Изгледа виркусов циркулирал подолго време во државава, а веројатно и низ Европа.
Можеби и времето на покажување на симптомите е многу подолго од две недели.
Дали паниката која се крена во последните два месеци, придонесе за поголема смртност кај заразените? Претходно не ни знаеле од што боледуваат, секако лечењето се одвива на стандарден начин, па психички многу подобро би се соочиле со болеста. Никогаш не ми паднало на памет дека би скинач конци, ако неколку дена имам висока температура. Знаеш дека ќе ти дадат лекарства и ќе се среди. Ама, во моментов да ти соопштат дека имаш корона, ќе ти се чини бетер од канцер, одма помислуваш како умираш ненадејно од распаднати бели дробови. Имунолошкиот систем опаѓа, телото полесно се предава пред предизвикот.
Има ли логика во ова?