Ајде малце наука.
Неколку научници направија генетска мапа на вирусот, со користење на методи кои досега во главно ги користеа за мапирање на човечкиот генетски развој и миграција.
Да не се правам фраер, некој работи ме бунат кај мапава, до ниво што ми се засилува теоријата дека вирусов е вештачки создаден. Затоа еве го оригиналиот научен текст. Ако некој разбира подобро нека објасни.
This is a phylogenetic network of SARS-CoV-2 genomes sampled from across the world. These genomes are closely related and under evolutionary selection in their human hosts, sometimes with parallel evolution events, that is, the same virus mutation emerges in two different human hosts. This makes...
www.pnas.org
Прегледај го приврзокот 244462
Инаку има повеќе од 17 мутации за вирусот од лилјак да се префрли кај човек со ознака А. Можат да се приметат како рецки на линијата од BAT до A.
А е тип кој најмногу се шири кај американци кои живееле во Вухан, и потоа го пренесле во САД и Австралија?!?
Од А со две мутации се создава B кој е најраспространет во Кина и Југоисточна Азија и тој ги прави најголемиот број на заболувања и жртви во Вухан. Од B со една мутација се создава C, тоа е преносот од Вухан во Германија, во фабриката Вебасто и потоа тој е вирусот кој што се пренесува во Италија. C е тој што го прави сиот овој хаос во Европа.
Додека B релативно слабо мутира во Азија, кога оди во другиве делови од светот како што може да се види од мапата, значително брзо мутира. Во Канада, во Бразил, во Мексико итн.