Коронавирус (COVID-19)

Член од
20 септември 2017
Мислења
920
Поени од реакции
1.347
А да забранат влез и излез од секој град освен за итни случаи и достава на роба со строга контрола? И секој град каде што нема и нема да има позитивен случај 2-3 недели да се олабави со мерките и понормално да функционира?
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
Што ви е бе на Форца Милан и останативе членови? Арни сте со паметот?
Жената кажува дека татко е починал а претходно кажуваше дека се молеле 3-4 дена со здравствово за да му помогнат.
Да не треба да ги бранеме Филипче и здравствово за тие 3-4 дена калакурница поради тоа што самата или брат је го заразиле таткото? Што докажувате не разбирам? Или да се бранат само по секоја цена?
Факт е дека не се постапува навремено. Џабе се докторите на ниво кога че те примат, ако каснат 3-4 дена со примање и тестирања. Знаеш колку напреднал вирусот во тие 3 дена? Од каде знаеш дека ако го примеле навремено немаше да се спаси?
Само кај нас го има ова. Умира некој 31 год, хехе дебел бил. Умира некоја од Струга поради глупавите докторки што не постапиле навремено, хехе секако умирала таа болна била и претходно... ама оваа татко е го заразила нека не се прави поштена.
Срам да ви е!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
E da, snaata... Ama snaata ima maz koj sto nea i e neli brat (kogo ete slucajno nikade ne go spomnuva).
Inaku toj e zabar, koj spored negovi kazuvanja imal turbo rabota periodov dodeka ne ja zatvoril ordinacijata na 25.03.
ПЗУ Д-Р МИЛАН

Da ne ispadne na kraj rabotava kako so berberot od Kocani.
Тој што добил мозочен удар и на твитер пишува ќерката? Нели двајца се од Тетово затоа.

Со ова можно е да се заразени еден куп пациенти.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Денеска времево у Скопје е прекрасно. Работам со скратено работно време и искористив пешки да отидам и се вратам од работа.

Калакурница.
Луѓе по продавници, клупи, паркови...
Сфаќам дека не има луѓе што држиме дистанца, внимаваме, не се собираме, ама дај конечно разберете дека живеете во ретардирана средина, меѓу малоумници. Шо да ви праам? Тие ви гласаат. Тие ве водат у пропаст, у срање.
И мене не ми се свиѓа рестрикцијава, ама се однесува на најнеодговорните.

Да не бидеме ко смрдлињана шо мислеа дека со хелихоптер директно у спа-центар у Мериот ќе однесат штом стигнат од гаражата шо ја рентаат у Италија (за спиење). Малку да сме подостоинствени у поразот.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
А да забранат влез и излез од секој град освен за итни случаи и достава на роба со строга контрола? И секој град каде што нема и нема да има позитивен случај 2-3 недели да се олабави со мерките и понормално да функционира?
Хрвтска го има ова. Не смееше освен со пропусница да излезеш од твојата општина. Бројот на новозаразени е во постојан пат веќе 5-6 дена по ред и имаат најмала смртност во целиот регион. Додуше таму е полесно бидејќи секои 3-4 села се една општина и многу е лесно да направиш мини зони на карантин за разлика од кај нас каде што општините ни се огромни, ама сепак е изводливо.
 
B

Beginner

Гостин
Тоа е друго прашање.

Значи у целава ситуација со мерките за ограничување на движење има два ОГРОМНИ проблеми:
1. Самосвест на луѓето.
2. Примена и контрола од страна на државните органи.
Па тоа јас го зборам дека и 2та проблема овде се застапени. Ама ајде може од среда државните органи стварно ќе прават контрола колку луѓе се собираат и на кои места. Би требало и полесно да им е сега на полоцијата барем 2часа да одржат да не се собираат луѓе во групи. Бидејки до сега тоа никако ме го спроведиа овде.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Што ви е бе на Форца Милан и останативе членови? Арни сте со паметот?
Жената кажува дека татко е починал а претходно кажуваше дека се молеле 3-4 дена со здравствово за да му помогнат.
Да не треба да ги бранеме Филипче и здравствово за тие 3-4 дена калакурница поради тоа што самата или брат је го заразиле таткото? Што докажувате не разбирам? Или да се бранат само по секоја цена?
Факт е дека не се постапува навремено. Џабе се докторите на ниво кога че те примат, ако каснат 3-4 дена со примање и тестирања. Знаеш колку напреднал вирусот во тие 3 дена? Од каде знаеш дека ако го примеле навремено немаше да се спаси?
Само кај нас го има ова. Умира некој 31 год, хехе дебел бил. Умира некоја од Струга поради глупавите докторки што не постапиле навремено, хехе секако умирала таа болна била и претходно... ама оваа татко е го заразила нека не се прави поштена.
Срам да ви е!
Истиот ден откако е отпуштен од една болница е префрлен во друга и му е направен тест што треба повеќе? И плус изворот на зараза во нивна фамилија е нејасен, а обвинуваат доктори. Ене сега позитивни сакаат на погреб да идат, за нив само важеле мерки.

А до 18 само од 1 до 3 па знаете што ќе прават бе младиве во тоа време Пепел е тоа не се нормални.
Ништо нема да направат. Ќе направат еден круг по улицата и дома.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351
И јас не разбирам ама пак се сведува муабетот на тоа колку пати се иде во маркет. Мене во нормално време не ми се иде по маркети па се товарам во кола еднаш месечно (освен леб, сок, пиво, зеленчук, овошје итн. нели), не па сега. Ако има нешто што ме нервира тоа е чекање редици во маркет. Кафе што пијам еднаш на 3 дена имам 3 тегли за да не се замарам.
Па тоа е најголемиот проблем, што поголемиот дел од луѓето кои мислат дека ги почитуваат мерките, не ги почитуваат уствари. Одат до маркет секој ден колку да излезат. Си продолжуваат со навиките за вечерни прошетки, и слично. Сите сме имале некакви навики, ама секој може да се прилагоди овие неколку месеци дур трае ситуацијава.
Доколку сите одат еднаш, максимум два пати неделно до маркет, нема да има гужви дури и доколку маркетите работат само по 3-4 часа дневно. Доколку некој излагал само доколку стварно има потреба, нема да му смени ништо дури и само од 5 сабајле до 12 на пладне да смее да излезе и да заврши тоа што треба. Не вклучувам одење на работа, ама за тоа секако не треба да има проблем и тие што мораат да одат надвор од дозволеното време, секако ќе може да продолжат да одат со дозвола.

За пензионерите исто, таман е ова само со два саати. Треба да излегуваат само оние кои немаат никој близок кој би можел да им однесе храна и лекови до дома.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.731
Поени од реакции
9.782
Очигледно е дека е достигнат капацитетот па мора со секоја можна мерка да се интервенира. МК има лоша статистика за смртност, посебно ако се земе в обзир фактот што веќе починаа 30- и 40-годишни луѓе. Здравството нема можности да се справи со ова.
Многу поважно од полициски час е да се воведе забрана за збирање во групи со повеќе од 2 личности. Оваа мерка беше првата што ја воведоа повеќе земји со многу повеќе жители. Секој втор стана полицаец, пола држава е во администрација - како не е можно да се воведе ред на милион ипол луѓе? Се надевам нема да е контрапродуктивна меркава и да стане паника сега па да се збираат по 1000 души во маркет.
 
Член од
16 март 2019
Мислења
3.129
Поени од реакции
4.944
Od sreda novi merki vo vrka so policiskiot cas.


 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.489
Поени од реакции
16.137
Oва со полицискиот час за викенд во Куманово беше вежба за целата држава. Гледам паника, требале во два да затворат. Овде од денеска полицискиот час почнува во 16, маркетите и аптеките работат до 15 часот. За викендов се пријавија маркети и аптеки, кои се дежурни и кои вршат достава за итни случаи и за инземоштени лица. Исто така на 192 се јавуваа луѓето кои имаат потреба да посетат постари лица или да им однесат нешто. Земјоделците имаа дозвола да одат да работат. Исто така Црвениот Крст вршеше достава, а за волонтери не знам, знам многу сакаа да волонтираат, е сега дали ги прифатиле не знам. Така да не паничите без врска.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
Треба властите и Црвен крст или кој може друг да им помогне на постарите лица кои едноставно немаат никој кој може да им донесе намирници или што друго да им треба.
Не само тоа, ако 67+ треба да одат во продавница од 10 до 12, тогаш да не се трупаат во продавница ПОМЛАДИ, тие што можат до 16ч да пазарат
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
јас сум секогаш за радикални решенија во кризна ситуација.
да се воведеа овие мерки пред две недели сега ќе олабавевме малку!
Какви и мерки да воведеш многу е битно да има совест у граганите. Мерките сами нема да се почитуват.
Лугето сами мора да са свестни,дека ако почитуват се, мерките нема да има потреба да са радикални.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
356
Поени од реакции
237
Значи имаме Фризер некој од Кочани кој што за 5 пати поголема награда за неговите услуги одел и шишал повратници од Италија во Кочани и Виница. Комшии негови викаат дека наплаќал за неговите услуги од 20 па нагоре дека земјата била равна 5г е опасно а короната е измислена прикаска, нека му е лесна земја.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.196
Поени од реакции
21.347
Ednoto se merkite drugoto kolku rigorozni ke bidat kontrolite i kaznite. Ocekuvan poteg i sleduvaat za zal denovi so rastecki brojki.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom