Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Знааеш каков хаос е по маркетите во моментов ? Три пати се мислев дали воопшто да влегувам, тие што одат на работа само тој саат-ипол им е опција да купат нешто. Не гледам кој е проблемот ако ми текнало со велосипед во 5-6 да земам да извртам некој километар, вака тие што се на работа ќе немаат никаква шанса за такво нешто а останатите пак ќе одат во тој распон од 1 до 3 и неминовни се контакти некакви што секако е минус. Ситуација може да трае со недели па и месеци рачунај каков ефект ќе има врз луѓето, мене ми се чини на владава полесно и е да измислува/копира вакви мерки од некои други држави како Србија наместо реално да се бори против оние што прават штета како Цаци, стоматолози/фризери што работата во ваква ситуација. Кондратенко фемили што лажат итн
Од 5 до 16 има доста часови за да се заврши било што. Дали лично дали преку член од фамилија ќе се завршите работа и ќе си пазарувате. Работното време сигурно ќе биде скратено, за да има време да се вратат дома.
Точак немало да возат, немало да трчаат, бреј големо право е ускратено.
 
Работи ли кинин + сумамед?

Време беше за ваква мерка. Конечно карантин.
 
Берберот од Кочани е починатото лице.
41 година, непушач, тотално здрав претходно. Пред 4 дена примен на инфективна со партал бели дробови.

Сигурно од друго умрел, ама сите ги ставаат за корона!!!
 
Жими се најубаво е сега да си по селата, ем нема многу луѓе, ем во куќа ќе си и дворче, полиција ретко поминува по селата со малку жители, природа, убавини. Посебно оние што се во Западна Македонија, сега таму е милина.

Скроз си во право, јас утре нарачувам цемент/песок да ми испорачаат и одам на село наредниве денови..
И така имам за средување огради, куќата поправки нешто, бавча секогаш тука, дрва сечење/цепење еден куп итн 1500м2 двор ќе има занимација
 
Знааеш каков хаос е по маркетите во моментов ? Три пати се мислев дали воопшто да влегувам, тие што одат на работа само тој саат-ипол им е опција да купат нешто. Не гледам кој е проблемот ако ми текнало со велосипед во 5-6 да земам да извртам некој километар, вака тие што се на работа ќе немаат никаква шанса за такво нешто а останатите пак ќе одат во тој распон од 1 до 3 и неминовни се контакти некакви што секако е минус. Ситуација може да трае со недели па и месеци рачунај каков ефект ќе има врз луѓето, мене ми се чини на владава полесно и е да измислува/копира вакви мерки од некои други држави како Србија наместо реално да се бори против оние што прават штета како Цаци, стоматолози/фризери што работата во ваква ситуација. Кондратенко фемили што лажат итн
Ако ти отидеш сам со точак околу населба, најмалку 10 од истата населба ќе се соберат во чопор и ќе дремат на стазана со муабетења. Седум години трчам, напамет знам да ти ги кажам групите луѓе на стаза и во парк. Дали 10% трчаат или возат точак сами, само да сметаат :D

Ве разбирам вас дека сте примерни и ете не доаѓате во контакт со никого, ни јас не го правам тоа кога ќе излезам до продавница ама на секој разбран има како што кажав 10 неразбрани како фризерон со маржа и корона намештаљки.

Филипче и полицијава да не треба и по домови да тропаат? Тие комшиите негови што не го пријавиле на бројот дека прима „странци“ и плус дека не пријавува приход? Сами сме си виновни.

Не си свесен мене колку ми фали сега да отидам да истрчам и да се вратам дома ама нема, си трпам. Колку побрзо заврши ова толку подобро за сите. Скопје не може да биде ставено во изолација како Дебар.
 
Јас бев против вонредна состојба, не заради нешто друго, туку затоа што сметам дека нашава Влада нема капацитет и ќе направат глупости со нивната неограничена моќ.

Инаку реално, нашиов народ не разбира ништо друго освен стап, и за жал ќе треба се построги мерки.

@pixa цело време заговараш дека ќе нема пари, економија ќе трпи, ама еве овај берберов од Кочани, стрижел 200 луѓе за 20 еур, наплатил 4000 еур и сега џабе му се, можат само поубав споменик да му направат.
Прво економија што ке трпи ке трпи и веќе трпи незнам на кого не му е јасно, па јас кој сам на себе сум си работодавач платата ја намалив на минималец, друго кај виде ти дека нешто јас на сав глас заговарам, друго од каде ти е информација дека шишк за 20 евра и третто од тие како тебе што прават паника и хистерија е повеќе народот во проблем од колку некој што се однесува рационално и смирено.
 
П.С. Ќе испадне правам реклама ама купувајте си онлајн од paket.mk, точни се и навремени и во ова доба на хаос. Нема потреба да се мешате низ маркети. Нивниот сопственик уште лани имаше капацитети да опслужува голем дел од населението
 
Катастрофални одлуки. Добри беа мерките, вакви какви што се. Нити имаше собири, нити гужви големи. Од тоа што вртеше како страшна работа, беа само луѓето на кеј, кои реално или беа во групи од 2-3 луѓе или поединци кои спортуваа. На отворено не се шири вирусот толку лесно. Затварањето дома е катастрофално за имунитетот. Плус секојдневните нервози кои се ствараат поради медиумиве, а додатно на тоа и сега со затворањето на луѓето ко животни. Постарите лица пак ќе останат најзагрозени, нив најлесно со ова ќе им се уништи имунитетот. Кога ќе заврши се ова, вака ко сега што бројат заболени и умрени и само тоа се врти по медиуми, треба да ги бројат и влошените здравствени состојби на луѓето и смртните случаи поради срозаниот имунитет на луѓето, пед се постарите од 60 години, кога од посилни настинки ќе ни умираат. Многу повеќе жртви ќе има тогаш него од вирусов. И да, смртните случаи кои беа одбивани за преглед, а посмртно беа тестирани позитивни, нека си ги препишат ко нивна грешка, лекарска негрижа, а не да се вадат на вирусот.
 
Ова мора да е следната мерка, ограничување на религиите и забранување на сите верски збиднувања. Само дали имаат муда да донесат вакво нешто, пепел ќе се деси за Велигден низ црквиве.

Па за викенд има забрана , а за две недели е Велигден.
 
Прво економија што ке трпи ке трпи и веќе трпи незнам на кого не му е јасно, па јас кој сам на себе сум си работодавач платата ја намалив на минималец, друго кај виде ти дека нешто јас на сав глас заговарам, друго од каде ти е информација дека шишк за 20 евра и третто од тие како тебе што прават паника и хистерија е повеќе народот во проблем од колку некој што се однесува рационално и смирено.
Луѓево не сфаќаат дека во наредните година две ќе умрат стотици пати повеќе луѓе поради економската криза него корноата што ќе однесе, па макар ти ја пуштил да се шири без никаква контрола.
 
Последно уредено:
Ако ти отидеш сам со точак околу населба, најмалку 10 од истата населба ќе се соберат во чопор и ќе дремат на стазана со муабетења. Седум години трчам, напамет знам да ти ги кажам групите луѓе на стаза и во парк. Дали 10% трчаат или возат точак сами, само да сметаат :D

Ве разбирам вас дека сте примерни и ете не доаѓате во контакт со никого, ни јас не го правам тоа кога ќе излезам до продавница ама на секој разбран има како што кажав 10 неразбрани како фризерон со маржа и корона намештаљки.

Филипче и полицијава да не треба и по домови да тропаат? Тие комшиите негови што не го пријавиле на бројот дека прима „странци“ и плус дека не пријавува приход? Сами сме си виновни.

Не си свесен мене колку ми фали сега да отидам да истрчам и да се вратам дома ама нема, си трпам. Колку побрзо заврши ова толку подобро за сите. Скопје не може да биде ставено во изолација како Дебар.

Епа тоа ми е поентата, трчаш во група, седиш во група на улица/кеј ? Полицијата нека си лупа казни и нека ги научи на памет ако немаат а не и ние примерните да трпиме поради нив. Јас и инаку пред коронава 70% од возењава на велосипед ми се сам, оти ме мрзи да се договарам кога на кој му одговарало..
 
Луѓево не сфаќаат дека во наредните година две ќе умрат стотици пати повеќе луѓе него корноата што ќе однесе, па макар ти ја пуштил да се шири без никаква контрола.
Неможеш да им објасниш, неможеш ни да ги натераш да вклучат мозок и критички да размислуваат, важно ги е само што ке исерат на телевизија и панично да купуваат маски, ракавици, брашно и останати глупости што им се непотребни.
 
Za vreme na policiski cas vo zgradava se sobrale komsovki izvadile masi stolici kafe sema teraat, sto pravime so vakvi budali?

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
MPC-Bigorski

 
Ако ти отидеш сам со точак околу населба, најмалку 10 од истата населба ќе се соберат во чопор и ќе дремат на стазана со муабетења. Седум години трчам, напамет знам да ти ги кажам групите луѓе на стаза и во парк. Дали 10% трчаат или возат точак сами, само да сметаат :D

Ве разбирам вас дека сте примерни и ете не доаѓате во контакт со никого, ни јас не го правам тоа кога ќе излезам до продавница ама на секој разбран има како што кажав 10 неразбрани како фризерон со маржа и корона намештаљки.

Филипче и полицијава да не треба и по домови да тропаат? Тие комшиите негови што не го пријавиле на бројот дека прима „странци“ и плус дека не пријавува приход? Сами сме си виновни.

Не си свесен мене колку ми фали сега да отидам да истрчам и да се вратам дома ама нема, си трпам. Колку побрзо заврши ова толку подобро за сите. Скопје не може да биде ставено во изолација како Дебар.
Јас не одам најмногу заради тоа, ама џабе.
На кеј е хаос. Во парк не сум бил, ама сигурно е слично.

За оваа стока, напалм само.
Мерките се согласувам дека не чинат, ама потребата од мерките ја создаваат неодговорните. Да се знаеше за држење растојание, почитување на самоизолација никогаш немаше да бидат уведени меркиве.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom