетно ја занемари и повторно отстапи од уште едно клише.

Едно севкупно заокружено дело, каде има и филм и ликови и приказна и неизвесност и пресврт. За разлика од многуте следбеници на овој автор кои успеваат да постигнат само еден или два аспекта, како што видовме во претходниот предлог.

8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
Le Cercle Rouge

Јас го гледав филмов уште во понеделникот, ама некако подзаборавив да напишам збор-два. Кога бев мал, кога ќе начекав некој француски филм на телевизија, обавезно сите ми беа исти: без дијалог, само се редат слики, и досадно ми е. Затоа имав впечаток дека сите француски филмови се исти - досадни. Подоцна сфатив дека француската филмска школа е таква, дека Французите раскажуваат преку сликите, и дека тоа не мора по дифолт да е досадно. Ама, морам да бидам искрен, овде по малце ми беше досадно. Недостатокот на дијалог тука за мене направи само да мислам дека филмот беше непотребно предолг. Барем пола саат да скрателе, за мене ќе беше таман, Само, да не бидам погрешно сфатен: не, сцената со грабежот беше полна со некој набој и таму не недостасуваа реплики. Таа сцена совршено фунционира така. Недостатокот на дијалог е за целиот остаток од филмот. Дополнително, ми фалеше малку и музика. Сѐ останато си беше на место. Она што особено ми остави впечаток се ликовите: извајани мајсторски, многу ме потсетуваа на ликови од некој нем филм. Приказната исто: полна со неизвесности. Да беше само малку помалку неинтересна и да немаше такви неизвесности, најискрено ќе заспиев гледајќи го. Тука приказната го надоместува недостатокот на дијалог. Јас од Мелвил, мислам дека имам само 1 филм гледано до сега, и најискрено, не можам да споредам и да го дефинирам неговиот стил, но по ова, сметам дека е мајстор, зашто оди на една тенка линија помеѓу некој филмски ларпурлартизам и комерцијала (малку неблагодарно овој збор овде, но не знаев како на друг начин да ја опишам инволвираноста на гледачот), а не забегува ни /во една, ни во друга насока. Реков, малку ми фалеше дијалог и музика. Остатокот: топ! Солидна 7/10 од мене.

Ќе се обидеме да го добиеме @Saladin , овојпат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom