Си се помачил али овие податоци се јавни ги имате на Yahoo Finance, Invesing, Wall Street Journal.
Очекувам Blizzard да им нурне троа подлабоко у тоа финансиските извештаи да каже да не има нешто скриено што не се гледа со наши очи
Како и да е те лајкнав за трудот пошто има луѓе и тоа им е тешко да отворат да видат бројки на нет а сакаат да инвестираат пари на берза (кафекуварките на Blizzard)
BNP е солидна банка. Одлични фундаменти ( скоро и неверојатни, п/б, п/е...), што би кажале, зицерашки ако сакаш да одиграш, нема простор за утка. Солиден ЕПС на годишно ниво кој се движи околу 6 еур по акција секоја година, иако се предвидува дека ке има намалување во 2020 на околу 5 еур. Некои предвидуваат намалување и до 3 еур но тоа се оние најпесимистички варијанти. Како и да е, ако ти е за долгорочно стабилно инвестирање и некој поврат од 10% годишно како денда ( минус 28% данок во Франција ) и можност за некои х2 во капитална добивка и тоа све ти е доволно, е сосема ок. Иако мислам дека веќе одлучија да почекаат оваа година со денда по насоки на ЕЦБ. Проблем за некои инвеститори е што компанијата нема простор за голем раст во иднина ( околу 2% годишно ), за разлика од цел пазар во Франција која е на предвидени 12% раст. Така да, ако очекуваш х5 или х10 раст за 2-3 години, нема да ги добиеш од БНП сигурно
Голем долг има банката, debt to equity е над 500% ( 575 милијарди долг ), NLPот е на околу 3,5% што е прилично високо за ЕУ стандарди.
Добро е што скоро ист дел се паблик и институции во сопственост, по 44% па има многу простор за игра.
Проблем по мене се ниските РОА ( 0,4%, јас гледам банки со над 1% роа ), РОЕ од испод 8% а оптимално е над 10%, а и кај секоја банка од ЕУ зона, ниска профитна маргина, ниска оперативна маргина, практично иам банки со дупло поголема профитна и оперативна маргина...кои раснат по 20-30% годишно за разлика од 2те посто на БНП.
Оперативен кеш флоу е -50 миљарди што сугерира дека банката многу кредитира, но ова може да биде меч со две острици во ситууацијата со корона.
Една од компаниите што и јас планирам да инвестирам во нив, како дел од "зицерашко", неризично портфолио, да капе денда годишно како сигурица. Па, кога би бил сигурен дека дендата ке е над 10 па и 12% како што е случајов на оваа цена, би се натанкал и не би мислел више на берза
Ама не е тоа интересно, сеуште сме млади за такви инвестиции со поголем дел од портфолио, нели?
пс. По мене ке има уште еден дип каде што ке може да се влезе пониско, но ке треба да сме трпеливи и да почекаме....ке излезат резултати од Q1, Q2...па тогаш ваљда. Иако најниско што беше е 24.5 еур, а сега е накај 27, штио значи дека само 10% има скокнато, за разлика од другите кои веке скокнаа за 25-30%. Ако има уште еден дип ова може да иде и под 20 еур