Коронавирус (COVID-19)

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Инаку по однос на смртноста, германските научници прогнозираат дека околу 10 милиони во светот се инфицирани досега од вирусот, иако официјално регистрирани се околу 2 милиони. Што значи смртноста на светско ниво од вирусот е под 1%.
Истото го кажа и др. Даниловски пред некој ден.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Абе со 1.8м и 90kg не е страшно тогаш имаш body weight index 28kg.
Прво, мислам дека математика и медицина се две неспоиви работи. Ова не викам дека не е точно, ама е оквирно. Годините не ги земаш предвид.
Мускулната маса има поголема тежина од масното ткиво.
Коскеното ткиво кај младите е поретко и поеластично, а и полесно.

Би било добро во медицина 1+1 да е 2, ама многу, многу често не е.

Обезноста за која зборат, посебно во Америка е сериозно над 30 од овој индекс.

Инаку, мислам дека секој човек е ризичен, затоа што може да имаш идеален индекс, а на пример, сите други "околности" да ти се ризични. На пример, познавам млади луѓе што изгледаат одлично, ама имаат проблем со притисок или холестерол. Според мене, тие влегуваат во поризична група, а оваа математика вика нешто друго.

Ќе беше супер да беше едноставно, ама очигледно не е.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Не се заебавај бе секое тело е различно, има луѓе што имаат тропам 180 висина, 90 кг а имаат соврешно тело и притоа се здрави без никаков проблем, а да ги убацат податоците на странава ќе им искочи дека спаѓаат у дебели луѓе.
Мене во overweight ме извади ама па кој ми е крив шо сум само 194 цм... :popce:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
Прво, мислам дека математика и медицина се две неспоиви работи. Ова не викам дека не е точно, ама е оквирно. Годините не ги земаш предвид.
Мускулната маса има поголема тежина од масното ткиво.
Коскеното ткиво кај младите е поретко и поеластично, а и полесно.

Би било добро во медицина 1+1 да е 2, ама многу, многу често не е.

Обезноста за која зборат, посебно во Америка е сериозно над 30 од овој индекс.

Инаку, мислам дека секој човек е ризичен, затоа што може да имаш идеален индекс, а на пример, сите други "околности" да ти се ризични. На пример, познавам млади луѓе што изгледаат одлично, ама имаат проблем со притисок или холестерол. Според мене, тие влегуваат во поризична група, а оваа математика вика нешто друго.

Ќе беше супер да беше едноставно, ама очигледно не е.
Алма значи понекогаш си запек, ама ај имаш поента.
Еве друг калкулатор со дијаграми во бои, кој зема во предвид пол, раса и години.

 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.313
Поени од реакции
15.475
Прашањето ми беше дали му е детектиран вирусот од кога се ослободени од карантин, т.е. после 14-тиот ден, бидејќи сега го продолжија на 21...
Сега ми отвори друга дилема.
Ако разбрав добро бил позитивен веќе од таму, како не го одделиле уште од почеток при влез и дали се проширило на други ако знајме дека ги начукаа ко сардини по автобуси и авиони?
Кога стигнало момчето во државата одма почуствувал некои тегоби, а ионака ќе одел во карантин. значи заразен е уште на крузерот, па некако се довлечкал во Македонија. “0-тина години има, па би требало полесно да ја преброди кризата
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.125
Поени од реакции
19.526
:unsure: ко да го слушнав Пендаровски да рече дека плус месец дена ќе трае карантинот, значи до 18 и плус еден месец или,не го разбрав убо оти во полусон бев кога зборуваше на тв
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.635
Поени од реакции
11.706
Инаку по однос на смртноста, германските научници прогнозираат дека околу 10 милиони во светот се инфицирани досега од вирусот, иако официјално регистрирани се околу 2 милиони. Што значи смртноста на светско ниво од вирусот е под 1%.
ако гледаш така и сите смртни случаеви не се пишани така да пак неможе да се каже со сигурност дека е под 1%
што значи се е шпекулирање


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.452
Поени од реакции
7.742
Па јас мислам процентот на смртноста е точен со оглед ако се земе дека имаме бројка од 2 милиони заболени кои се евидентирани, статистички не би требало да има утка. Сепак тоа е огромна бројка ако го земеме фактот дека 1000 испитаници се добар показател за скоро сите статистики.

Ете не се сите заболени пријавени ама исто така и не се сите мртви запишани како корона.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.069
Поени од реакции
74.743
Изгледа виркусов циркулирал подолго време во државава, а веројатно и низ Европа.
Можеби и времето на покажување на симптомите е многу подолго од две недели.
Дали паниката која се крена во последните два месеци, придонесе за поголема смртност кај заразените? Претходно не ни знаеле од што боледуваат, секако лечењето се одвива на стандарден начин, па психички многу подобро би се соочиле со болеста. Никогаш не ми паднало на памет дека би скинач конци, ако неколку дена имам висока температура. Знаеш дека ќе ти дадат лекарства и ќе се среди. Ама, во моментов да ти соопштат дека имаш корона, ќе ти се чини бетер од канцер, одма помислуваш како умираш ненадејно од распаднати бели дробови. Имунолошкиот систем опаѓа, телото полесно се предава пред предизвикот.
Има ли логика во ова? :D
 
Член од
24 јули 2018
Мислења
57
Поени од реакции
235
Има слика низ ФБ од инспекторот од Велес заедно со комшија како се сликаат селфи со цигарчиња во уста без заштита опрема до медицинските лица што ги вадат починатите мајка и син. Денеска објавија дека инспекторот е позитивен на Коронавирус, а дечкото што слика, секој ден ги шета децата низ град и се поздравува со сите.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.685
Поени од реакции
8.321
Алма значи понекогаш си запек, ама ај имаш поента.
Еве друг калкулатор со дијаграми во бои, кој зема во предвид пол, раса и години.

Е тако ти волим, тука сум само Contrary to the WHO classification of "obese", we hold the statement that you are only "overweight".
На она првото имав 31 +
Значи стварно нема врска, едно е на 30, а сосема друго на 60 години! И јас на 30 тежев 72 кила :D
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.635
Поени од реакции
7.766

Europe
Total CasesNew CasesTotal DeathsNew DeathsTotal RecoveredActive CasesSerious, Critical
13-04-20​
907,386​
26,276​
79,989​
3,221​
231,946
595,451
29,807​
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.497
Поени од реакции
10.125
Изгледа виркусов циркулирал подолго време во државава, а веројатно и низ Европа.
Можеби и времето на покажување на симптомите е многу подолго од две недели.
Дали паниката која се крена во последните два месеци, придонесе за поголема смртност кај заразените? Претходно не ни знаеле од што боледуваат, секако лечењето се одвива на стандарден начин, па психички многу подобро би се соочиле со болеста. Никогаш не ми паднало на памет дека би скинач конци, ако неколку дена имам висока температура. Знаеш дека ќе ти дадат лекарства и ќе се среди. Ама, во моментов да ти соопштат дека имаш корона, ќе ти се чини бетер од канцер, одма помислуваш како умираш ненадејно од распаднати бели дробови. Имунолошкиот систем опаѓа, телото полесно се предава пред предизвикот.
Има ли логика во ова? :D
ima i toa kako. placebo efektot se koristi mnogu cesto vo medicinata.
ima mnogu dokumentirani slucai kako pozitiven mentalen stav pomaga vo
mnogu posmrtonosni bolesti od ovaa.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.685
Поени од реакции
8.321
Изгледа виркусов циркулирал подолго време во државава, а веројатно и низ Европа.
Можеби и времето на покажување на симптомите е многу подолго од две недели.
Дали паниката која се крена во последните два месеци, придонесе за поголема смртност кај заразените? Претходно не ни знаеле од што боледуваат, секако лечењето се одвива на стандарден начин, па психички многу подобро би се соочиле со болеста. Никогаш не ми паднало на памет дека би скинач конци, ако неколку дена имам висока температура. Знаеш дека ќе ти дадат лекарства и ќе се среди. Ама, во моментов да ти соопштат дека имаш корона, ќе ти се чини бетер од канцер, одма помислуваш како умираш ненадејно од распаднати бели дробови. Имунолошкиот систем опаѓа, телото полесно се предава пред предизвикот.
Има ли логика во ова? :D
Има бе паничар, како нема!
Јас порано го раскажав случајот на амерички војник, во база во Аустрелија(може и не баш таму)! Им кажале дека особено се опасни некои змии и дека симптоми после каснување се висока температура, треска и пена од устата. Излегле една вечер скришно во град и исто така се вратиле, на поминување низ ограда еден го каснало нешто. Погледале две точки, јасна работа змија го каснала и за 10-15 минути човекот добил треска, температура и фатил пена да исфрла од уста! За да не направи беља змијата пак, старешината пратил група да го пребараат местото, за 10 мин се враќаат со парче жица и дел од панталоните на дибекот :D
Кога му кажале дека уствари се боцнал на бодликава жица му исчезнале симптомите!
А да не го откриле брзо сето тоа? Ќе си умрел човекот од сугестија.
Така да плацебо е Ок ама и сугестија знае да с**бе некој кој си прави многу филмови;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom