Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

  • Креатор на темата Креатор на темата Sephiroth
  • Време на започнување Време на започнување
Друже незнам колу ќе пстигнеш 3д графика со таа конфигурација инаку од искуство имам rx580 ама nvidia се подобри .
 
Искуство од некој што работи 3Д, каква графичка е прифатлива за работа а да не е 300+ евра? Нешто околу 200-250? Дали е паметно да се земе докажаната RX 580, има за околу 11К со 8GB RAM... или пак од поновиве NVidia како 1650, 1660, со 4 или 6 GB RAM како и SUPER верзиите од истите? Која би била онака best buy опција што ќе брка работа, а да не се фрлат многу пари? Инаку за CPU веќе зедов Ryzen 7 2700X.

Nvidia GeForce GTX 1060-6GB 250€
?
 
Не е ли малце стара 1060? Од 2016-та е. Колку во иднина би била поддржана со драјвери? Ако ја споредам со 1660, оваа е за нијанса подобра, а понова. Цените се тука некаде.

Друже незнам колу ќе пстигнеш 3д графика со таа конфигурација инаку од искуство имам rx580 ама nvidia се подобри .
Сериозен си со прашањето? 8 јадрен Ryzen ти е слаб процесор?
 
Не е ли малце стара 1060? Од 2016-та е. Колку во иднина би била поддржана со драјвери? Ако ја споредам со 1660, оваа е за нијанса подобра, а понова. Цените се тука некаде.

Точно, подобри перформанси покажува споредбено со 1060ката, годината на производство исто така е на страна на 1660, но според мене и висината на цената е на истата страна.
Можеби јас направив некаква грешка, но мислам дека 1660 6GB кошта 340€... :/
 
Не бе какви 340 еур. Има во Анхоч, Гигабајт за 250 eur. За 500 ден фазла се наоѓа и super верзијата.
 
Не бе какви 340 еур. Има во Анхоч, Гигабајт за 250 eur. За 500 ден фазла се наоѓа и super верзијата.
Топ ко така.
Види провери на повеќе сајтови во секој случај. Ако си имаш лимитирано буџет (а CPU-то ти е веќе купено) ондак не би требало да имаш проблем со двоумење, земај го најпогодното и најисплатливото.
А иначе процесорот ти е камен, што се мени тиче. :kafence:
Јас од AMD би купил само процесор, графичка не, барем не се уште.
 
Препорачајте добра конфигурација / компоненти до кај 36000-40000 денари.

Гледам од постовите погоре, 1050 гтх и 1060гтх се стари веќе 4 години, сакам нешто поново што ќе можам да го терам здравје 4+ години.

Што е разликата меѓу супер верзија и обична?

Кој процесор е подобар? Дали да се стремам кон поголемо бројче i7 или i9 или да се бара подобар i5?

Благодарам,
 
1587156916516.png

Какви црни поголеми бројчиња i7, i9, каков црн подобар i5, тебе буџетот ти е кнап i7 ќе глеал он.
Еве ти најевтина варијанта само рамот треба да ти е 2x8 ама немаат асален на залиха.

И не кажа најважното, за што ќе го користиш

Иначе ако е строго гејминг можеш да идеш и со Рајзен 2600 ако најдеш а да уложиш остало у боља графичка
 
Како што ти кажа @Anon, битно е за што примарно ќе го користиш пц-то. И јас сум во фаза на купување компоненти и првично размислував за тој истиот буџет што го кажуваш ама како читав и гледав ривјуа изминативе месеци, ќе треба да го растегнам буџетот изгледа околу 45000 за да го постигнам она што го сакам, а тоа е брз, избалансиран систем, наменет пред се за продуктивност (2Д и 3Д графика и видео), но и да сакам да поиграм нешто, да биде доволно јак иако не сум гејмер, а и да сакам посериозно да играм, немам нешто многу време за тоа. Последние 2 години, новите AMD Ryzen процесори се исклучително популарни поради јаките перформанси што ги нудат со оглед на цената што ја имаат. Дополнително, АМ4 платформата на АМД ти нуди слобода во изборот на процесори и матични плочи кои лесно и за мали пари можеш да ги надградиш во иднина ако имаш потреба (накратко, само земаш појак процесор и го користиш на истата плоча), што не е баш случај кај Интел. За графичките тоа што прашуваш, имаш основна верзија на некој модел, пример GTX 1650. Е сега, имаш понова верзија на истиот, означен како GTX 1650S односно (SUPER), кој обично е со поголем клок, повеќе процесорски јадра, поголема брзина на меморијата итн... споредено со основната верзија, за не многу голема разлика во цена. Пример груба споредба на 1650 и 1650S, дава дека SUPER верзијата е и до 40% побрза, а разликата во цена им е 2-3000 ден.
 
Прегледај го приврзокот 245379

Какви црни поголеми бројчиња i7, i9, каков црн подобар i5, тебе буџетот ти е кнап i7 ќе глеал он.
Еве ти најевтина варијанта само рамот треба да ти е 2x8 ама немаат асален на залиха.

И не кажа најважното, за што ќе го користиш

Иначе ако е строго гејминг можеш да идеш и со Рајзен 2600 ако најдеш а да уложиш остало у боља графичка
I5 9400f е истиот процесор само без интегрираната графичка а 2500 денари е поефтин.
Ако му е за гејминг баш е подобро интел да земи ради подобрата сингл кор утилизација во однос на рајзенот.
 
I5 9400f е истиот процесор само без интегрираната графичка а 2500 денари е поефтин.
Ако му е за гејминг баш е подобро интел да земи ради подобрата сингл кор утилизација во однос на рајзенот.
Ме бунат тие петардите, црвениве ставаат г кај тие со интегрирана, овие ставаат ф кај тие без интегрирана...
Во тој случај не може да заштеди така да нека тера со 9400f и може да уложи у боље ссд или боље напајање или боље куќиште или поќе хард..
 
Момци не следите процесори во последно време а? Интел го продаде кучата, со надеж дека ќе се врати за година-две. AMD ги гази во цена/перформанси на секое поле.

Ryzen 5 1600 AF се јаде со I5 9400f, а е двојно поефтин.
Друга работа е што не можеме да збориме за избалансирана конфигурација ако процесорот е поскап од графичката.

@Coca Cola ако не се брзаш, почекај 6 месеца, многу ќе се сменат работите.
 
Момци не следите процесори во последно време а?
Ryzen 5 1600 AF се јаде со I5 9400f, а е двојно поефтин.
Ајде пиле дај ми линкче едно убафко од кај нас за 4800 денари да го зеам 1600 af
1587166893754.png
 
Ајде пиле дај ми линкче едно убафко од кај нас за 4800 денари да го зеам 1600 af
Прегледај го приврзокот 245407
Пилино ти менаџер да не си во Анхоч па ја намали цената за 2500 денари? :-)
Цената на 1600AF беше 100 евра во Сетек. Тоа што луѓе се решија да земат компјутери поради тоа што им се отвори слободно време, на сетек им даде за право да покачуваат цени. Гледам и Анхоч многу слабо стојат со залихи за процесори и може ќе одлучат и они да ги качат цените. Меѓудругото затоа и му реков на членот да почека.
 
Пилино ти менаџер да не си во Анхоч па ја намали цената за 2500 денари? :)
1587191954549.png
Лол, сериозно? Цената е таа. Не само што сум менаџер во Анхоч и спуштам цени туку исто така им влагам у Сетек и им покачувам цени!
Да не го глеаше ти 9400 без f пилино?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom