Не знам дали е овде место да прашам. Како функционира таа апликација Стопкорона? Како, ако некој се пријави позитивен, ги следи другите со кои имал контакти? Како воопшто функционира, дали има добро објаснето негде за да може воопшто денес да препорачува а утре можда да наложи? Како и кој ќе провери дали некој инсталирал на приватен телефон? Без налог? Блутут, зграда???...овде имам уште дузина прашања
И за пазарење и групирање.
Како ќе се определи еден член од семејство за пазарење. Ќе се дава излезница/дозвола или се мисли да не паазарат на исто место истовремено 2 лица од семејство?
Која е разликата на ова сега -кривична одговорност и дали и како ќе се забрани на исто место да се групираат 3-5 души членови на потесно семејство (родители и деца).
И во врска со т.н. заштитна опрема. Ако Сзо одамна не препорачува носење маски, ако како што се сеќавам и самите збореа дека маските не се функционални на отворено и ког сме сами, зашто сега ќе се казнува за неносење маски (сега засега во овие неколку градови)?
Овие се некои прашања кои ме мачат