Ајде во ек на пандемија, да сфатам социјално дистанцирање, ама како концепт ми е тотално несфатлив...сфаќате?

Зборот ми е, сите што викате дека пандемија или не, треба да се практикува социјално дистанцирање, што подразбирате под тоа? Тие што сте со во брак со деца, тие во долги врски и тие што сте сингл?
Социјално дистанцирање...
Да не се оди на плажа/базен?
Да не се оди во теретана/фудбалска сала/групно спортување? Спортот е особено важен за помладите(деца,тинејџери)..
Да не се оди на жива свирка/концерт?
Да не се оди на спортски настани?
Да не се патува никаде по светов? Да не се користи јавен превоз, авио компанииве да затворат?
Тие што работат во големи групи на луѓе, да се избегаваат/да не контактираат воопшто/или само од далечина?
Да не постои веќе солијализирање на луѓе, да не можеме да запознаваме нови луѓе/дечковци/девојки?
Кафани избегавам, ама да не може човек до паб да отиде на едно пиво?
Мераклии за коцкање, да се затворат казина/кладилници за навек?
Дискотеки/ноќни клубови никако одење?
Ете во маркет, автобус, банка, матичен лекар, одсекогаш сум пазел да не се буткам меѓу народ и нормално да држам каква-таква дистанца..не секогаш успешно нормално, јбг таков народ сме.
Искрено ме интересира што мислите...многу лесно се спомнува таа фраза, и знам дека поради пандемијава повеќето одговори ќе бидат негативни, седи си дума и ќути, мисли на старите итн...али мислам како човечки суштества, социјално дистанцирање едноставно не е можно, барем не до тој степен кој што се пишува тука или што се препорачува...еве живеам сам, и месец ипол освен со сестра/зет (маркет/аптека), контакт сум немал со никој, и не можам да замислам вака до крајот на годинава, или пак повеќе...невозможно.