Зависи колку долгорочно. Ако мислиш на долгорочно од 2-3 години, да, добар влез во нафта е на оваа цена од 24 долари за барел. Може да имас накад 100% заработка некаде во наредни 3 години.
А дека цената уште ке паѓа тоа е можеби и 80-90% веројатно, еве појди од самиот себе, кога последен пат стави гориво во колата? Јас можда пред 1 месец ставив 2.000 денари и не сум ни 1/4 потрошил, а сигурно нема да ја потрошам во април. Сигурно има многу како мене, потрошувачката на гориво во цел свет е падната за можда 60-70% груба проценка, можда и повеке. А и ке има уште месеци во локдаун што значи дека уште производство а скоро никаква потрошувачка. Зборам потрошувачка, а не количина на продадена нафта која се трупа по танкери кои ги изнајмуваат ( пази бизнис кој е многу актуелен во моменетот - изнајмува танкер го полни со нафта, плаќа кирија и чека нафтата да скокне, да ја продаде и да го ослободи танкерот ). Сите танкаат и полнат резерви, имаше изјава и од Трамп да се надополнат државни резерви со нафта и го послушаа и којзнае кога ке заврши све ова, пак ке има голема количина на нафта натрупана што нема да дозволи цената да скокне многу и покрај нормалната потрошувачка.
Моја прогноза дека цената ке иде под 20 долари во следен период краткорочно, можда ке допре и 15ка. Целава игранка со нафта е натпревар во издржливост, маратон, кој ке издржи а кој ке пропадне. Први на удар се америчките производители од шкрилци кои имаат најголема производствена цена и веке почнаа да паѓаат. Во најповолна положба се арапите, секако со најниска производна цена и они можат најдолго да издржат, иако и они губат пари, ама ке фатат на кондиција
Луда производствена цена имале, според некои и 7 долари за барел. Ништо чудно, ако видиме колку кеш направија само од нафта. Европските и американските производители биле на околу 25-30 долари за барел и они веке се у минус ( Ексон, Шел и др. ). Русите не се знае точно но се претпоставува дека се на 20-25. Ништо чудно е и да се договорени со арапите и да делат загуба, само да ја срушат конкуренцијата со шкрилци и потоа пак да си ја дигнат цената на пристојно за нив ниво.
Ако мислиш да влегуваш во нафта, почекај, мој совет, а ти како мислиш - така, твои пари се.
Сектори кои се во пораст и сигурни дека нема да паднат - најбитното - храна, пијалоци, па тука ги ставаме и алкохол и тутун, марихуана, здравство...па и Компјутери, гејминг, ТВ, интернет...покер, порно сајтови..
Нвидиа иако прескапа може да има голем раст, АМД исто...ке се копаат крипто валути нема да застане тој бизнис.
Моја препорака, чисто дел од портфолио да ви е во биткоин, многу работи можат да се случат таму во следните 30 дена. 5-10% од портфолио во биткоин и крипто валути. И не, не е доцна да се влезе на 7.300 колку што е сега.