Од прва рака за дојдените од странство: летот го плаќаат сами, ги носат во хотел директно, некаде по еден во соба, некаде по двајца. 14 дена таму државата плаќа на хотелите што се пријавија (600 денари полн пансион по ден по човек) за спиење и три оброка (тарана, гравче, качамак, не е битно, важно не се гладни).
На14т-от ден, ги прегледуваат за корона, ако имаат симптоми им земаат брис, ако немаат ги пуштаат.
Може да си одат само во присуство само со некој што ќе дојде да потпише во нивно име дека ги носи дома во самоизолацијаво наредни 14 дена. Кој нема некого за да го земе, секој нареден ден му го наплаќаат во хотелот по 60 евра додека не дојде некој да го земе.
Кој прави проблем, на влегување во земјава или во хотелот со паника, врескање - директ во Бардовци, да се смири под седативи.
Дека им е весело, не им е, ама за многумина ова е чаре од плаќање киријаво странство, а останати без работа се.